Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.
Архива 1


Здраво

После формалното добредојде, би сакал да посакам и лично добредојде! Многу ми е мило што имаме нов соработник, дури од Нов Зеланд! (одовде, тоа изгледа поприлично далеку! :)) Сега е некаков, па можам да кажам, транзиционен период на Википедија, во која после иницијалниот залет во првата година (2004), имаме мала стагнација, но се подготвуваме за поопсежна промоција и популаризација на македонската Википедија (Boyan e особено ентузијаст, очигледно :)), па оттаму ни се добредојдени секакви критики, сугестии, и коментари. Всушност, генералната дискусија во врска со ова се води на порталот на заедницата, каде што има информации за досегашниот развој на македонската Википедија во однос на другите, некои споредби и статистики, како и простор за советување кои чекори треба во иднина да ги превземеме. --FlavrSavr 13:17, 24 Јануари 2006 (UTC)

Исто така, би сакал да прашам нешто во врска со Македонците во Нов Зеланд - прочитав дека нивниот вкупен број во 2001 бил 456 [1], па ме интересираше, колку оваа бројка ја отсликува реалноста? --FlavrSavr 13:17, 24 Јануари 2006 (UTC)

Око слике Smrtta na car samuil.jpg

Надам се да ћеш ме разумети шта те питам,пошто ми македонски и није матерњи.

Занима ме порекло те слике тј. минијатуре?Њено порекло и одакле си скенирао слику(из које књиге)?

Надам се да си ме разумео. --Црни Бомбардер!!! (†) 05:56, 25 Јануари 2006 (UTC)

За минијатурите

Минијатурата која зборува за смртта Цар Самуил доаѓа од Летописот (хроника) на Манасиј (13-14 век) и се наоѓа во некоја од архивите во Македонија, а ја најдов на веб страната на 'Macеdonian Cultural and Historical Resource Center при Missisipi State University. Се разбира, тие немаат никакво право на сликата, па така и јас си дадов слобода да ја ископирам. Сигурен сум дека има доста книги на оваа тема со многу добри илустрации, но не сум сигурен дали можат да се најдат во Србија. Еве ја конкретната страна каде што се зборува за Цар Самуил: [2]. -А за книгите од тој или сличен тип можете да ја погледате веб страната на книжарницата ,,Табернакул" ([3]) каде што знам дека моментално немаат ниедна книга на таа тема, но се една од најдобрите книжарници во Македонија што вршат посебни нарачки на било која постоечка книга од земјата и странство.

bjankuloski06

Драго ми е што добивам еден така топол прием од страна на најактивните уредници на Википедија. Ветувам квалитетна соработка како и квалитетна содржина во статиите. Нажалост немам понови информации за македонците овде бидејќи пописот го вршат многу поретко одколку што би очекувал. Јас се доселив овде во 2001 година и со исклучок на две посети во Скопје, живеам овде речиси 5 години. Одтогаш, предпоставувам дека бројот на македонците се има удвоено, но не верувам дека достигнал 1000. Овде практично сите националности имаат свој клуб, кој го финансира Владата на Нов Зеаланд. Единствен клуб кој стои на листа, но е пасивен (стои само на хартија) е Македонскиот клуб. Ова се должи на фактот што пред извесен број години некои добронамерни луѓе отишле да регистрираат клуб и штом ги добиле првите пари од владата, останатите членови на македонското друштво рипнале да се расправаат за тоа кој да биде председател, кој подпретседател и најважно од се, кој да биде благајник. Така, толку се испокарале што го распуштиле клубот и истиот е до ден денес пасивен. Ова можеби се должи на фактот што бројот на вистинските интелектуалци е компаративно мал и недоволен за да формираат свој круг. Дури и да сакаат да направат нешто со здрав разум во интерес на пошироката македонска заедница, членовите со пониско ниво на наобразба или тежок карактер (кои нажалост се неопходни во недостаток на луѓе од пристоен тип) без сомнеж ќе го повторат истото. Но не би сакал да должам. Оваа хипотеза и така никогаш не може да се реализира бидејќи како и во Македонија, така и овде интелектуалните класи се стриктно поделени и не се мешаат меѓусебно од општопознати причини.


