Радојко Аврамовиќ

Радојко „Ради“ Аврамовиќ (роден на 29 ноември 1949 година) е поранешен српски фудбалски тренер кој играл за репрезентацијата на Југославија на позицијата голман. Тој бил поранешен селектор на репрезентацијата на Сингапур и репрезентацијата на Мјанмар. Од јули 2019 година, тој бил назначен за тренер на Хоум Јунајтед.

Аврамовиќ ги прекинал студиите по право цели две години за да стане фудбалер. Играчката кариера ја започнал во ФК Борац од Чачак во Втората југословенска лига во далечната 1969 година. Во 1974 година потпишал за југословенскиот прволигаш ХНК Риека. Како победник на Купот на Југославија 1977–78 со екипата на Риека, тој играл во Купот на победниците на куповите 1978–79 на европско ниво. Го одиграл својот единствен меѓународен натпревар со репрезентацијата на Југославија во натпревар од Балканскиот куп против Грција и тоа на 15 ноември 1978 година. Тој бил избран од тренерот на Нотс Каунти, Џими Сирел, и подоцна потпишал договор со клупски рекорд од вкупно 200.000 фунти. Во 1979 година, па и подоцна, Аврамовиќ бил еден од најдобрите играчи на клубот. Тој придонел со вкупно 16 голови кога клубот на Нотс Каунти бил промовиран во тим од Првата дивизија. Тоа се случило во 1981 година или по цели 54 години од својата историја на постоење.За овој клуб Аврамовиќ одиграл 167 натпревари пред да се пресели во екипата на Ковентри Сити во сезоната 1983-1984. Во 1984 година, Аврамовиќ се вратил во Југославија и тоа во екипата на ОФК Београд каде ја одиграл својата последна сезона, помагајќи им да ја освои титулата во Втората источна дивизија. Потоа тој се пензионирал како играч на 35-годишна возраст.

Аврамовиќ од 1993 до 1998 година бил на чело на тимовите од сениорската лига во Оман. Во август 1998 година, тој бил назначен за помошник тренер на репрезентацијата на Кувајт, а како тренер на нивниот олимписки тим една година подоцна. Го водел тимот до 23 години низ азиските квалификации, па сѐ до Летните олимписки игри 2000 година. По заминувањето на Берти Фогтс во февруари 2002 година, Аврамовиќ ја презел функцијата национален селектор на репрезенатцијата на Кувајт. Тој го предводел сениорскиот тим до нивната прва титула на западноазиските игри во април, а тимот до 23 години до четврт-финалето на Азиските игри 2002 година во октомври. Во четврт финалето Кувајт загубил со резултат од 0:1 од подоцнежните освојувачи на сребрениот медал, репрезентацијата на Иран. Неговиот договор сепак бил раскинат во декември по лошиот настап на Купот на Арапските нации во 2002 година. Тој подоцна го предводел тимот на Оман Мускат клуб до титулата во Оманската лига 2002-03. Во овој клуб останал шест месеци до февруари 2003 година. Во јули 2003 година, Аврамовиќ бил претставен како тренер на репрезентацијата на Сингапур. Тој успеал да го донесе Сингапур до нивната прва меѓународна титула во фудбалското првенство на АСЕАН во 2004 година. Истиот успех со репрезентацијата на Сингапур го постигнал и во 2007, како и во 2012 година. По една деценија помината во Сингапур, Аврамовиќ се откажал од селекторската функција во декември 2012 година. Во февруари 2014 година, тој бил назначен за селектор на репрезентацијата на Мјанмар.

Во јули 2019 година, тој се вратил во Сингапур како главен тренер на екипата Хоум Јунајтед. Но, подоцна поради дијагностицирањето на болеста рак на бели дробови ја завршил својата тренерска кариера.

Клупска кариера

уреди

Аврамовиќ ја започнал својата играчка кариера со југословенскиот клуб од Втората лига ФК Борац од Чачак во 1969 година, откако ги прекинал студиите по право.[1] Бидејќи тој не сакал да игра со глава, бил прекомандуван од централната одбранбена позиција на голманската позиција.[2] Со клубот на Борча ја освоил титулата во Втората лига Источна Дивизија 1972-1973 година. Во 1974 година, тој потпишал за првиот лигашки клуб ХНК Риека од Риека, каде што одиграл вкупно 119 лигашки настапи и го освоил Купот на Југославија 1977-78. Како победник на Купот, Риека се квалификувала за Купот на победниците на куповите 1978–79. Во првото коло, Риека го победила велшкиот клуб Рексам со резултат 3:2 на двата натпревари и се пласирал во следната рунда.[3][4] Риека одиграла нерешено против белгискиот тим КСК Беверен во второто коло на домашен терен и по нерешениот натпревар без голови во домашниот натпревар Риека примила два гола во реваншот и испаднала од натпреварувањето со вкупен резултат 0:2.[5][6]

