Шалмај
Шалмај (гер.: Schalmei) е средновековен, ренесансен[1] музички инструмент од семејството на дрвени дувачки инструменти, изработувани во Европа од крајот на 13 век до 17 век.
Тој претставува развиена форма на ориенталната зурла и е претходник на модерната обоа. Телото на шалмајот обично се изработувало од едно парче дрво чиј крај завршува со форма на инка, сличен на оној на трубата. Во почетокот на 16 век, шалмајот бил изработуван во неколку големини, од сопранино до голем бас.
Инструменти слични на средновековниот шалмај сè уште можат да се слушнат во многу земји и денес, а на нив обично свират улични музичари или воени оркестри. Неговата употреба им била особено позната на крстоносците, кои често се соочувале со големи оркестри на Сарацените кои свиреле шалмаи, користејќи ги како своевидно психолошко оружје.
Шалмајот брзо бил усвоен од страна на Европејците, пред сè за изведба на музика за танц, како и за воени цели. Во многу азиски земји, шалмај техника на музицирање вклучува т.н. кружно дишење кое овозможува континуирано свирење, без паузи за вдишување воздух.
Наводи
уреди- ↑ Ренесансен шалмај Архивирано на 25 мај 2016 г. (анг.)