Статиите (Ролс-Ројс, Луле, итн..) се одлични (мошне веројатно и кандидати за статија на месец март, ама малку е рано за да ги предложам, мислам). Еден совет - некои од сликите не мора да се подигнуваат (upload-ираат) - тоа се сликите кои веќе се достапни на заедничката база на податоци на Commons - тие ќе се појават ако е напишано точното име на фајлот како што се вика на Commons. Можеби советов беше излишен, ама сепак да си кажам. Исто така, за потпишување во дискусии може да го користите тагот четири тилди ~~~~, односно Signature копчето на кутијата за уредување. Поздрав. --FlavrSavr 23:41, 1 Февруари 2006 (UTC)

  • Пред сé благодарам на комплиментите. Драго ми е што сметате дека моите статии се достојни за статии на месецот. Како што може да забележите, овие неколку статии ги рефлектираат некои од моите интереси и хобија. Моментално пишувам статија за еден од моите омилени сликари од 18-тиот век, Жан Батист Грез, но нажалост истата е сеуште во фаза на преведување. Бидејќи сум студент на политички студии со философија, се заангажирав да напишам една статија на тема ,,Аристократија" како еден од можните системи на политичко уредување, и планирам да продолжам со други статии на тоа поле, како и со статии за фолозофии и поединечни философи. Гледам дека архитектурата (една од моите најголеми интереси:)) е прилично занемарена и затоа решив да пишувам за еден од ренесансните архитекти (веројатно Филипо Брунелески или Франческо Боромини).

--Б. Јанкулоски 00:17, 2 Февруари 2006 (UTC)

bjankuloski06 Proudly Presents

Чест ми е да ви ја преставам мојата новоизработена статија - Чембало - во која се зборува за еден од моите омилени инструменти. Ова е предпоставувам, една од ретките статии во македонската Википедија со оваа големина со соодветни илустрации, преведени дијаграми и музички фајл! Колку оваа статија ќе пробуди интерес кај сите вас, ценети енциклопедисти и читатели, за овој ренесансно-барокен инструмент е, се разбира, друга работа. Но барем се надевам дека ќе ви се допадне изработката. -Ги очекувам вашите оценки и мислења. --Б. Јанкулоски 00:04, 8 Февруари 2006 (UTC)

Ова, без претерување, е веројатно, најдобрата статија напишана на Македонската Википедија. --FlavrSavr 11:58, 8 Февруари 2006 (UTC)

  • Благодарам на комлиментот. Сметам дека треба да оди за следна статија на месецот не само заради нејзиниот квалитет, туку и заради потенцијалната афирмација на овој инструмент кај пошироката јавност.
Ја предложив за одбрана статија за следниот месец, навистина не верувам дека ќе наиде на некој отпор :). --FlavrSavr 12:21, 8 Февруари 2006 (UTC)

Додатно охрабрување и од мене за твоите екстра статии. Твоите придонеси се драгоцени за македонската Википедија.   Boyan 12:04, 11 Февруари 2006 (UTC)

Две нови статии

Иако моментално работам на повеќе статии, би сакал да издвојам две од нив кои сметам дека се вредни за презентација како готов производ. Едната е повеќе биографска и зборува за композиторот Доменико Скарлати (вклучува и музички фајл со полна должина), додека во другата се работи за прекрасниот Версајски дворец во Франција. Наскоро ќе почнам да ја разгледувам мојата семејна библиотека и ќе почнам со пишување на обилни и информативни статии на македонски теми, нешто што и е многу потребно на македонската Википедија.

Статиите се одлични, најверојатно една од нив и ќе се најде како статија на месецот. Зошто не ја спомнеш и Чембало? Мислам дека заслужува да оди и на главната страна. --Misos 13:04, 12 Февруари 2006 (UTC)
  • Чембало ја спомнав погоре во мојава дискусија и добив позитивни критики за неа од колегите FlavrSavr и Boyan. Истата во таа прилика беше предложена за следна статија на месецот. Јас се изјаснив дека пожелно е таа статија да го добие овој статус не само заради нејзиниот квалитет, туку и заради можната афирмација на овој инструмент кај пошироката јавност.