Во 1978 година, Фудбалскиот сојуз го укинала ограничувањето за странски играчи во фудбалската лига. Аврамовиќ бил избран од менаџерот на Нотс Каунти , Џими Сирел, кој тврдел дека нашол „голман кој ќе ги задржи во Втората дивизија “ и го убедил неговиот претседател Џек Данет да плати рекордни за тоа време 200.000 фунти за неговиот трансфер.[7][8] Сирел го земал Аврамовиќ под своја лична заштита, а подоцна го сметал за еден од неговите најдобри играчи. На почетокот на кариерата во Нотс Каунти, Аврамовиќ ги честел сите нови соиграчи купувајќи им пијалок како пријателски гест. Еден локален репортер го видел тоа и напишал во својот напис во локалниот весник за тоа дека Аврамовиќ е „чарли на новото време“. Следниот пат кога истиот репортер отишол во Медоу Лејн, Сирел физички го нападнал и го исфрлил од просториите поради лошиот напис во весникот за својот фудбалер. На 4 август 1979 година, тој го одиграл својот прв натпревар за клубот против екипата на Менсфилд Таун во квалификациите за англо-шкотскиот куп. Својот прв натпревар во лигата го одиграл против тимот на Кардиф Сити на 18 август, при што неговиот тим славел победа од 4:1. Страчките (како што популарно го нарекуваат тимот на Нотс Каунти) завршиле на 17-то место во лигата во таа сезона, но стигнале до промоција во Првата дивизија со освојувањето на второто место во сезоната 1980-1981. Во првата сезона од враќањето на клубот во првата лига по 54 години, Аврамовиќ играл на сите 42 лигашки натпревари. Таа сезона Нотс Каунти го победил тимот на Арсенал со резултат од 2:1 и исто така го победиле бранителот на титулата тимот Астон Вила со резултат од 1:0. Аврамовиќ во вкупно четири сезони за клубот одиграл 167 натпревари.

Во 1983 година, Аврамовиќ заминал за Канада за да игра за екипата на ФК Интер-Монтреал.[9] Но, по кратко менаџерот на Ковентри Сити, Боби Гулд го убедил да им се приклучи во Првата дивизија 1983-84. Тој го одиграл својот прв натпревар во победата со 2:1 на стадионот Хајфилд Роуд над екипата на Лестер Сити. Аврамовиќ ја загубил стартната позиција на голман по голем број на голмански грешки. Таква грешка се случила против тимот на Стоук Сити. Гулд изјавил дека нема повторно да го постави Аврамовиќ на голот во интервјуто по натпреварот. По неуспехот во клубот, Аврамовиќ во 1984 година се вратил во Југославија во тимот на ОФК Белград. Таа година со тимот ја освојува титулата во југословенската Втора лига источна дивизија. Таа сезона му била една и единствена во клубот, но и последна во неговата кариера по што одлучува да се пензионира на 35 годишна возраст.

Репрезентација

уреди

Аврамовиќ го одиграл својот единствен натпревар со репрезентацијата на Југославија на 15 ноември 1978 година.[10] Тој го одиграл целиот натпревар во кој репрезентацијата на Југославија ја победила репрезентацијата на Грција со 4:1 во Балканскиот куп.[11]

Статистика во кариерата

уреди

Клуб

уреди
Клуб Сезона Југославија Југословенски куп Европски натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
ФК Борац Чачак 1969–70 Втора лига - - - - 0 0
1970–71 Втора лига - - - - 0 0
1971–72 Втора лига - - - - 0 0
1972–73 Втора лига - - - - 0 0
1973–74 Втора лига - - - - 0 0
1974–75 Втора лига - - - - 0 0
Вкупно 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0
ХНК Ријека 1974–75 Прва лига 5 0 5 0
1975–76 Прва лига 16 0 1 0 17 0
1976–77 Прва лига 34 0 2 0 36 0
1977–78 Прва лига 31 0 5 0 36 0
1978–79[12] Прва лига 32 0 6 0 4 0 42 0
1979–80 Прва лига 1 0 0 0 0 0 1 0
Вкупно 119 0 14 0 0 0 4 0 137 0
Клуб Сезона Англија ФА куп Лига куп Европски натпревари Вкупно
Нотс Каунти 1979–80[13] Втора дивизија 33 0 0 0 2 0 35 0
1980–81[14] Втора дивизија 38 0 1 0 6 0 45 0
1981–82[15] Прва дивизија 42 0 0 0 2 0 42 0
1982–83[16] Прва дивизија 36 0 2 0 5 0 41 0
Вкупно 149 0 3 0 15 0 0 0 167 0
Ковентри Сити 1983–84[17] Прва дивизија 18 0 4 0 2 0 24 0
Вкупно 18 0 4 0 2 0 0 0 24 0
Клуб Сезона Југославија Југословенски куп Европски натпревари Вкупно
ОФК Белград 1984–85 Втора лига 25 0 - - 25 0
Вкупно 25 0 0 0 0 0 0 0 25 0
Вкупно во кариерата 311 0 21 0 17 0 4 0 353 0

Навод[18]

Репрезентација

уреди
Репрезентација на Југославија
Година Натпревари Голови
1978 година 1 0
Вкупно 1 0

Навод:[19]

Признанија на играчот

уреди

ФК Борац Чачак

  • Освоена е Југословенска втора лига Источна дивизија: 1972–73

ХНК Риека

  • Освоен е Куп на Југославија: 1978, 1979 година
  • Победници на Балкански куп: 1978 година

