Добре дојде!

Здраво, Kalinasimjanoska, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! --Kolega2357-Bot (разговор) 13:53, 5 март 2013 (CET)Одговори

Совет уреди

Здраво Калина. Забележав дека ги користите наградите, што ми е доста драго, бидејќи ги воведовме за да можеме да си искажуваме меѓусебна почит и ценење. Меѓутоа, имам една забелешка, а тоа е дека на македонската Википедија постои строго правило дека латиницата не смее да се користи ни во разговори (за статии, секако, не станува збор). Инаку гледам дека навистина се трудите со она што го правите и секоја чест за вашата ангажираност. Постојат многу нешта што отсуствуваат на нашиот јазик вон учебниви и не се достапни за јавноста. Во многу случаи ова е прв пат во историјата ваквите сознанија да бидат јавно достапни за нашиот читател (но со тоа и мора да се запазат стандардите на јазикот, ова е енциклопедија). Затоа велам секоја чест за сите што се нафатиле. Само напред. --Б. Јанкулоски (разговор) 02:22, 13 мај 2013 (CEST)Одговори

Слики уреди

Здраво Калина. Гледам си подигнала неколку слики кои нетреба да се на оваа википедија. Истите мора да бидат избришани. За да не седат статиите без слики, те молам прочитај го тоа што му напишав на колегата Благојче (разговор со Благојче). Мислам дека ќе ти се појасни. Ако не, тука сум на располагање. Браво и продолжи понатака.--Р ашо  19:58, 17 мај 2013 (CEST)Одговори

Именување на статии уреди

Здраво Калина, само да споменам дека страницата ја преименував во Миланска катедрала бидејќи дозволуваат само строго неопходни зборови во насловот, т.е. секој друг назив треба да се спомене на почетокот на статијата - на пр. „Миланската катедрала (наречена и „дуомо“) е...“, а насловот мора да гласи само на главниот назив. Ао се појаснува, тогаш статијата се прави со заграда (на пр. Црква Свети Никола (Берлин), Црква Свети Никола (Париз) и тн. за секакви тематики) но ова не е таков случај. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 01:27, 21 мај 2013 (CEST)Одговори