Поздрав, --Б. Јанкулоски 21:10, 12 Февруари 2006 (UTC)

Филозофија или Философија

Здраво, ќе можеш да го видиш ова - Разговор:Философија? Проблемот е банален, ама треба конечно да се договориме како ќе се вика Филозофија или Философија. Поздрав. --FlavrSavr 23:53, 15 Февруари 2006 (UTC)

  • Си зедов слобода да со сменам насловот на статијата од Филозофија во Философија од две причини. Прво, знам дека на 'Филозофскиот Факултет' (!) го користи поимот философија како единствениот правилен поим бидејќи го рефлектира вистинското значење на компонентата ,,софија" во зборот. Зошто не им стои во името, незнам. Второ, јас лично се согласувам со таа теза и следејќи го примерот на другите јазици, сметам дека нема причина да бидеме различни. Како и да е, доколку се впише било кој од двата поима во полето за пребарување се добива истата статија (Философија), така што тука не гледам проблем. Единствено треба да се утврди употребата на овој збор во статии со подолги наслови каде што ќе се употребува овој збор и во случаи кога истиот се употребува како придавка или глаголска именка. Јас лично останувам на мојот став дека правилната употреба е од врховно значење за сериозни енциклопедии како оваа. Правописни или лексички неточности никаде не се толерираат, па сметам дека не треба да се толериаат ни кај нас.

Поздрав, --Б. Јанкулоски 12:41, 16 Февруари 2006 (UTC)

Решение на прашањето

Прашањето за филозофија или философија конечно се реши! Видете ----Разговор:Философија?

Статија: Логика

  • По многу работа конечно ја довршив обемната статија со наслов Логика. Статијава е отприлика 8 страни долга (мерено во Microsoft Word) и практично е сеопфатна кога станува збор за логиката и сите нејзини аспекти и варијации. Се надевам дека сите заинтересирани ќе ја погледнат.

Нови статии

Бојан, кога отвараш нови празни статии, гледај да пишеш барем по една реченица и стави им шаблон никулец. Ако немаат текст нема ни некоја смисла да стојат. --Misos 12:41, 1 Март 2006 (UTC)

  • Да, категоризирам статии и подкатегории на големо, па ќе ми опростиш што е вака. Ако не напишам денес некоја реченица, некогаш ќе напишам. Нашиов систем за категоризација е една голема срамота. Инаку незнам дали ја виде на Портал презентацијата за статијата што однова ја преработив - Јохан Себастијан Бах. Се надевам дека ќе ти се допадне :) --Б. Јанкулоски 12:45, 1 Март 2006 (UTC)

За Блесок

Да, знам, сум слушнал за Блесок, тоа е сајтот на Игор Исаковски... Законски, без дозвола, не смееме да копираме книги од таму, бидејќи авторот ги задржал сите права за копирање (Copyright). Можеме да побараме дозвола за објавување на некои книги, ама не верувам дека ќе ја добиеме, освен ако можеби, самите автори не ја преотстапиле бесплатно. Инаку, ако објавуваме современи текстови во Викибукс, од перспектива на Блесок, ние му стануваме и некаква конкуренција. Освен тоа, не знам како се регулирани авторските права на Викибукс, во принцип, колку што разбирам, Викибукс е за нови книги (повеќе како учебници, мислам како што е твојот учебник по латински), а Wikisource e за на пример издавање на стари книги во електронско издание - [4]. Јас имам препишано некои песни на Кочо Рацин во електронска форма, би сакал да ги објавиме, ќе се распрашам што треба за да се активира нашиот Wikisource. Голем поздрав, и секоја чест за твојата работа на Латински јазик. Браво! --FlavrSavr 14:36, 2 Март 2006 (UTC)

Златна тегла ајвар!

 
За исклучителни придонеси на Македонската Википедија

Ова е македонски пандан на Barnstar-от од англиската Википедија, и значи дека твоите придонеси се екстремно, екстремно ценети од целата Вики-заедница. Сфати го како еден виртуелен медал, со мала доза на хумор. Поздрав и продолжи со одличната работа! :-) --FlavrSavr 02:28, 5 Март 2006 (UTC)

  • Неизмерно благодарам за златната тегла ајвар. Драго ми е што добивам ете, една толку македонска награда! :-) Чест ми е да бидам од корист за нашата енциклопедија и Вики-заедница. Се надевам дека во иднина ќе имаме повеќе уредници, а и повеќе корисници. Кога сме на тоа, дали имаш податоци колку луѓе всушност ја посетуваат енциклопедијава дневно (не се бројат едни луѓе што вршат посети повеќе пати)? --Б. Јанкулоски 05:47, 5 Март 2006 (UTC)
За жал нема такви податоци, или јас не можам да ги најдам! --FlavrSavr 22:51, 6 Март 2006 (UTC)