Каунти Нотс

ОФК Белград

  • Освоена е Југословенска втора лига Источна дивизија: 1984–85

Индивидуални успеси

  • Прогласен од Нотс Каунти ФК Играч на сезоната: 1983 година

Тренерска кариера

уреди

Почетните години

уреди

Аврамовиќ се преселил во Азија во 1991 година. Тој бил поставен да ги води тимовите од сениорската група на Оман од 1993 до 1998 година. Во август 1998 година, тој бил назначен за помошник тренер на Кувајт, а како тренер на нивниот олимписки тим една година подоцна. Тој го водел олимпискиот тим низ азиските квалификации до Летните олимписки игри 2000 година.[20] По заминувањето на Берти Фогтс во февруари 2002 година, Аврамовиќ ја презел функцијата селектор на Кувајт. Тој го предводел сениорскиот тим до нивната прва титула на западноазиските игри во април, а тимот до 23 години до четврт-финалето на Азиските игри 2002 година во октомври, кои загубиле со 1-0 од евентуалните сребрени медалисти Иран. Сепак, неговиот договор бил раскинат во декември, кога домаќинот Кувајт не успеал да стигне до полуфиналето на Купот на Арапските нации во 2002 година.[21][22] Од февруари до јули 2003 година, тој бил тренер на оманскиот клуб Мускат кој успеал да стигне до титулата во Оманската лига 2002-03.

Сингапур

уреди

Во декември 2002 година, Сингапур не успеал да ја постигне својата цел да стигне до финалето на Купот на Тајгер во 2002 година. Резултатите вклучувале пораз од 4:0 од традиционалниот ривал репрезентацијата на Малезија и тоа на Националниот стадион. Сингапур испаднал од натпреварувањето и тоа со помалата гол-разлика во групната фаза.[23] По овие резултати тренерот Јан Б. Поулсен бил отпуштен и по шест месеци пребарување, Аврамовиќ бил назначен за тренер на Сингапур на сениорите и до 23 години тимовите, на договор за две и пол години во јули 2003 година.[24] Фудбалската федерација на Сингапур ФАС му поставила цел да се квалификува со Сингапур на Азискиот куп во 2004 година, како и да стигне до финалето на Купот на Тигар во 2004 година. Дополнителна задача била да се освојат и Игрите на Југоисточна Азија во 2005 година.[25] Аврамовиќ го презел водството на репрезенатацијата и на својот прв натпревар во август постигнал победата од 4:1 на меѓународниот пријателски натпревари против репрезентацијата на Хонгконг.[26] Лавовите (популарно нааречени играчите на репрезентацијата на Сингапур) ги започнале квалификациите за Азискиот куп во 2004 година со два порази од поранешната репрезентација на Аврамовиќ, тимот на Кувајт во месец септември. Своите први бодови Сингапур ги освоил со победа и нерешен резултат со тимот на Палестина. Поразот со 2-0 од Катар во ноември ги уништил нивните надежи за пласман во финалето.[27] Аврамовиќ по поразот и неуспехот истакнал дека треба да се стави акцент на развивање и оспособување на повеќе млади играчи во државната репрезентација.[28]

Сингапур бил извлечен на извлекувањето во 2004 година во истата група со Јапонија, Индија и Оман за квалификациите за Светското првенство во 2006 година. Тие завршиле на последното место во Групата 3 со една победа и пет порази, вклучително и два тесни порази од победникот на Азискиот куп на АФЦ, репрезентацијата на Јапонија. На Тигар Куп 2004, Сингапур требало да игра против репрезентациите од А групата Индонезија, Камбоџа, Лаос и ко-домаќинот Виетнам.[29] И покрај тоа што репрезентацијата на Сингапур имала четири победи во осумнаесет одиграни натпревари, ФАС му дале гаранција на Аврамовиќ дека нема да биде отпуштен од работа, дури и ако тој не успее да ја исполни целта да стигне до финалето на турнирот.[30] Неговиот тим во Тајгер Купот ги ангажирал натурализираните играчи Даниел Бенет, Агу Касмир и Итими Диксон. Сингапур одиграл нерешено 1:1 со Виетнам во нивниот воведен натпревар, потоа 2:2 против Индонезија. Победата со 6:2 против тимот на Лаос и пораз од 0:3 од репрезентацијата на Камбоџа. Со овие резултати репрезентацијата на Сингапур се квалификувала во полуфиналето од турнирот како второпласирана екипа од својата група. Сингапур во полуфиналето играл против Мјанмар, забележувајќи победа од 4:3.[31][32] Победата од 4:2 во продолжението над репрезентацијата на Мјанмар на Лавовите им го донело финалето каде што се соочиле со репрезентацијата на Индонезија. Сингапур постигнал победа од 3:1 во Сенајан во првиот натпревар, и победа од 2:1 во Каланг на вториот натпревар. Ова се случило на 16 јануари 2005 година. Репрезентацијата на Сингапур го освоила трофејот и тоа бил нивна втора меѓународна титула по победата на турнирот во 1998 година.[33] Лавовите биле почестени за нивната победа во Купот со наградата Тим на годината на манифестацијата на Сингапурските спортски награди во 2005 година.[34]

