Добре дојдовте!

Здраво, DD1997DD, и добре дојдовте на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, погледајте ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата разговорна страница, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојдовте!--Kiril Simeonovski (разговор) 17:31, 23 мај 2020 (CEST)Одговори

Наградени сте! уреди

  Награда за активизам
Оваа награда ја доделувам за зголемената активност во збогатувањето на Википедија на македонски јазик со квалитетни содржини во последно време. Kiril Simeonovski (разговор) 13:33, 27 јуни 2020 (CEST)Одговори
Ти благодарам @Kiril Simeonovski:, се надевам дека ќе имам доволно време за и во иднина да продолжам да придонесувам на Википедија. DD1997DD (разговор) 19:04, 30 јуни 2020 (CEST)Одговори

Кампања на меѓународно ниво за вметнување на фотографии/слики во статиите на кои им недостигаат уреди

Почитуван DD1997DD.

Сакам да ве известам за кампањата на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во википедиските статии на кои им недостигаат наречена „Статии без илустрација“ или на англиски јазик: Wikipedia Pages Wanting Photos (WPWP). Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации, кои веќе постојат на Ризницата, и да се вметнат во соодветните статии на Википедија. На Википедија на македонски јазик, организатори на оваа кампања се здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“ и „Споделено знаење“. Кампањата трае од 1 јули од 31 август 2020 година и има награден фонд од 1.000 евра (1 награда – ваучер од вредност од 12 илјади денари и 8 награди – ваучери од вредност од 6 илјади денари).

Дополнително, може да се освои и една од меѓународните награди бидејќи учесникот паралелно учествува на домашната и меѓународната кампања. Наградниот фонд на меѓународната кампања е: прва награда ваучер од 500 долари (САД); втора награда 400 долари; трета награда 300 долари. Како дополнителни награди се: награда за учесник кој поставил најголем број звучни илустрации во статии 200 долари; награда за учесник кој поставил најголем број на видео илустрации во стати 200 долари; награда за учесник кој е нов на Википедија и поставил најголем број на илустрации во статии 200 долари.

Учесникот за да влезе во кругот на добитниците треба да закачи илустрации на најмалку 100 статии.

Страница за кампањата која претставува и прирачник како се учествува.

Доколку учествувате, среќно!

Dandarmkd (разговор) 13:31, 30 јуни 2020 (CEST)Одговори