Чембало

Hello, please excuse me for writing in English, because I don't know your language. I am the french Wikipedia contributor who drawed the pictures concerning the mechanism of the harpsichord (I posted them on both fr: and en:Wikis). I am glad that they could be adapted to another language. I posted recently some images of french harpsichords on Commons : look at them if you like it. fr:user:Ratigan 80.170.56.92 09:29, 5 Март 2006 (UTC)

Акцентирани Ô и ô

Ја исправив грешката. Незнаев дека има таква буква во нашиот јазик. Бојан, кога преведуваш статии од англиската википедија, слободно преведувај ги и имињата на шаблоните. Така, наместо Шаблон:Slavmyth можеш да користиш Шаблон:Словенска митологија. Кога веќе пишуваме на македонски јазик, нека биде се така :) --Misos 23:43, 9 Март 2006 (UTC)

Помош

Друже ако си тука дај помогни за Republic of Macedonia на англиската. И да не си тука помогни кога ќе бидеш :))) Со по некој реверт барем - моментално сам се борам и грциве ме победуваат. --Aleksandar SK 01:56, 25 Март 2006 (UTC)

Еј да, заборавив да ти напоменам дека таму сум корисник Realek --Aleksandar SK 02:14, 25 Март 2006 (UTC)

Ти пишав на англиската --Aleksandar SK 02:42, 25 Март 2006 (UTC)

За знамето

... а во меѓувреме јас бев доволно груб да го сменам :(... Види ја страницата за разговор на шаблонот. Се надевам дека нема некаков проблем? --FlavrSavr 22:45, 29 Март 2006 (UTC)

Што е финтата со сите овие германски градови? --Aleksandar SK 01:43, 31 Март 2006 (UTC)

Епа ајде нека ни е честита петилјадарката! Сега за германските градови... Немој погрешно да ме сватиш, што ќе уредуваш си е твое право. Само збунет сум - што ќе ни се сите овие германски градчиња, особено во време кога оскудеваме на многу важни теми. Исто така не верувам дека ќе се пополнат сите овие статии и најголем дел ќе останат празни (многу се, а не ни се приоритет). --Aleksandar SK 02:21, 31 Март 2006 (UTC)
ааааа, значи финта :) Ама сигурен си дека се бројат празни статии? (Дури и ако се категоризирани) --Aleksandar SK 09:23, 31 Март 2006 (UTC)

ХАД а не АД

епа хад не е српско, туку е вестернизирано додавање на Х на почетокот на грчките и старогрчките зборој. иначе HELLAS е еллас ама кај нас е прифатено западното именување, и зато ќе те молам да го вратиш ад во хад, иначе хефест ќе биди ефест, хера ќе биди ера, хермес ќе биди ермес. зато ти смени го оти нејќам да расипвам туѓа работа, ти го смена, ти врати го. поздрав --guitardemon666

искрено не видов нешто на речнико пиши hades и Hades пекол, ад. а искрено и јас така знам, ад е пекол, а хад е бог. али ај то не е важно. --guitardemon666 09:39, 4 Април 2006 (UTC)

епа во право си. ај нека седи... то е шо е. инаку, да ми објасниш како ги прајш оние отстрана во профилот... знајш она, овој корисник пуши луле, овој корисник ова она :) сакам и јас две три такви да си клам. ај биди љубезен научи ме нешто :) --guitardemon666 22:02, 5 Април 2006 (UTC)

Статија на неделата

Јанкулоски, веќе ти одговорив на мојата страна за разговор, ама не си приметил. Како и да е, еве го коментарот овде:

  • Ништо страшно, си заборавил да ја затвориш табелата (таг /table). Делот за Дали сте знаеле може да го уредува секој, па и ти можеш да ја внесеш таа информација (тоа и е замислата). Имаме шаблон за одбрани статии, значи не дефинираме време, па може да менуваме кога сакаме. Не е проблем ни да се преименува во Статија на неделата, но мислам дека нема потреба.

За полесно прегледување на сите промени, прати ја страницата „Скорешни промени“. --Misos 00:06, 4 Април 2006 (UTC)

Здраво :-)

Нема на што за замената, па и Ти да здивнеш малку :-) Што се однесува до одбраните статии на месецот, мојот одговор на тоа е да, веќе е возможно почесто да ги менуваме овие статии. Според мене, навистина би било убаво почесто да изложуваме нови и квалитетни "извори" на знаење, и што е најважно - на македонски јазик.