Понудата на ФАС за нов двегодишен договор стигнала во мај 2005 година. Поради интересот за услугата на тренерот од страна на други репрезентации од Блискиот Исток и Азија, Аврамовиќ долго размислувал. Тој се жалел поради недостатокот на посилни натпреварувачки натпревари за државната репрезентација и малата поддршка за играчите од целата нација.[35] Сепак тој останал во Сингапур. Во јуни, Аврамовиќ објавил скратен список од 40 играчи за Игрите на Југоисточна Азија кои би се одржале во месец ноември.[36] Како дел од нивните подготовки, репрезентацијата на Сингапур учествувала на младинско првенство на АФФ У-23 што се одржало во месец септември. На овој турнир тимот на Сингапур завршил на второто место веднаш зад репрезентацијата на Тајланд. Иако тимот на Сингапур до 23 години бил составен од девет играчи кои го освоиле Купот на Тигар во 2004 година, тие не успеале да напредуваат повеќе од групната фаза на Игрите на Југоисточна Азија во 2005 година.[37] И покрај претходните шпекулации за негово евентуално заминување од тренерската позиција, Аврамовиќ потпишал нов двегодишен договорот во месец декември.[38]

Во 2006 година, Сингапур бил сместен во истата група со Ирак, Кина и Палестина за квалификациите за Азискиот куп 2007 година. Тие успеале да го победат тимот на Ирак со 2:0, но го загубиле следниот натпревар со само еден гол од репрезентацијата на Палестина. Иако Сингапур загубил само на голот и тоа во судиското надополнување од репрезентацијата на Кина и одиграл нерешено на реваншот дома, нивниот пораз од Ирак со 4:2 во октомври го потврдило нивното отсуство од Игрите во 2007 година. По апелот на ФАС, СНОК дозволило учество на Сингапур на фудбалското натпреварување до 23 години на Азиските игри 2006. Ова бил прв пат по 16 години фудбалскиот тим на Сингапур да биде испратен на Азиските игри.[39] Иако Младите Лавови биле засилени со натурализираните играчи Ши Џиаји и Итими Диксон, тие не успеале да ја надминат првата пречка, завршувајќи на третото место во својата група по нерешените средби со репрезентацијата на Сирија и репрезентацијата на Индонезија и поразот од тимот на Ирак.

Сингапур бил ко-домаќин на фудбалското првенство на АСЕАН заедно со државата Тајланд. Тие ја започнале својата одбрана на титулата со нерешен резултат без голови против тимот на Виетнам на 13 јануари. Два дена подоцна, напаѓачот Но Алам Шах постигнал седум гола во рекордната победа од 11:0 над државната репрезентација на Лаос.[40] Сингапур се пласирал во полуфиналето откако завршил на првото место во својата група. Тие се сретнале со репрезентацијата на Малезија во полуфиналето. Натпреварот завршил 1:1 и по изведување на пеналите Сингапур успеал да се квалификува во финалето. Во финалето против репрезентацијата на Тајланд кој го немале победено цели 30 години, успеале да победат со резултат од 2:1 во првиот натпревар, тим што го немале поразено во натпреварувачки натпревар 30 години, во финалето. Тие го победиле Тајланд со 2-1. Ова се случило на 31 јануари. Тајланд водел во Бангкок на вториот натпревар со резултат од 1:0, но подоцна тимот на Сингапур постигнал гол и успеал резултатот да го изедначи. Овој натпревар завршил со резултат од 1:1, и со вкупни 3:2 Сингапур успеале да го освојат турнирот.[41] Со овој натпревар, Сингапур поставил серија без загубен натпревар од вкупно 15 натпревари под водство на тренерот Аврамовиќ што датира од турнирот во 2004 година и ѐвкупниот рекорд на турнирот од 17 натпревари без пораз кој важел од 2002 година.[41][42]

Аврамовиќ го избрал Харис Харун за да игра за репрезентацијата на Сингапур. Тој својот прв интернационален натпревар го имал против репрезентацијата на Северна Кореја на 24 јуни 2007 година.[43][44] Со ова појавување, Харис станал најмладиот играч кој некогаш играл за репрезентацијата на Сингапур на возраст од само 16 години и 217 дена, соборувајќи го претходниот рекорд кој го држел сингапурската легенда Фанди Ахмад, кој за прв пат настапил со 17 години, 3 месеци и 23 дена.[45] Аврамовиќ подоцна го опишал Харис како „исклучителен играч“.[46] Репрезентацијата на Сингапур одиграла нерешено против тимот на Палестина во првото коло од квалификациите за Светското првенство 2010 година. Лавовите победиле на првиот натпревар со 4:0 и им била доделена победа од 3-0 во домашниот натпревар, откако тимот на Палестина не се појавил на натпреварот. На 1 ноември, Аврамовиќ го повикал напаѓачот Александар Ѓуриќ,[47] да настапува за Сингапур, кој не бил во Шемата за странски спортски таленти.[48] Тој во меѓувреме во месец септември добил сингапурско државјанство од нефудбалски причини.[49][50] Ѓуриќ својот прв натпревар за Сингапур го одиграл на возраст од 37 години и 89 дена против репрезентацијта на Таџикистан, првиот натпревар од второто коло од квалификациите за Светското првенство. Овој натпревар се одиграл на 9 ноември. Ѓуриќ придонел во победата на Сингапур од 2:0 постигнувајќи ги двата гола за својата репрезентација.[51] Неколку часа пред почетокот на истиот натпревар, капитенот на државната репрезентација, Ајде Искандар, најавил итно повлекување од меѓународниот фудбал.[52] Ајде бил суспендиран од државната репрезентација и го пропуштил пријателскиот натпревар против ОАЕ (Обединети Арапски Емирати) и квалификацискиот натпревар за Светското првенство против тимот на Палестина. Аврамовиќ подоцна во месец декември го водел тимот на Сингапур до 23 години на Игрите на Југоисточна Азија 2007 година каде што го освоиле третото место и бронзениот медал. Настапите во 2007 година довеле до освојување на наградите Лавови, а Аврамовиќ ја добил наградата за тренер на годината.[44][53] Аврамовиќ бил само третиот фудбалски тренер во историјата на Сингапур по Чу Сенг Кве и Џита Синг што ја постигнал оваа тренерската чест и слава.

