Пугачово востание

Пугачово востание – е последната селанска буна во руската историја. Востанието почнало во 1773 година и траело до 1775 кога било задушено. Името го добило по својот водач, донскиот козак Емељан Пугачов.

Пугачово востание
Пугачёвское восстание

Судењето на Пугачов, Василиј Перов, 1875
Датум 1773 - 1775
Место Руска Империја
Исход пораз на востаниците
Завојувани страни
Востаници Руска Империја
Команданти и водачи
Емељан Пугачов Василиј Алексејевич Кар
Александар Бибиков
Петар Иванович Панин
Иван Иванович Михељсон

Вовед

уреди

Во втората половина на XVIII век во Руска ИмперијаРусија, под влијание на развојот на капиталистичките односи значително се заостриле основните класни спротивности, зголемена била феудално-спахиската експлоатација. Селаните масовно се врзувале за земјата. Честите војни на Русија ги исцрпуваат пред сè селаните. Веќе во почетокот на седумдесеттите години на XVIII век, во разни делови на Русија (Поволжје, Урал, Централна Русија) се дигаат буни и локални востанија. Ситуацијата била зрела за општо востание – селанска војна.

Донскиот козак Емељан Пугачов, во 1773 година се прогласил за цар Петар III кој бил убиен уште во 1762 година. Почнале да му се придружуваат јајицките козаци, селани и Татари. Во средината на септември 1773 година, одредот на Пугачов броел 80 луѓе. На 17 септември, Пугачов издал манифест со кој на козаците, Калманците и Татарите им ветил слобода и земја. Со тоа практично бил одреден антифеудалниот карактер на востанието. Два дена подоцна, Пугачов со својот одред тргнал на градот Јајицки. Со тоа почнало Пугачовото востание.

Опсада на Оренбург

уреди
 
Емељан Пугачов, Водач на селското востание

Кога Пугачов стигнал под градот Јајицки, неговиот одред веќе броел 200 луѓе. Пугачов не го нападнал солидно утврдениот град, туку се упатил долж реката Јајик кон Оренбург, воен и управен центар на југоисточниот дел на Русија. Посадите на горнојајицките тврдини му се предавале без борба. После неколку неуспешни јуриши на добро утврдениот Оренбург, Пугачов пристапил на опсада. Востанието брзо се ширело, на Пугачовата војска ѝ се придрушувале селани, фабрички работници од Урал, Татари, Башкири, Маријци и козаци. Така, во декември 1773 година Пугачов имал околу 30 000 луѓе пред Оренбург. Селаните носеле храна и облека, а работниците од Урал, оружје и муниција. Во текот на опсадата на Оренбург, Пугачов во војската внел елемени на организирани вооружени сили. Востаниците ги групирал во полкови и одреди, формирал Државен воен совет кој вршел функција на главен штаб, врховен суд и органи за снабдување на војската.

Со оглед дека Пугачов со главните сили бил врзан за Оренбург, останатите фронтови биле занемарини. И покрај тоа, востанието и понатаму се ширело. Одредите заземале градови, села, ги прекинувале врските со административните центри и престолнината. Чељабинск бил заземен во јануари 1774 година. Потоа бил заземен Курган. На востание се дигнале и селаните од Тјумењск, па востанието се проширило и во Сибир. Долгата опсада на Оренбург им овозможила на властите да се организираат и да ги засилат своите редови. Силни сили под генералот Александар Бибиков биле упатени на Оренбург. Одлучувачкиот судир се одиграл на 22 март 1774 година кај Татишчево во близина на Оренбург. Во шестчасовната битка, Пугачов со 9 000 луѓе доживеал поран од значително помоќниот противни. Околу 2 000 востаници биле убиени, а преку 4 000 рането или заробено. Востаниците ги изгубиле сите топови. На 1 април, Пугачов бил повторно поразен кај градот Сакмарски. Со тоа бил принуден со помал одред да се префрли на Урал. Така бил завршен првиот период од војната.

Втор период на војната

уреди
 
Пугачова војна (1773-1775)

Со доаѓањето на Пугачов на Урал, повторно се разгорело востанието во оваа област. Веќе во мај 1774 година, востаничката војска имала 5 000 луѓе. Пугачов освои многу села и градови, ги контролирал комуникациите, но истовремено избегнувал отворено соочување со појаките казнени одреди. Пор растечкиот притисок на моќните царски трупи, бил принуден да го напушти Урал и да отиде во Поволжје. Во градот Казањ влегол на 11 јули 1774 година, но не успеал да ја освои тврдината. Дознал дека на градот му се приближува силен одред, па им пошол во пресрет. Во битката на Арското Поле (12 јули) бил тешко поразен. Три дена подоцна дошло до нов судир во кој Пугачов ја изгубил цела артилерија, околу 2 000 востаници погинале, а 5 000 биле заробени. Два дена подоцна, Пугачов со одред од 500 луѓе прешол на десниот брег на Волга. Со тоа бил завршен вториот период на војната.

Задушување на востанието

уреди
 
Погубувањето на Пугачов

Повлекувањето на Пугачов по десниот брег на Волга набрзо се претворило во големо напредување. Неговата појава го оживеала покретот во густо населените области. Илјадници селани им се придружиле на востаниците. Востанието почнало да се шири и во Нижегородска ОбластНижегородската и Вороњешка ОбластВороњешката Област. Спахиите панично ги напуштале своите имоти. Очекувајќи го Пугачовиот поход на Москва, дворот се спремал за евакуација во Рига. Но, Пугачов не се упатил на запад, туку свртел на југ со намера во областа на Дон да ја пополни својата војска со козаци, па дури потоа да тргне на Москва. Прешол огромно растојание за 21 ден – од Казањ до Саратов. На 6 август, востаниците влегле во Саратова, а потоа се упатиле на Царицин. Во меѓувреме, дворот побрзал да склопи мир со Турција. Најголемиот дел од воените сили бил упатен на Пугачов. Последната битка од востанието се водела на 25 август кај Соленикова Ватага, на 75 километри јужно од Царицин. Востаниците во целост биле поразени. Пугачов со мал одред се префрлил на левиот брег на Волга. Јајицките козаци го фатиле и им го предале на властите на 14 септември. На 10 јануари 1775 година, бил убиен во Москва.

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Војна енциклопедија, том 8 (506)