Пјер Томас Робин Бенгтсон (12 април 1988) е професионален шведски фудбалер кој игра како лев бек за тимот Копенхаген и репрезентацијата на Шведска. Започнувајќи ја својата кариера во АИК во средината на 2000те години, тој го поминал поголемиот дел од својата кариера во данската Суперлига, но имал и ангажмани во Бундеслигата и Лигата 1. Како репрезентативец од 2011 година, тој одиграл повеќе од 40 натпревари за Шведска и ја претставувал својата земја на УЕФА ЕВРО 2020 година (Европско првенство во фудбал).

Пјер Бенгтсон со Копенхаген во 2018

Клупска кариера

уреди

Бенгтсон ја започнал својата сениорска кариера во АИК, каде што го имал својот прв натпревар за тимот во август 2006 година, против екипата на Остерс ИФ на стадионот Ресунда во Стокхолм.

ФК Нордсјеланд

уреди

По три и пол сезони поминати во АИК, Бенгтсон не бил задоволен од минутажата и решил да го напушти тимот и да се приклучи на 10 септември 2009 година на екипата од данската Суперлига ФК Нордсјеланд.[1] Бенгтсон ја започнал својата одлична игра во Нордсјеланд како резервен играч и тоа на Денис Кагара.Првиот натпревар го одиграл во Купот на Данска против тимот на АБ Копенхаген на 23 септември 2009 година. Неговиот прв натпревар во Суперлигата на Данска му бил пораз од 6:3 против тимот Брондби ИФ и тоа на 4 октомври 2009 година.[2]

Од 1 ноември 2009 година, Бенгтсон станал редовен стартен играч за ФК Нордсјеланд и тоа на левата бековска позиција. Преку неговите настапи, летото 2010 година Бенгтсон станал интересен за конкурентот од Лигата на шампионите на УЕФА, за тимот на ФК Копенхаген.[3] Следниот зимски преоден рок, Бенгтсон се преселил во тимот на ФК Копенхаген.[4]

ФК Копенхаген

уреди

Во Копенхаген, Бенгтсон бил резервна опција за Оскар Венд и тоа во првата половина на сезоната. Сепак, Бенгтсон настапил на 8 од вкупно 16 натпревари во периодот кога Венд требало да замине во тимот Борусија Менхенгладбах. Првиот натпревар на Бенгстон бил од клупата на 22 февруари 2011 година во осминафиналето од Лигата на шампионите на УЕФА против лондонски ФК Челзи.[2]

Во сезоната 2011–12, Бенгтсон започнал како прв избор на позицијата лев бек. Во текот на есента, сепак, тој бил заменет на таа позиција од Брајан Овиедо, а од 27 октомври до 15 април Бенгтсон бил само двапати во составот на тимот.[2] Овиедо подоцна на 31 август 2012 година заминал во Евертон ФК,[5] а од тој момент Бенгтсон е претпочитан на позицијата лев бек во клубот.

Мајнц 05

уреди

На 23 ноември 2014 година, Мајнц 05 објавил дека ќе го потпише договорот со Бенгтсон на 1 јануари 2015 година. Бидејќи неговиот договор со ФК Копенхаген истекол на 31 декември 2014 година, тој бил достапен како слободен играч. Со тимот на Мајнц 05 потпишал договор на три и пол години и тоа до летото 2018 година.[6]

Меѓународна кариера

уреди

Бенгтсон бил дел од шведските млади репрезентации и за нив имал одиграно вкупно 29 натпревари. Тој бил дел од шведскиот тим на УЕФА првенството до 21 година (европското првенство за младинци од 21 година во 2009 година.[7]

На 19 јануари 2011 година, Бенгтсон го одиграл својот прв натпревар за сениорската репрезентација на Шведска во пријателски натпревар против тимот на Боцвана.[7]

И покрај тоа што редовно играл како лев бек за Шведска, за време на квалификациите за УЕФА ЕВРО 2020, тој на стартот од подготовките изненадувачки не бил поканет во репрезентацијата.[8] Сепак, тој на крајот бил повикан за да го замени повредениот Мартин Олсон.[9]

Статистика на кариерата

уреди

Меѓународна статистика

уреди
Обновено на 29 јуни 2021.[10]
Настапи и голови во репрезентација по години
Репрезентација Година Натпревари Голови
Шведска 2011 година 3 0
2012 година 1 0
2013 година 5 0
2014 година 9 0
2015 година 6 0
2019 година 5 0
2020 година 5 0
2021 година 7 0
Вкупно 41 0

Наводи

уреди
  1. Ny FCN-spiller: Mere pres i Sverige, Bold.dk, 11 September 2009
  2. 2,0 2,1 2,2 Profile at Football-Lineups.com
  3. Medie: FCK kigger på FCK-profil, Bold.dk, 28 August 2010
  4. Bengtsson solgt til FCK, Bold.dk, 27 January 2011
  5. FCK bekræfter Oviedo-salg, Bold.dk, 31 August 2012
  6. „Mainz 05 sign Pierre Bengtsson“ (германски). 1. FSV Mainz 05. 23 November 2014. Архивирано од изворникот на 2014-12-12. Посетено на 16 January 2015.
  7. 7,0 7,1 „Pierre Bengtsson - Spelarstatistik - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se. (шведски). Архивирано од изворникот на 2021-01-18. Посетено на 2021-06-15.
  8. „Pierre Bengtsson petad från EM: "Väldigt ledsen".
  9. „Pierre Bengtsson inkallad till EM-truppen - Radiosporten“.
  10. „Pierre Bengtsson“ (шведски). Svenskfotboll. Архивирано од изворникот на 2021-01-18. Посетено на 19 June 2021.

 Надворешни врски

уреди