Разговор:Прва Француска Република

Последен коментар: пред 2 години од P.Nedelkovski на темата Големи букви?

Големи букви?

уреди

Зошто се употребуваат големи букви за да се опише историски период? По мое мислење не се работи за име на држава ниту за територија, туку за период од дванаесетина кога Франција официјално се викала „Француска Република“. Во овие книги (https://library.fes.de/pdf-files/bueros/skopje/14053.pdf и https://arhiv.mk/wp-content/uploads/2021/03/ARHIVIST_2020-1.pdf) Третиот рајх е напишан со втора мала буква во сите споменати случаи, па по таа аналогија сметам дека насловов на статијава треба да се врати на Прва Француска рпублика.

Dentedeleone (разговор) 13:27, 19 март 2022 (CET)Одговори
Според Правописот од 2017, стр. 45, член 66 б) како пример е дадено и Османлиското Царство што исто така е опис на историски период. Самоиловото Царство траело 49 години, а се пишува со големи букви. Во посочениот напис Третиот Рајх, Источното Римско Царство, Римската Империја... се погрешно напишани што не е реткост во македонското издаваштво. Се користи „усмени“ наместо „усни“, „усмерено“ наместо „насочено“, „букурештански“ наместо „букурешки“... Во првиот напис Европската Унија е напишана со мала буква за вториот збор, што не е во согласност со правописот, а во вториот напис е исправно наведена со двете големи букви. P.Nedelkovski (разговор) 14:49, 19 март 2022 (CET)Одговори
Назад на страницата „Прва Француска Република“.