Разговор:Полјаци
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Полјаци“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Зарем на стандарден литературен македонски јазик не се вели Полјаци, а не Пољаци? - Марио Шаревски - Македонец 17:48, 18 ноември 2007 (UTC)
- Е, да ти кажам право, не знам. Ме влече накај Полјаци, ама не сум сигурен. За тоа ќе треба да го прашаме корисникот Виктор Јованоски. :) Поречанец A? 18:04, 18 ноември 2007 (UTC)
- Според оваа статија на BBC-Macedonian, правилниот збор е Пољаци. Незнам, баш ме интересира како е поправилно, ако има некој правописен речник, нека провери. Поздрав. --Revizionist 00:26, 19 ноември 2007 (UTC)
Само кратко појаснување пред да ја преместам статијата: во македонскиот литературен јазик се изговара Пољаци, но се пишува Полјаци. Исто како во случаите ролја, болјар (конструкцијата олја е еквивалентна на онаа во Полјак), а слично како и во низа други зборови каде имаме изговор љ, но запис лј: илјада, крилја, Билјана... (Правопис на македонскиот литературен јазик, 14 а.) --Виктор Јованоски 08:33, 19 ноември 2007 (UTC)
- Е се вели Пољаци, ама се пишува Полјаци! Инаку знам за тоа правилото со илјада, дека се изговара иљада. Ама сепак мислам дека тоа љ не е тврдо како стандардното љ, туку е помеко, како што се руските и бугарските кога има л, а после него ја,ју или мек знак (револјуција, Битолја итн). Поздрави-Марио Шаревски - Македонец 12:11, 19 ноември 2007 (UTC)
Започнете разговор за Полјаци
Разговорните страници служат како место за разговор во врска со тоа како да се создадат најдобри можни содржини на Википедија. Тука можете да започнувате разговори со други околу подобрувањето на Полјаци.