Разговор со корисник:Виолетова/Архива5

Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.

Порталот е готов. Само проблем е што статиите за празници се премали, освен државните, кои не се најсоодветни за ваков портал. Мислам дека имато и боите бараат повеќе народна традиција и култура. Но, статијата за празникот „Ноќ на вештерките“ е премала, па потребно е нејзино проширување. Голем проблем е што немаме статија именувана празник. Тоа мора уште денес да се поправи. Ми се допаѓа тоа што создадовте услови за уредување на нови портали, па ова е целата процедура за уредување на портал:

  1. Се уредуваат 2 помошни статии: Портал:име на порталот/box-header и Портал:име на порталот/box-footer, такашто во статијата Портал:име на порталот/box-header се нанесува шаблон за создавање на кутијата која ќе биде повеќе пати застапена на порталот:
{{Portal:Box-header | title={{{1}}} 
|editpage={{{2}}}
|border=#aaaaaa           <!-- Ова е бојата на граничникот околу кутијата -->
|titleforeground=black    <!-- Ова е бојата на насловот-->
|titlebackground=#DDEEFF  <!-- Ова е бојата на позадината на насловот-->
|background=f#f9f9f       <!-- Ова е бојата на позадината на кутијата -->
|foreground=black
|noedit={{{noedit|}}}}}       <!-- Ова е бојата на текстот на кутијата -->

Десно Ви се дадени боите, а лево објаснето со која боја ќе биде обоена кутијата. Нека не Ве бунат боите како на пр.#aaaaaa или #f9f9f, тоа се само нијанси и мешавини од некои бои. Да Ве опоменам дека при промена на бојата, секогаш нејзиното име нанесете го на англиски и без знакот # пред нејзиното име (на пр.black,red,gold и др., но не #black,#red,#gold). Но, овој текст обично се пренесува од веќе посртоечка ваква статија, едноставно со copy paste.

Статијата Портал:име на порталот/box-footer треба да биде со содржина:

{{Portal:box-footer | {{{1}}} }}

И ова е добро да се работи со copy paste од веќе постоечка статија. Всушност, со статијата Портал:име на порталот/box-header се создава кутија која треба да ја содржи порталот, а со статијата Портал:име на порталот/box-footer истата кутија се затвара, односно се користи за вметнување на текст (најчесто архива) во долниот десен агол од кутијата). Примери:Портал:Спорт/box-header и Портал:Спорт/box-footer.

  1. Откако ќе ги создадеш овие 2 статии веќе може да се уредува страницата на порталот (Портал:име на порталот). За да се создаде еден портл потребно е да се додаде содржина од овој тип:
{{ВикиПроект Спорт хипер навигација}}
{{browsebar_brest}}
{{/box-header|<big>СПОРТ</big>|Портал:Спорт/Вовед|}}
{{/Вовед}}
{{/box-footer|}}

<div style="float:left; width:55%;"> <!-- This width add to the margin below to equal 98%-->
{{/box-header|Избрана статија|Портал:Спорт/Избрана статија}}
{{/Избрана статија}}
{{/box-footer|}}

{{/box-header|''Дали знаете...''|Портал:Спорт/Дали знаете|}}
{{/Дали знаете}}
{{/box-footer|}}

</div>

<div style="float:right; width:44%"> <!-- This margin should be right of the above -->
{{/box-header|Избрана слика|Портал:Спорт/Избрана слика}}
{{/Избрана слика/}}
{{/box-footer|}}

{{/box-header|''Категории''|Портал:Спорт/Категории|}}
{{/Категории}}
{{/box-footer|}}

{{/box-header|''[[Википедија:ВикиПроект Спорт|Википроект:Спорт]]''|Портал:Спорт/ВикиПроркт:Спорт|}}
{{/ВикиПроект:Спорт}}
{{/box-footer|}}

</div>

<div style="float:right; width:100%">

{{/box-header|align=left|''Субпортали''|Портал:Спорт/Субпортали|}}
{{/Субпортали}}
{{/box-footer|}}

<div style="float:right; width:100%">

{{/box-header|Спорт на останатите вики проекти...|Портал:Спорт/Викимедиа|}}
<center>{{/Викимедиа}}</center>
{{/box-footer|}}
{{портали}}

