Разговор за Википедија:ВикиПроект ЈИЕУ 2012

Лого на ЈИЕУ Оваа статија е дел од ВикиПроектот ЈИЕУ 2012, кој има за цел да ги координира активностите на студентите од ЈИЕУ во создавањето и одржувањето на содржини на Википедија. Ако сакате да земете учество во проектот, може да ја уредите оваа статија, или да прочитате нешто повеќе на страницата на проектот, каде што меѓу другото може да се приклучите на проектниот тим и/или да дадете свој придонес на страницата за разговор.

Презентација на Викимедија проектите на УЈИЕ уреди

 
Предавање одржано на 26 април 2012 година од страна на Викимедија Македонија пред студентите на УЈИЕ во Тетово за проектите на викимедија.
 
Наградени студенти од страна на министерството за образование и наука, учесници во проектот „Македонија на Википедија“.
Настанот успешно се одржа, повеќе информации за настанот може да се најдат на mk.wikimedia.org. --brest (разговор) 12:33, 22 март 2012 (CET)Одговори
  • На 26 април 2012 година (четврток) со почеток во 14.00 часот во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, се одржа предавање за Википедија и Проектот „Македонија на Википедија“. За време на овој настан, „Викимедија Македонија“ и Факултетот за современи науки и технологии потпишаа Меморандум за соработка со кој се утврдува рамката во која се реализира соработката за работи од заеднички интерес базирани на искористувањето на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови на една од двете страни насочени кон унапредувањето на едукативните, истражувачките и апликативните активности во областите од заеднички интерес. Повеќе информации за настанот може да се најдат на mk.wikimedia.org. --brest (разговор) 13:55, 27 април 2012 (CEST)Одговори
  • Како резултат на активностите опишани погоре, во тек се два проекта, едниот на македонската википедија Википедија:ВикиПроект ЈИЕУ 2012 и другиот на албанската википедија sq:Wikipedia:WikiProjekt UEJL 2012. Доколку има некој друг википедијанец заинтересиран за вклучување во овие проекти слободно може да се приклучи. Поискусните википедијанци може да им бидат од помош на студентите со оглед на тоа што некои од нив за првпат се наоѓаат во улога на уредувачи на википедија.--brest (разговор) 12:44, 4 мај 2012 (CEST)Одговори
  • На 21 јуни 2012 година истекува рокот до кога може студентите да додаваат нови статии и да уредуваат постоечки а која работа ќе се земе во предвид за оценка во поглед на успешноста на студентот. Оценката ќе се прави на две нивоа: прво ниво, самите студенти со гласање за најдобра статија на проектните страници, второ ниво, жири комисија составена од претставници од Министерството за образование и наука, Универзитетот и Викимедија Македонија. Доколку условите на натпреварот бидат задоволени Министерството за образование и наука ќе додели прва, втора и трета награда за најдобрите студенти во форма на потврди. Овие потврди студентите ќе имаат право да ги искористат при конкурирање на следните конкурси за доделување на студентски стипендии кои ги доделува Министерството за образование и наука, како доказ за исполнување на минималните услови за учество на конкурсите.--brest (разговор) 07:06, 13 јуни 2012 (CEST)Одговори
  • На 4 јули 2012 година министерството за образование и наука додели дипломи на најуспешните студенти учесници во проектот „Македонија на Википедија“. Дипломите ги додели заменик министерот за образование и наука г-дин Сафет Незири во присуство на ректорот на УЈИЕ, г-дин Замир Дика, деканот на ФИНКИ, г-дин Димитар Трајанов, деканот на ФСНТ, г-дин Беким Фетаји, професори од ФИНКИ и ФСНТ, претставници од министертвото за образование и наука, претставници од вики заедницата, претставник од Викимедија Македонија и студенти од двата факултета.--brest (разговор) 13:59, 5 јули 2012 (CEST)Одговори
Назад на проектната страница „ВикиПроект ЈИЕУ 2012“.