Добре дојдовте!

Здраво, KaterinaDespotoska, и добре дојдовте на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, погледајте ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата разговорна страница, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојдовте! --M4r51n (разговор) 13:05, 13 март 2013 (CET)Одговори

Нова статија

уреди

Добра вечер Катерина. Најпрво да ти честитам за твојата прва статија и вложениот труд. Направив мали измени во статијата Келнер, и еве да ти посочам нешто во врска со стилот на пишување. Избегнувај да користиш неформални зборови, на пример дешава→случува, кошта→чини, он→тој итн. Втора работа избегнувај да изнесуваш твои лични мислења и ставови околу темата на која пишуваш. Потоа задолжително е секоја статија да има воведен пасус, нешто како кусо резиме, колку да го заинтересираме читателот за четивото. Толку од мене. Се надевам дека ти се допадна проектов и дека ќе продолжиш со продуктивната работа. Со среќа.--Вик Ретлхед (разговор) 23:23, 26 март 2013 (CET)Одговори