Келнер[1][2] — едно од туристичките и угостителските занимања, чија работа е да служи храна и пијалaци во угостителски објекти.

Келнерка прима нарачка од гостите

Кога ќе ја добие нарачката од гостите, ја пренесува на кадарот во кујната (готвачот) или на шанкот (шанкер) и се грижи гостите да бидат послужени што побрзо и поквалитетно. Занимањето келнер вклучува и други задачи поврзани со послужување на гостите, како што се поставување маси и нивно чистење по употребата и издавање сметки и наплата на услугите.

Без разлика дали работат во ресторани кои подготвуваат оброци по нарачка, во ресторани кои нудат храна подготвена брзо или во барови (кафулиња), од келнерите се очекува да бидат љубезни, точни, брзи и комуникативни. Со оглед на тоа што келнерите се во постојан и непосреден контакт со гостите и од нив во голема мера зависи угледот на угостителскиот објект каде што работат, од нив се очекува не само да обезбедат коректна услуга, туку и да му го направат на гостинот престојот што е можно попријатен.

Токму од ова произлегуваат разликите во извршувањето на работата на келнер. Во некои угостителски објекти, тоа зависи од нивниот вид и категорија - келнерите исто така треба да извршуваат посебни задачи, како што се пречекување гости на влезот во просториите, нивно придружување до масата, држење на столицата кога седнуваат, помагање при оставање на гардеробата и советување при изборот на јадењата (специјалитет на куќата).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди