Добре дојдовте!

Здраво, ИТ Комисија УМС, и добре дојдовте на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, погледајте ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата разговорна страница, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојдовте! --Kiril Simeonovski (разговор) 22:11, 21 февруари 2012 (CET)Одговори

Унија на млади сили уреди

Здраво. Ви благодариме за вашиот интерес за подобрување на статиите на Википедија, но статијата Унија на млади сили на ВМРО-ДПНМЕ е напишана во рекламски/ маркетиншки стил и тоа не е во никој случај дозволено. Наместо тоа, во статијата ВМРО-ДПНМЕ можете да напишете еден пасус со кратка историја на Унијата и главното управувачко членство. Поздрав--Никола Стоіаноски 10:52, 23 февруари 2012 (CET)Одговори

Покана за Вики средба уреди

На 2 март 2012 година (петок), со почеток во 20.00 часот, во кафулето EveryDay во Скопје, ќе се одржи Вики средба на која уредувачите на википедија на македонски јазик и нејзините корисници ќе имаат прилика да се дружат и разговараат за теми од заеднички интерес. Се радуваме што во изминатиот период уредувавте на википедија и со задоволство ве покануваме на средбата. Повеќе информации за средбата може да најдете тука, односно за локацијата на кафулето - http://g.co/maps/qq7q5. Поздрав. Brest-bot (разговор) 18:03, 1 март 2012 (CET)Одговори