Ждрепката за третото квалификациско коло за Светското првенство го сместила Сингапур во друштво на репрезентациите на Узбекистан, Саудиска Арабија и Либан, а натпреварите започнале во месец февруари 2008 година. И покрај двете победи над Либан, разликата во квалитетот била очигледна во поразот на домашен терен од Узбекистан со резултат од 3:7. Подоцна Сингапур загубил и од Саудиска Арабија и повторно од Узбекистан со резултати од 3:0, 1:0 и 2:0. Бранењето на титулата Сингапур на АФФ Сузуки Купот 2008 го започнал со совршени резултати во групната фаза, забележувајќи победи над репрезентацијата на Камбоџа, Мјанмар и ко-домаќинот Индонезија.[54] Првиот полуфинален натпревар против репрезентацијата на Виетнам завршил нерешено без голови. Сингапур подоцна во вториот натпревар загубил од тимот на Виетнам и така не успаеале да го освојат турнирот.[55]

Сингапур бил сместен во групата Е од квалификациите за Азискиот куп 2011 заедно со репрезентациите на Тајланд, шампионот на Западна Азија од 2008 година Иран и второпласираниот тим на Јордан. Сингапур бил поразен со резултат од 6:0 на гостувањето кај Иран во јануари 2009 година, но подоцна го победиле Јордан со резултат од 2:1 на домашен терен. Сингапур загубил со резултат од 3:1 од Тајланд во градот Каланг во ноември. На возвратниот натпревар го победил тимот на Тајланд со резултат од 1:0. Понатамошните порази од репрезентациите на Иран и Јордан, на почетокот на 2010 година го сместиле Сингапур на дното во групата. Аврамовиќ сметал дека неуспехот на тимот да се квалификува за Азискиот куп во 2011 година било негово најголемо разочарување како тренер на репрезентацијата.[56] Следната задача за тимот на Сингапур била АФФ Сузуки Купот во декември 2010 година. Сингапур доживеал шокантно нерешен резултат со 1.1 со репрезентацијата на Филипините за освојување на првото место во групата Б.[57] Затоа и подоцна му била потребна победа против тимот на Мјанмар. Сингапур успеал да го победи Мјанмар со резултат од 2:1.[58]

По разочарувачкиот крај од Сузуки купот поради извештаите за лоша дисциплина кај играчите,[56] ФАС одлучил комплетно да го распушти и повторно од почеток да го создаде државната репрезентација, при што претседателот на ФАС Заинудин Нордин изјавил дека само четири или пет играчи ќе останат во новиот тим. Аврамовиќ, сепак, повикувал на внимателност при изборот на играчи за државната репрезентација. Во провизорниот тим од 33 играчи објавен за пријателските и претстојните квалификации за Светското првенство, тринаесет играчи ги добиле на своја прва покана, додека осум играчи од тимот кои настапувале на Сузуки Купот во 2010 година биле отстранети.[59][60] ФАС ги прецизирал наредните цели и тоа да се стигне до третото коло од квалификациите за Светското првенство и да се обезбеди најмалку финале на Купот Сузуки за 2012 година.[61] Сингапур одиграл нерешено против традиционалниот ривал репрезентацијата на Малезија во второто коло од квалификациите за Светското првенство 2014 година. На 23 јули 2011 година, Сингапур ја победил Малезија со 5:3 на стадионот Јалан Бесар. Лавовите успеале да одиграат со Малезија нерешено 1:1 во Куала Лумпур на гостински терен. Со вкупен резултат 6:4 тимот отишол во следното коло. По извлекувањето на третото коло Сингапур бил сместен во иста група со репрезентациите на Ирак, Јордан и Кина. Сингапур ги загубил сите натпревари и завршил на дното во групата, постигнувајќи само два гола, а примајќи притоа дури дваесет. Поразот од 7:1 од Ирак во февруари 2012 година довело до остри повици до тренерот Аврамовиќ за да се повлече од тренерската позиција.[56][62] И покрај тоа што добил две тренерски понуди, Аврамовиќ одлучил да остане на селекторската функција.[63] На 11 април 2012 година, Сингапур паднал на најниското рангирање на ФИФА во историјата на репрезентацијатаа и тоа на 158 место.[64] Лошата серија на репрезентацијата продолжила и со дополнителни порази на пријателските натпревари од тимовите на Малезија и Филипини. Поразот од Филипини бил прв по цели 40 години.[65]

