Пушин (англиски: Pusheen) е цртана мачка која е лик на стрипови и збирки на налепници на Фејсбук, Инстаграм и други друштвени мрежи. Пушин е создадена во 2010 година од Клер Белтон и Ендру Даф за стрипот „Секојдневно слатки“ објавен на нивното мрежно место. Оттогаш Пушин се појавува во објави на друштвените медиуми и во блогот кој го неоси нејзиното име.

На својата официјално мрежно место, Пушин е опишана како женска мачка која обожава да блогира, да грицка и да оди на авантури.[1] Оригиналните стрипови вклучуваат и ликови засновани на Белтон, Даф и нивното куче Карм (кратко од Кармен). Пушин, која е претставена како дебелка сива таби мачка, е заснована на мачката на Белтон која сега живее со нејзините родители во Орегон, САД. Името Пушин доаѓа од ирскиот збор puisín што значи маче. Пушин понекогаш се појавува со сестра ѝ Сторми и брат ѝ Пип.

Постојат и други везии на Пушин и нејзината сестра, на пр. Пушиносаурус Рекс каде Пушин е нацртана како диносаурус, а Сторми се појавува како диносаурусово јајце. Другите теми се Пушикорн, Пушимеид и многу други. Некои теми ги вклучуваат и нејзините родители, двете деца или други крзнени пријатели како мрзливецот Мрзлив, папагалчето Бо или хрчакот Обравче.

Наводи уреди

  1. „Pusheen.com“. Pusheen (англиски). Посетено на 2020-04-10.