Рабинал Ачи — театарска претстава на Маите напишана на јазикот кички[1] и која се изведува секоја година во Рабинал, Долна Верапаз, Гватемала. Неговото оригинално име било со значење „Танц на Тун“, инструмент познат и како дрвен тапан.[2][3] Ова било едно од ретките преживеани изведби од пред колонизацијата. Се одржува секоја година на 25 јануари и ја вклучувала целата заедница на Рабинал. Комбинацијата на движење, песна и инструментација го спојувале делото. Оваа претстава била дел од историјата на Рабинал со векови, а продолжила да биде дел од културата и денес. Приказната за Рабинал Ачи се посветува на историска расправија помеѓу Рабинал и Киче, два соседни града.[4] Шарени костими и дрвени маски се користиле за да се разликуваат ликовите додека ги играат своите улоги во песна-танц-драма.[5]

Изложени маски од Гватемала. Рабиналот Ачи зависи од употребата на такви маски во сите претстави.

Потекло

уреди

Рабинал Ачи била песна-танцова драма на Маите од петнаесеттиот век која се користат живописни костими и дрвени маски за да ја раскаже приказната за заедницата и нејзината историја преку митовите за потеклото, а исто така се осврнува на популарни и политички теми кои се однесувале на жителите на регионот. Рабинал, изразен преку маскиран танц, театар и музика. Инструментацијата што се користи била дрвен шлиц-тапан и две труби или шамови. Во текот на неговата историја, различни инструменти биле користени за создавање на разни други ефекти како што биле тиквите за ударни инструменти.[4] Рабиналот Ачи постоил од 1600-тите и традиционално се изведува на 25 јануари во чест на Апостол Павле,[6] заштитникот на Рабинал.[5]

Рано снимање

уреди

Иако Рабинал Ачи постоил од 16 век, тој формално бил запишан многу подоцна. Оригиналниот наратив бил на анонимен автор,[7] но Шарл-Етјен Брасур де Бурбур, француски свештеник, го превел оригиналниот текст на француски од нарацијата на ачиски јазик што му ја дал собратот Бартоло Сис во 1856 година, иако тој не сакал да го објави овој текст уште десет години. Бартоло Сис го транскрибирал дијалогот од претставата шест години претходно. Многу текстови биле изгубени од предколумбовската ера, откако земјата била освоена и се наметнала новата шпанска култура, но овој текст сè уште останал.

Изведба

уреди

Приказната е раскажана преку песна и танц од група ликови. Овие ликови се претстави за различни заедници и села на Маите, а наративот опфаќал различни теми како што биле благородништвото и дипломатијата на Маите, битките меѓу различни градови и расправијата што се случила меѓу народот Рабиналеб и Киче.[8]

Заплет

уреди

Заплетот на Рабинал Ачи е вистински конфликт што се случил помеѓу народот Рабиналеб и Киче. Главното дејство на претставата објаснувало дека четири града биле уништени од Киче Ачи, принцот од Киче, кој потоа се обидувал да ги киднапира децата на Рабиналеб. Бидејќи се работи за толку тешко злосторство, Киче бил фатен, во тоа време Рабиналеб го потсетувал Киче на сите негови подвизи, и лоши и добри.[4] На Киче му се судело и на крајот било одлучено тој да биде жртвуван. Тој се присетувал на својата родна земја, но се покорувал да биде погубен, враќајќи ја правдата кај Рабинал.[8]

Додека актерската екипа била голема, само пет ликови зборувале.[4] Движењето за делото било првенствено циклично, што го претставувал циклусот на животот и смртта со кој се соочувал Киче Ачи во текот на драмата. Танчерите се движеле во круг додека двајцата принцови се соочувале еден против друг во средината.[4] Дијалогот исто така се повторувал за да се овековечи овој поим.[9] Изведувачите биле повикани во просторот за играње со чукање на тапанот. На овој тапан свирел член на заедницата кој од мали нозе бил обучен како да свири на светиот тапан.

Традиција и денес Рабинал Ачи

уреди

Рабиналот Ачи и денес се изведува секоја година на 25 јануари во Рабинал.[10] Локалните братства, од кои дел бил Бартоло Сис, биле задолжени за овој настан. Ова било начин заедницата да остане во контакт со своето потекло.[10]

Рабинал Ахи продолжува денес да се изведува еднаш годишно за време на прославата на Свети Павле.

Во 1955 година, претставата била изведена, а изведувачите морале да се воздржуваат од сексуални дејствија триесет дена пред и по настапот. Тие, исто така, биле подложени на дваесетдневна духовна подготовка и требало да побараат дозвола од боговите на Маите за да настапат со танцување и нудење подароци.[4] За оваа продукција, јагуарите и орлите биле претставени со по еден изведувач наспроти вообичаените тринаесет.[4]

Во 2005 година, танцовата драма Рабинал Ачи била прогласена за едно од ремек-делата на усното и нематеријалното наследство на човештвото од УНЕСКО.

Наводи

уреди
  1. Akkeren 1999, p. 281.
  2. Dennis Tedlock, Rabinal Achi, p. 200
  3. van Akkeren, Ruud (2000). Place of the Lord's Daughter: Rabinal, its history, its dance-drama. Leiden University: Research School of Asian, African, and Amerindian Studies. стр. 320. ISBN 9057890453.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Leinaweaver, Richard. „Rabinal Achi: Commentary“. Latin American Theatre Review.
  5. 5,0 5,1 „Maya dance drama, the Rabinal Achí - Revue Magazine“. Revue Magazine (англиски). 2016-12-09. Архивирано од изворникот на 2017-12-11. Посетено на 2017-12-11.
  6. „El "Rabinal Achi". Espiritualidad Maya de Guatemala.
  7. Leinawaver, Richard. „Rabinal Achi: Commentary“. Latin American Theatre Review.
  8. 8,0 8,1 „La Danza Rabinal Achí“. Посетено на 2017-12-11.
  9. Carson, Margaret (2008). Stages of conflict: a critical anthology of Latin American theater and performance. Ann Arbor, MI: University of Michigan Press.
  10. 10,0 10,1 UNESCO page on the Rabinal Achí

Надворешни врски

уреди