Во октомври 2012 година, било објавено дека Аврамовиќ и ФАС постигнале заеднички договор дека неговиот ангажман нема да биде продолжен, без оглед на настапот на тимот на Купот на АФФ Сузуки во 2012 година.[66] Репрезентацијата на Сингапур била извлечена во иста група, а тоа била групата Б со ко-домаќините Малезија, Индонезија и Лаос. На 21 ноември, ФАС го објавила финалниот состав на тимот од 22 играчи,[67] при што Аврамовиќ избрал само пет одбранбени играчи за турнирот.[68] Сингапур го започнал турнирот со победа од 3:0 над бранителот на титулата Малезија.[69] И покрај поразот со 1:0 од Индонезија во следниот натпревар,[70] Сингапур успеал да го освои првото место во групата со тесната победа од 4:3 над репрезентацијата на Лаос.[71] Полуфиналната пресметка ги спротивставила репрезентациите на Сингапур и таа на Филипините. Првиот натпревар во градот Манила завршил нерешено.[72] Во реваншот, Хаирул Амри го постигнал единствениот гол на натпреварот за да му овозможи на својот Сингапур да игра во финалето.[73] Во финалето репрезентацијата играла против тимот на Тајланд, и двете репрезентации биле дотогаш по трипати освојувачи на тој турнир. Сингапур на домашен терен успеал да направи разлика и да победи со резултат од 3:1. Тоа се случило на 19 декември.[74] Пред реваншот, тренерот Аврамовиќ ги потврдил претходните информации дека сепак по крајот на турнирот ќе се повлече од тренерската позиција.[75] Иако Тајланд победил со гол во Бангкок три дена подоцна, вкупната победа од 3:2 го потврдила Сингапур како рекорден 4-кратен победник на Купот. Ова била вкупно трета победа на тренерот Аврамовиќ на тој турнир.[76] По завршувањето на Сузуки купот, ФАС најавила заминување на Аврамовиќ како национален селектор.[77]

Мјанмар

уреди

Во февруари 2014 година, Аврамовиќ бил назначен за национален тренер на Мјанмар со договор на една година и половина.[78] На 17 октомври, Фудбалската федерација на Мјанмар објавила дека се разделуваат со Аврамовиќ и дека на негово место доаѓа Герд Зајсе, кој го предводел Мјанмар на Светското првенство за играчи до 20 години во 2015 година.[79][80]

Хоум Јунајтед

уреди

Во јули 2019 година,Аврамовиќ бил назначен како главен тренер на екипата на Хоум Јунајтед.[81] Сепак, неговиот ангажман бил одеднаш скратен должина од 1 месец. Причината била дијагностифицирањето на болеста рак на белите дробови.[82] Неговата оставка била конечен крај за неговата славна тренерска кариера.

Приватен живот

уреди

Аврамовиќ ја запознал својата сопруга Братислава во летото 1973 година, а се венчале две години подоцна. Таа се откажала од кариерата како професионален психолог за да може да го придружува својот сопруг во Англија кога потпишал за тимот на Нотс Каунти.[83] Заедно имаат еден син и двајца внуци.[1]

Аврамовиќ заболел од рак на белите дробови во 2019 година, со што ја завршил својата тренерска кариера како фудбалски стручњак и продолжил да се лекува во родната земја, Србија.[82]

Тренерски почести

уреди

Кувајт

  • Освоени се Западно-азиските игри: 2002 година

Клуб Мускат

  • Освоена е Оманска лига: 2002–03[84]

Сингапур

  • Победник во Фудбалско првенство на АСЕАН: 2004, 2007, 2012 година[85]
  • Трето место на Игри на Југоисточна Азија (У-23): бронза – 2007 година

Мјанмар

  • Освоен е Филипински куп за мир: 2014 година

Индивидуални достигнувања

  • Тренер на годината на фудбалската федерација на Сингапур[86]
  • Од Сингапурски спортски совет прогласен е за тренер на годината: 2007[44]

 

