Додаден текст уреди

Иако Блатец е најголемо село во Виничка општина,сепак неговата голема миграција во странство (најчесто во Италија)придонесува некогашното големо Блатец полека но сигурно да запусти и да остане со помалку од 2000 жители. Безработицата си го прави своето, млади неженети-немажени, мал број на прираст на населението, малку новородени деца. Жално е да се гледа убавото училиште „Кочо Рацин“како останува без деца. Мал број на паралелки, малку ученици во нив, недоволно часови за вработените наставници, а солидни услови за работа. Убаво е да се живее во Блатец, среќни сме во нашето убаво планинско село со сета природна убавина, пролетно зеленило, богата и плодна почва, студена вода од селските чешми, убавина. Но сепак тешко му е на земјоделецот, пари за доволна егзистенција:оризот не се сее во толкава мера како порано-нема откуп како што имаше,тутунот исто така, а се успева кај нас. Дојдете посетете не! Добри луѓе сме ние блатчани, гостопримливи домакини. Кој еднаш дошол посакал пак да дојде. Сиромавиот можеби нема многу, но има добра душа, добро срце. Блатец гордо звучи меѓу нас и кај сите што биле кај нас. Плачковица е нашиот природен лекар: чаеви, свежина, чист воздух, студена изворска вода. Во подножјето че ве пречека нашиот манастир „Св Ѓорѓи“ со своите конаци. Овде можете да се одморите, да преноќите, да уживате во убавата глетка кон селото, во природата. Пред вас ќе ја завележите и црквата од 19 век „Св.Пророк Илија“. Не пропуштајте ја и таа убавина да ја посетите и да ја видите нашата убавица, нашата православна гордост. Покрај неа тече реката Блатешница со своето многу издлабено речно корито. Навечер една убава прошетка по кејот на истата може да ве почести со чаша студена изворска вода Јанкуловската и Димовската чешма, сигурно ќе ви се допадне. Продолжете понатаму по патот и разгледајте ги старите градби на старите блатчани а секако и најубавите претежно на нашите „странци“. Кога ќе направите една убава прошетка патот ќе ве донесе до центарот,до местото на младите каде ќе можете да се запознаете со нив и со нив да размените „некоја дума“ на блатечки...

Го тргнав горниот текст од статијата од повеќе причини - од кои една е основна, ова не е енциклопедиски текст, туку туристички водич. --FlavrSavr 15:49, 14 Февруари 2006 (UTC)
Назад на страницата „Блатец“.