Разговор:Френк Херберт

Мисли некој да ги допреведува останатите артикли од [[1]] <- англиската верзија или да го направам сам тоа кога ќе можам? Корисник:Muad'Dib

Одлична работа! Продолжувај вака --Комита 22:42, 12 Април 2006 (UTC)

Македонскиот правопис и јазик сепак се поразлични

уреди

Гледам дека имаме многу вредни автори на статии, и добро е што е така. Сепак, не можам да побегнам од впечатокот дека имаме тешкотии околу преведувањето од другите јазици и правилната употреба на македонскиот јазик.

Каде грешиме?

Пречеста употреба на голема почетна буква Во германскиот правопис сите именки се пишуваат со голема почетна буква (Крава, Куќа, Маж...); во бугарскиот правопис имињата на народности се пишуваат со мала буква (македонец, бугарин, американец...); во англискиот правопис дозволено е во насловот сите зборови во насловот да се со голема почетна буква (За Македоцките Работи). Во шпанскиот правопис извичникот и прашалникот се ставаат и пред почетокот и на крајот од извичната/прашалната реченица (?Каде ќе одиш утре?, или !Ураа!)

Покрај сите заеднички особини со правописот на другите јазици, македонскиот правопис има некои поразлични правила, кои се разликуваат од еден или друг правопис:

  • Имињата на народности се пишуваат со голема буква: Македонец, Бугарин, Американец
  • сите именки и придавки, кои НЕ СЕ географски, или имиња на луѓе и институции, се пишуваат со мала буква: научна фантастика..
  • имињата на јазиците се со мала буква: македонски јазик, англиски...

Кога се преведува од туѓ јазик, не е доволно туѓите зборови само да се заменат со македонски па да речеме дека преводот е готова работа.

Да преведеме една кратка реченица од англиски:

* Оригинал: I make money.

* НЕправилен превод: Јас правам пари.(Испаѓа дека некој печати или кова пари, т.е фалсификува пари!)

* Правилен превод: Јас заработувам пари. (Се разбира дека парите се заработуваат со некаква друга работа, а не со директно производство на парите).

Англискиот збор (глагол) „make„ во основа значи „прави“ или „изработува“. Но, во склоп на реченицата „I make money“, овој глагол сега има само фигуративно (симболичко) значење, т.е.: Парите ги „правам“ со некоја друга законска или незаконска работа, НО НЕ И СО нивно директно изработување!


Вакви примери има безброј, и на Википедија, и во македонските весници. Дај ми го преведот, ќе ти кажам од кој јазик е преведен!

Заклучок: Кога преведуваме од туѓ јазик треба:

  • да го најдеме соодветниот збор во македонскиот јазик
  • НАЈВАЖНОТО: македонските зборови да ги подредиме во духот на македонскиот јазик и напишеме според правописот на македонскиот јазик.

Оваа работа не е лесна, поради непознавање на работите или потсвесно мешање на еден со друг јазик. Но, тоа е!

ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ: Ова го пишувам само со една цел: да укажам на некои од најредовните грешки кај авторите. Не сакам некого да навредам или обесхрабрам, туку само да дадам еден сосема пријателски совет! Тоа што ја користам оваа страница е случајност, а моите горенаведени препораки се однесуваат на сите статии и сите автори.

EvLa 08:13, 13 Април 2006 (UTC)


Мислам дека си во право, но некои од нас едноставно си ги имаат присвоено странските правила бидејќи, мојот пример, читале повеќе странска литература од домашна. Во секој случај, затоа сте вие тука. Ние ги пишуваме целите статии, вие ги поправате. И то. Корисник:Muad'Dib
Назад на страницата „Френк Херберт“.