И тука е добро да се работи со copy paste. Шаблонот browsebar_brest е шаблон кој содржи директни линкови кон основните портали на Википедија. Останатите групи од по 3 реда се кутиите кои ќе ги има порталот. Во првиот ред:{{/box-header|<big>СПОРТ</big>|Портал:Спорт/Вовед|}} важно е да знаеш дека елементите означуваат зголемен наслов, текстот кој се наоѓа помеѓу /box-header| и |Портал:Спорт/Вовед е насловот на кутијата. Насловот е потребно да се запише и на крајот на првиот ред. Како на пр.Портал:Спорт/Вовед. Во случајов, станува збор за насловна кутија на страницата, па затоа наместо насловот Вовед се запишува името на статијата што треба да се пшрименува со сите статии. Во вториот ред:{{/Вовед}} стои насловот на кутијата која ќе ја отвара линкот. Тоа значи дека доколку пишува вовед ќе се отвори вовед, доколку пиѓува избрана статија ќе се отвори избрана статија и сл. Обично тука секогаш се пишува насловот од првиот ред. Исклучок е воведот каде во првиот ред стои насловот на порталот, а во вториот вовед. Поради ова нема многу овде да се задржувам. Во третиот ред:{{/box-footer|}} стои дел од насловот на една од статиите која треба да се создаде за уредување на порталот. Всушност, тоа е и статијата којашто е потребно да се уреди. Овде секогаш внимавај и на крајот не ја бриши цртата |. Но, и ова работи гоп со copy paste.

Внимавајте и не ги бришете елементите

. Тие се ознака дека кутиите ќе бидат во вертикален редослед. Првиот ваков извадок означува дека ќе бидат сместени од левата страна, а вториот од десната. Процентот може да се менува од 0 до 100 и со него е означена дебелината на кутиите од левата односно десната страна. Овој пример каде се дадени 100% се применува за уредување на воведниот дел и најдолните кутии во кои се наведуваат секциите:Поврзани портали и Останати Викимедиа проекти. Добро е секогаш, елементите на левата страна да бидат со дебелина поголема од оние на десната страна, а нивниот збир добро е секогаш да е 99, а разлика помала од 5 (на пр. 50 и 49, 51 и 48). Ова може да го забележиш на горната шема.

Но, сепак многу портали се направени со соодветна дебелина на редовите, па затои и тука работи со copy paste.

  1. Друга важна работа е рамката околу порталот. Таа се нанесува со запишување на следново:
{| width="100%" cellpadding="5" cellspacing="10" style="background:lighpurple   ; border-style:solid; border-width:3px; border-color: purple  ; "
| valign="top" style="padding: 0; margin:0;" |

Доколку сакате да ја промените бојата на граничникот слободно запиши ја саканата, а бојата на позадината добро е да ја задржиш бела, бидејќи останатите бои може да делуваат збунувачки аз читателите. Исто така добро е граничникот да биде со темна боја за да не одвлекува внимание.

Доколку го знаете ова, веќе сте способни да изработите некој портал. Најважно што треба да знаете е дека најлесно се работи со пронципот copy paste. Секогаш работете согласно овие чекори. Исто така не заборавај да додадеш надворешни врски со истоимените портали на останатите Википедии и не аборавај да создадеш категорија со името на порталот (Категорија:Портал:име на порталот).

  1. Откако ова ќе го направиш зачувај ја страницата и порталот е готов. На страницата на порталот во кутиите ќе здогледаш линкови кон статии кои не постојат (обоени со црвена боја).Кликни на нив и во зависност од нивниот наслов уреди ги со соодветен материјал(пр.Портал:Социологија/Избрана статија).

Најпрвин, пред да започнете со работа, разгледајте како се создадени некои портали. Добро е потоа да видите и кој елемент каде стои по зачувувањето на уредувањето на порталот. Но, сепак Ве молам веднаш да не разгледувате некои портали кои навистина се уредени на многу повисок стил и бараат поголемо познавање во уредувањето. Затоа за почеток Ви преорачувам да ги разгледате порталите: Портал:Физика, Портал:Геологија, Портал:Социологија.

За уредување на нов портал ориентирајте се според листата на портали. Не создавајте портали со наслов на тема за која нема доволно статии. Не е добро на страницата на порталот да има линкови кон непостоечки статии (обоени со црвено).

При уредувањето добро е да ги следите начелата дадени во ВикиПроектот Портали.

Доколку имате некој проблем понатаму, слободно прашајте ме. Поздрав и успешна работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:40, 14 декември 2008 (UTC)

Назад на корисничката страница на „Виолетова/Архива5“.