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 G. Sivakkumaran (4 August 2003). „The other side of coach Raddy“. The Straits Times. стр. 9.
  2. Wang, Meng Meng (25 January 2009). „Lion tamer“. The Straits Times. стр. 35.
  3. „Rijeka 3 - 0 Wrexham“. sharkscores.com. Архивирано од изворникот на 17 March 2014. Посетено на 26 April 2014.
  4. „Wrexham 2 - 0 Rijeka“. sharkscores.com. Архивирано од изворникот на 17 March 2014. Посетено на 26 April 2014.
  5. „Rijeka 0 - 0 Beveren“. sharkscores.com. Архивирано од изворникот на 17 March 2014. Посетено на 26 April 2014.
  6. „Beveren 2 - 0 Rijeka“. sharkscores.com. Архивирано од изворникот на 17 March 2014. Посетено на 26 April 2014.
  7. Jones, Joe. „Notts Alumni - Raddy Avramovic“. Pride of Nottingham. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 25 April 2014.
  8. „Happy Days at Meadow Lane“. Notts County Former Players' Association. Архивирано од изворникот на 2014-04-26. Посетено на 26 April 2014.
  9. Tougas, Marc (December 16, 2019). „L'aventure de l'Inter : la plus courte mais la plus belle“ [Inter's adventure: the shortest but the most beautiful]. Viau Park (француски).
  10. „Avramovic Radojko“ (српски). Serbian National Football Team. Архивирано од изворникот на 2017-04-15. Посетено на 25 April 2014.
  11. „Yugoslavia National Team List of Results 1970-1979“. RSSSF. Посетено на 25 April 2014.
  12. „Raddy Avramović - Club matches - Cup Winners Cup“. worldfootball.net. Посетено на 26 April 2014.
  13. „Notts County FC 1979/80 - Match Line-Up's & Details“. ntlworld.com. Архивирано од изворникот на 20 March 2014. Посетено на 26 April 2014.
  14. „Notts County FC 1980/81 - Match Line-Up's & Details“. ntlworld.com. Архивирано од изворникот на 27 April 2014. Посетено на 26 April 2014.
  15. „Notts County FC 1981/82 - Match Line-Up's & Details“. ntlworld.com. Архивирано од изворникот на 27 April 2014. Посетено на 26 April 2014.
  16. „Notts County FC 1982/83 - Match Line-Up's & Details“. ntlworld.com. Архивирано од изворникот на 27 April 2014. Посетено на 26 April 2014.
  17. „All Coventry City football club players: 1984“. 11v11.com. Посетено на 26 April 2014.
  18. „NK Rijeka“. nk-rijeka.hr. Посетено на 8 November 2018.
  19. „Radojko Avramović“. National Football Teams. Посетено на 25 April 2014.
  20. Chua, Alvin (19 August 2004). „Raddy's Olympic joy and despair“. Today. стр. 50.
  21. „Saudis grab golden victory“. BBC Sport. 8 January 2003.
  22. Ho, Stanley (2 July 2003). „FAS sets Lions' boss Avramovic three targets as he starts two-year stint“. Today (afternoon ed.). стр. 35.
  23. „Looking back - 2002“. affsuzukicup.com. Архивирано од изворникот на 29 April 2014. Посетено на 29 April 2014.
  24. Lim, Marc (2 July 2003). „Raddy to assume soccer's hot seat“. The Straits Times. стр. 8.
  25. Ho, Stanley (2 July 2003). „New coach, new mantra“. Today. стр. 35.
  26. Chia, Han Keong (5 August 2003). „Singapore win 4-1 but hey...“. The Straits Times. стр. 8.
  27. Ho, Stanley (20 November 2003). „Lions out of Asian Cup“. Today (afternoon ed.). стр. 68.
  28. Ho, Stanley (21 November 2003). „Raddy to bank on youth“. Today. стр. 71.
  29. Lim, Marc (8 July 2004). „Lions, Malaysia separated in Tiger Cup“. The Straits Times. стр. 6.
  30. Raymond, Jose (27 November 2004). „No axe for Raddy“. Today. стр. 70.
  31. Raymond, Jose (29 December 2004). „Myo issue clouds clash“. Today. стр. 35.
  32. Raymond, Jose (6 January 2005). „Clarity sought on player bans“. Today. стр. 61.
  33. „Looking back – 2004“. affsuzukicup.com. Архивирано од изворникот на 29 April 2014. Посетено на 28 April 2014.
  34. Lim, Marc (22 April 2005). „Finally, Lions land the big one“. The Straits Times. стр. 20.
  35. Raymond, Jose (25 May 2005). „Raddy to leave S'pore?“. Today. стр. 1.
  36. „Raddy dangles SEA Games carrot before 40 players“. Today. 15 June 2005. стр. 43.
  37. Raymond, Jose (29 November 2005). „Some players have become too big for their shoes“. Today. стр. 45.
  38. Raymond, Jose (30 December 2005). „Raddy stays on for two more years“. Today. стр. 57.
  39. Raymond, Jose (23 November 2006). „A necessary painful trek“. Today. стр. 62.
  40. Lim, Marc (16 January 2007). „Lions record their biggest-ever win“. The Straits Times. стр. 29.
  41. 41,0 41,1 Church, Michael. „Singapore usurp Thailand on their way to the top“. espnfc.com. Посетено на 29 April 2014.
  42. „Looking back - 2007“. affsuzukicup.com. Архивирано од изворникот на 29 April 2014. Посетено на 29 April 2014.
  43. „Passionate About the Beautiful Game“. Nanyang Polytechnic. Архивирано од изворникот на 30 January 2015. Посетено на 12 March 2014.
  44. 44,0 44,1 44,2 „Coach 2007 Radojko Avramovic“. SSC Sports Museum. Архивирано од изворникот на 11 March 2014. Посетено на 25 April 2014.
  45. Lim, Leonard (25 June 2007). „Lions off to winning start in Invitational opener“. The Straits Times.
  46. Lee, David (18 September 2012). „Avramovic cleared of making 'critical comments'. The New Paper. Архивирано од изворникот на 11 March 2014.