Друго нешто на кое размислував овие денови за еден предлог - зошто не се пријавиш да бидеш петтиот администратор на македонската Википедија овде? Навистина даваш сѐ од себе за развитокот на македонската Википедија, а навистина ни се потребни повеќе админи... Boyan 12:53, 4 Април 2006 (UTC)

Го потсредив барањето и ја додадов веста во Шаблон:Актуелно. Гласањето трае недела дена, мада мислам дека нема да има проблеми :) --Misos 13:36, 4 Април 2006 (UTC)

Туркменбаши

Цело време нешто ми фалеше на македонскава википедија ама не ми текнуваше што. Дури од кога ја видов дека си ја почнал статијата Сапармурат - ми текна што фалело :))) Знај, тој е мојot "херој"! Таков човек не се раѓа 2 пати :))). Баш добро што ти текнало да ја напишеш оваа статија :) --Aleksandar SK 17:36, 5 Април 2006 (UTC)

Штотуку гласав - нормално ја имаш мојата подршка! А за тоа на Оннет ми текнува, а и на писмото од тој типот се сеќавам :))) За жал не можам да се потсетам бидејќи моментално немам пристап до сите сајтови што ги хостира Оннет. Јас сум на кабловски интернет кој порано заедно го нудеа Телекабел и Оннет, па настанаа расправии меѓу нив (по вина на телекабел) и сега клиентите ги трпат последиците. Да не должам јас многу - комплицирана е работата... --Aleksandar SK 21:41, 6 Април 2006 (UTC)

Одг:За биолошки и ботанички шаблони

ОК, ќе соработуваме, секако  .

За струката - не, јас не сум биолог, туку студирам биологија (поконкретно екологија). Во врска со ова, овие денови ќе немам многу време за Википедија (само ќе ѕиркам по малку, за да не изгубам ориентација  ). Доколку направиш некои статии за биодиверзитетот во Нов зеланд би било одлично.

Друго - без гајле за администраторскиот статус, нека помине неделата, па тогаш за тоа. Поздрав, Boyan 09:07, 7 Април 2006 (UTC)

Шаблонот таксономија е одличен! Едноставно морам и јас да направам некоја статија за растение или животно! Boyan 10:05, 8 Април 2006 (UTC)

Може, на пример, Plantae да води до статијата за растенија, а Pinopsida до Четинари. За другите имиња од таксотабелата нема македонско име (барем сега за сега :-) Boyan 10:11, 8 Април 2006 (UTC)

ОК е, се е добро. Преведов еден дел кој беше на англиски - оној со епифитите. Boyan 10:57, 8 Април 2006 (UTC)

јузербоксој

сфатив како се прат, ама треба да аплоудирам слика за сѐ шо сакам да клам во јузербоксо? и на пример, зошто кај тебе во едит на профилот не излегват, и неможи да се уредват, а немам од каде да копирам (освен од статијата јузербоксес на англиската википедија). плус кажи ми како да оставам коментари ко ќе уредвам страници. во историја да се прикажва, пошто незнам. фала однапред, и се надевам дека го разбра мојо битолски :) --guitardemon666 19:14, 8 Април 2006 (UTC)

Задоцнет одговор

Прво, за таа дискусијата во врска со дискусиите, за која ненамерно те игнорирав, по сѐ изгледа. Битниот момент тука е дека ние како администратори на пооделните Википедии немаме пристап кон самиот код што го овозможува тоа, тоа го можат само администраторите на Мета. Понатаму, не знам и дали би било во ред да се бришат сите тие информации - Википедија, пред сѐ е јавен домен, и токму затоа секогаш инсистрирам сите страници за разговор, па и корисничките страници да се во согласност со политиките на Википедија. На Википедија, всушност, се објавува, така што сѐ што е напишано треба да е одговорно. Е сега, за разбирањето вон контекст, тоа е навистина проблем. Пред некој ден, добив меил од Албанец кој ме обвинува за некакви предрасуди спрема Албанците - навистина немам поим како го заклучил тоа? Но тоа па е и генерален проблем на комуникација - а останува тоа и дека навистина, и да сакаме, не можеме да го промениме тоа во Вики кодот! :)--FlavrSavr 23:03, 10 Април 2006 (UTC)

