Разговор:Христо Татарчев

Првата програма на револуционерната организациjа

уреди

Од спомените на д-р Христо Татарчев:


Долго расправавме за целта на таа организација, и најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент. Не можевме да го прифатиме ставот за „директно присоединување на Македонија кон Бугарија“, затоа што увидувавме дека тоа ќе сретне големи тешкотии, поради спротивставувањето на големите сили и аспирациите на соседните мали држави и на Турција. Ни поминуваше низ мислата дека една автономна Македонија потем би можела полесно да се обедини со Бугарија, а во краен случај, ако не се постигне тоа, дека ќе може да послужи како обединувачка алка на една федерација на балканските народи. Одринско, колку што се сеќавам, отпрвин не влегуваше во нашата програма, и мислам дека после беше дојдено до замислата и таа област да се вклучи кон автономна Македонија. Откако се согласивме за целта на нашата организација - на истата средба се зафативме да изработиме статут на Организацијата. Прирака ми беше еден том од „Записите“ на Захариј Стојанов, и од нив го зедовме за урнек статутот на „Бугарскиот револуционерен комитет“. Го задолживме Поп Арсов, врз основа на тој статут, да изработи нацрт за нашиот статут. На истата седница долго се разгледуваше прашањето какво име да носи Револуционерната организација и Комитетот Ова прашање ни одзеде прилично време, и најпосле, колку што се сеќавам, усвоивме да се наречат: „Македонска револуционерна организација“, а Комитетот - „Централен македонски револуционерен комитет“, а скратено „Ц.М.Р.К.“. На други средби статутот беше дефинитивно примен, се така од истиот тој состав на шестмината. Тогаш веќе, во согласност со усвоениот статут, беше конституиран првиот Централен комитет, при што мене ме избраа за претседател, а Дамјана Груев за секретар и благајник. Потем веќе започна практичното организирање на револуцијата, што тргна многу позабрзано.

Врска


--Boban Krumeski 08:29, 13 септември 2006 (UTC)


Многу ме интересира дали можеш да најдеш некои оригинални текстови од Христо Татарчев, бидејќи и јас знам дека тој бил предводник на десницата но никако не можам да најдам такви документи.--Астрион 18:09, 21 август 2007 (UTC)

Погреб

уреди

Зошто промените не се појави? "На 23 октомври 2010 година коските на Христо Татарчев се положени во централните софиски гробишта.[1]"

brest-bot проверка на правопис

уреди
  • коешто наместо кое што, одделни зборови.
  • Чијшто наместо чиј што, одделни зборови.
  • Податотека наместо File, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 20:03, 28 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

  1. Костите на д-р Христо Татарчев ще бъдат положени на 23 октомври в София
Назад на страницата „Христо Татарчев“.