  47. Wang, Meng Meng (2 November 2007). „Striker Duric gets call-up“. The Straits Times. стр. 58.
  48. „End in sight for Tampines' Rover“ (PDF). AFC Quarterly (issue 2). April 2013. стр. 35. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-03. Посетено на 2022-01-20.
  49. Wang, Meng Meng (28 September 2007). „New Singaporean Duric could line up for Lions“. The Straits Times. стр. 60.
  50. „Interview with Aleksandar Duric (Part 1)“. redsports.sg. Посетено на 26 March 2014.
  51. „Road to South Africa: Duric bags brace to give Lions advantage“. FAS. Архивирано од изворникот на 6 April 2014. Посетено на 6 April 2014.
  52. Wang, Meng Meng (10 November 2007). „Aide quits the lions“. The Straits Times. стр. 80.
  53. „Winners“. The Straits Times. 15 May 2008. стр. 42.
  54. „2008 Fixtures & Results“. affsuzukicup.com. Архивирано од изворникот на 29 April 2014. Посетено на 29 April 2014.
  55. „2008 AFF Suzuki Cup review“. affsuzukicup.com. Архивирано од изворникот на 29 April 2014. Посетено на 29 April 2014.
  56. 56,0 56,1 56,2 Wang, Meng Meng (15 January 2013). „Coach Raddy's farewell interview“. The Straits Times. Архивирано од изворникот на 29 April 2014.
  57. „Singapore 1 - 1 Philippines: Late Greatwich strike shocks Singapore“. affsuzukicup.com. Архивирано од изворникот на 2 May 2012. Посетено на 29 April 2014.
  58. „Vietnam 1 Singapore 0 - Vietnam bounce back to seal semi spot“. affsuzukicup.com. Архивирано од изворникот на 13 April 2014. Посетено на 29 April 2014.
  59. Lee, David (25 May 2011). „Eight dropped as Raddy announces new Lions squad“. The New Paper. Архивирано од изворникот на 29 April 2014.
  60. „Football: Avramovic drops non-performers and brings in youth“. redsports.sg. Посетено на 29 April 2014.
  61. „Singapore set sight on final of AFF Suzuki Cup 2012“. AFF. Посетено на 30 April 2014.
  62. Kasim, Ali (2 March 2012). „Fans want Raddy out“. The New Paper. Архивирано од изворникот на 29 April 2014.
  63. Lee, David (10 October 2012). „Avramovic only focused on Lions“. The New Paper. Архивирано од изворникот на 29 April 2014.
  64. Lee, David (12 April 2012). „S'pore sink to new low, but Raddy unfazed“. The New Paper. Архивирано од изворникот на 30 April 2014.
  65. Lee, David (8 September 2012). „No Duric, no bite“. The New Paper. Архивирано од изворникот на 30 April 2014.
  66. Nair, Sanjay; Chen, May (10 October 2012). „Raddy Avramovic set to leave after Suzuki Cup“. The Straits Times. Архивирано од изворникот на 2015-03-25. Посетено на 2022-01-20.
  67. „Singapore's final 22 for the AFF Suzuki Cup 2012“. FAS. Архивирано од изворникот на 30 April 2014. Посетено на 30 April 2014.
  68. Lee, David (23 November 2012). „Raddy: Thin defence not a problem“. The New Paper. Архивирано од изворникот на 30 April 2014.
  69. „Malaysia 0 Singapore 3“. affsuzukicup.com. Архивирано од изворникот на 6 October 2014. Посетено на 30 April 2014.
  70. „Indonesia 1 Singapore 0“. affsuzukicup.com. Архивирано од изворникот на 13 April 2014. Посетено на 30 April 2014.
  71. „Singapore 4 Laos 3“. affsuzukicup.com. Архивирано од изворникот на 6 October 2014. Посетено на 30 April 2014.
  72. „Philippines 0 Singapore 0“. affsuzukicup.com. Архивирано од изворникот на 13 April 2014. Посетено на 30 April 2014.
  73. „Singapore 1 Philippines 0“. affsuzukicup.com. Архивирано од изворникот на 9 February 2014. Посетено на 30 April 2014.
  74. „Singapore 3 Thailand 1“. affsuzukicup.com. Архивирано од изворникот на 30 April 2014. Посетено на 30 April 2014.
  75. „Raddy Avramovic confirms Singapore departure after Suzuki Cup final“. goal.com. Посетено на 30 April 2014.
  76. „Singapore coach Avramovic hails his AFF Suzuki Cup heroes“. affsuzukicup.com. Архивирано од изворникот на 9 February 2014. Посетено на 30 April 2014.
  77. „Football Association of Singapore confirm Radojko Avramovic's departure“. goal.com. Посетено на 30 April 2014.
  78. Wang, Meng Meng (5 February 2014). „Football: Ex-Lions tamer Raddy Avramovic appointed Myanmar national coach“. The Straits Times.
  79. Roebuck, Matt (19 October 2015). „Raddy out, Gerd in“. Myanmar Times. Посетено на 24 October 2015.
  80. „MFF promoted Gerd Zeise as a full national team coach“. 17 October 2015. |Language=Burmese)
  81. hermesauto (2019-07-02). „Football: Home United appoint former Lions ringmaster Raddy Avramovic as new head coach“. The Straits Times (англиски). Посетено на 2020-11-17.
  82. 82,0 82,1 hermesauto (2019-08-18). „Football: Raddy Avramovic steps down as Home United coach after cancer diagnosis, will return to Serbia for treatment“. The Straits Times (англиски). Посетено на 2020-11-17.
  83. Lim, Marc (18 January 2005). „The Raddy Avramovic that I have come to know“. The Straits Times. стр. 11.
  84. Mohammed Qayed. „Oman 2002/03“. RSSSF. Посетено на 27 April 2014.
  85. „Roll of honour“. affsuzukicup.com. Архивирано од изворникот на 29 April 2014. Посетено на 29 April 2014.
  86. Wang, Meng Meng (3 April 2013). „Football: S'pore sweep inaugural AFF awards, with Lions, Shahril & Raddy leading the way“. The Straits Times.