Второ, во врска со средбата - секако дека би било супер да се видиме. Се надевам дека нема да се погоди да бидам на одмор, ама ако остануваш на повеќе од 10 дена, речиси сигурно дека ќе се видиме. Ова зборувам за мене, не знам за другите, има време до тогаш :)! --FlavrSavr 23:03, 10 Април 2006 (UTC)

П.С. Честито на администраторската положба, ја заслужи! --FlavrSavr 23:05, 10 Април 2006 (UTC)


Со мало закаснување, честито и од мене за администраторската положба. Немаш некои посебни задолжувања како администратор, само поголеми привилегии. Битно следи ја НГТ, гледај да бидеш медијатор во повеќето расправии, враќај „безвезни“ промени, пропаганди и сл. текстови во статии. Веќе неколку пати кажав, ако имаш било какви прашања, слободно посави ги, може и на маил да одат. Се надевам дека ќе се видиме кога ќе дојдеш во Скопје. --Misos 18:34, 11 Април 2006 (UTC)

  Честитки и од мене за твојот администраторски статус! (иако со мало задоцнување, од оправдани причини :-) Boyan 11:53, 13 Април 2006 (UTC)

Портал:Македонија

Секоја чест за порталот! Уште еднаш потврдуваш дека си еден од најдобрите корисници на Македонската Википедија. Поздрав, Boyan 15:57, 17 Април 2006 (UTC)

Мојата трпеливост кон "неразбран народ" (:-)), ја базирам на главно на искуство од Англиската Википедија - сум видел едно чудо дискусии што се сѐ освен академски: меѓусебни препукувања, етнички тензии, па дури и расизам. Навистина е ретко да се види некој да е блокиран заради лични навреда, иако искрено, јас да бев таму администратор ќе банирав некои корисници на неограничено време: не губам нерви на лични навреди кон мене, ама кога некој ќе го именува мојот народ како "словенска толпа", би сакал да го снема од Википедија за век и веков. Штета што уште не е донесена политика против hate talk. --FlavrSavr 14:50, 23 Април 2006 (UTC)

Како и да е, поентата во случајот со Muad'Dib ми е следнава - едната од политиките на Википедија вели assume good faith, па со оглед на тоа што Muad'Dib воглавно не настапувал со навредлив тон од октомври 2005, па сѐ до твојата опомена, претпоставив дека корисникот е добронамерен, иако во тој случај имал екстремно лош настап. (истото не може да се каже за Tomahawk, нели?) Направи исклучително добра администраторска работа со тоа што му укажа за пропустот, со тоа што сметам дека можеби малце прерано му укажа дека можеме да "превземеме мерки". Ова го сметам од три причини: 1. самото укажување е преземање мерка; 2. најдобро е прво да се укаже на грешка без да се потенцира дека практично може да се блокира корисникот, а дури потоа, ако корисникот навистина е непоправлив да му се каже дека ќе биде блокиран ако продолжи и 3. Блокирања поради лични навреди се невообичаени. Корисникот треба навистина да претера за ова да се случи - еве ги начелата каде блокирањето се користи. За "Не зборувај глупости" моментот му укажав дека згрешил, а ти имај трпение со такви испади, ќе ги има! Всушност, најдобриот начин неразбраниот народ да стане разбран народ, е да разбере со убав збор, не? --FlavrSavr 14:50, 23 Април 2006 (UTC)

Тоа беше долгата варијанта, кратката варијанта е дека можеби сум попустлива личност! :-) --FlavrSavr 14:50, 23 Април 2006 (UTC)

П.С. Супер за доаѓањето во Скопје! Таман ќе се собереме прописно сите Википедијци! Поздрав. --FlavrSavr 14:50, 23 Април 2006 (UTC)

Благодарам!

Благодарам за наградата! Сепак, тоа многу ми значи. Поздрав, Boyan 08:36, 27 Април 2006 (UTC)

Protection from javaHurricane, SHB2000, tuvalkin, jeff G., lee Vilneski, 1234qwer1234qwer4, el C, antandrus #1# LTAs et al

de.wikipedia.org/w/i n d e x . p h p ? t i t l e = D i s k u s s i o n:A c h t u n g & d i f f = 2 2 7 0 8 6 5 8 9 & o l d i d = 1 1 5 0 1 0 2 2 5

Назад на корисничката страница на „Bjankuloski06/Архива 1“.