Разговор:Византиска морнарица
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Византиска морнарица“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Отстранување на оваа статија
уредиИако статијава е богата со информации, мислам дека не е дорасната да биде избрана статија поради бројните синти грешки што ги содржи (некои од нив ги поправив, ама има и многу други). Не би требало во избрана статија, „Арапи“ да биде напишан „арапи“, а тоа се однесува и на „словени“, „авари“ и други народи. Исто така, во статијата стоеше дека „Две византиски флоти биле уништени во близина на Непал во 542 година...“. Аман, луѓе, каков Непал, т.е. што барала виизантиската флота во Непал (кој, патем не излегува на море)!!! Станува збор за незнаење, т.е. при преводот од англиски, Naples е погрешно преведен како Непал, а се работи за Неапол. Оттука, додека не се отстранат грешките, предлагам статијата привремено да биде тргната од статусот избрана статија. --ГП (разговор) 23:32, 28 јануари 2016 (CET)
- @ГП:Професоре и јас го имав истиот тој став како вас и го предложив истото дека статијата треба првин да биде подложна на детална проверка на правописни и грешки настанати при преведувањата, но очигледно тоа не се направило. Во иднина, ве замолувам да гласате кога се бираат избрани статии, за да се одбегнат токму вакви ситуации. Додека за вакви ситуации, постои „ревизија“ на избраните статии, како што моментално се прави. --Ehrlich91 (разговор) 14:51, 29 јануари 2016 (CET)