Пукапукански јазик

Пукапуканскиот јазик (Pukapuka) е полинезиски јазик кој се зборува на островот Пукапука во Куковите Острови. Јазикот се развил во изолација бидејќи имало помал контакт со останатите околни јазици. Пукапуканскиот јазик е дел од подгрупата на самоански јазици и не е сличен со ниту еден од јазиците на Куковите Острови. Според скорешните истражувања, пукапуканскиот, токелауанскиот и тувалскиот сочинувале една група јазици. Јазикот е познат и како „домашен јазик“ или „te leo Wale“. Јазикот бил воведен во училиштата во 1980-те години и со тоа се подобрила писменоста. Според Ethnologue, јазикот го зборуваат околу 2.030 жители, од кои 840 се на Куковите Острови. [1]

Пукапукански јазик
Застапен воПукапука, Кукови Острови и меѓу дијаспората.
Говорници3,000+  
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3pkp

Наводи

уреди
  1. Пукапукански јазик на Етнолог.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди