Разговор:Брдски топ 75мм Шкода М.28

Последен коментар: пред 10 години од Mice

Зошто ознаките на мерните единици се сменети во кирилица? Овие ознаки се дел од SI и, како такви, не подлежат на „национализација“, т.е. ознаките не се преведуваат/транслитерираат. Сметам дека треба да се третираат како лого, а не како букви. Тој принцип се запазува и на училиште на предавањата по физика, хемија и разни технички предмети. Барем така беше кога одев на училиште. Има некоја промена во тој поглед? Не сум го читал самиот стандард/стандарди, но англиската википедија http://en.wikipedia.org/wiki/System_International#Unit_symbols_and_the_values_of_quantities вели дека иако имињата на единиците имаат јазично специфични форми, ознаките се непроменливи низ јазиците. Впрочем, и македонската википедија го применува истото на својата страница http://mk.wikipedia.org/wiki/Меѓународен_систем_на_мерни_единици. Молам образложение. Mice (разговор) 10:30, 26 октомври 2013 (CEST)Одговори

Назад на страницата „Брдски топ 75мм Шкода М.28“.