Псевдомонади
Псевдомонадите (научно: Pseudomonadaceae) образуваат фамилија на протеобактерии во која припаѓаат родовите Azomonas, Azomonotrichon, Azorhizophilus, Azotobacter, Cellvibrio, Mesophilobacter, Pseudomonas (типниот род), Rhizobacter, Rugamonas и Serpens [1][2]. Од неодамна, фамилијата Azotobacteriaceae е опишана како составен дел на оваа фамилија.[3]
Псевдомонада буквално знали "лажна единица", од грчкото псевдо (ψευδο 'лажно') и монас (μονος 'една единка'). Поимот "монада" се користел порано во микробиологијата за означување на едноклеточните организми. Поради нивното широко распространување во природата, псевдомонадите се набљудувани мошне рано во историјата на микробиологијата. Генеричкото име Pseudomonas е создадено 1894 за грамнегативни, стапчести и поларно-флагелатни бактерии. Подоцна се вклучени голем број на видови во овој род. Псевдомонадите се изолирани од многу природни ниши.
Pseudomonas aeruginosa сè повеќе се опишува како опортунистички патоген со клиничко значење. Истражувањата укажуваат и на појавата на отпорност на антибиотици кај овој вид.[4].
Дијагностички одлики
уреди- Оксидаза позитивни - како резултат на присуството на ензимот цитохром с оксидаза;
- Неферментативни;
- Многу видови ја метаболизираат гликозата по Ентнер Дудороф патот со помош на ензимите 6 фосфоглицералдехид дехидрогеназа и алдолаза;
- Поларна флагелираност што овозможува движење;
- Многу членови произведуваат деривати на флуоресцентниот пигмент пиовердин.[5]
Присуството на оксидаза, поларни флагелуми и неможноста за ферментација ги разликува псевдомонадите од ентеробактериите.[6].
Наводи
уреди- ↑ Skerman, McGowan and Sneath (editors): Approved Lists of Bacterial Names. Int. J. Syst. Bacteriol., 1980, 30, 225-420.
- ↑ Cornelis P (editor). (2008). Pseudomonas: Genomics and Molecular Biology (1. изд.). Caister Academic Press. ISBN 1904455190. ISBN 978-1-904455-19-6 .
- ↑ Rediers H, Vanderleyden J, De Mot R (2004). „Azotobacter vinelandii: a Pseudomonas in disguise?“. Microbiology. 150 (Pt 5): 1117–9. doi:10.1099/mic.0.27096-0. PMID 15133068.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/10348756
- ↑ Meyer J (2000). „Pyoverdines: pigments, siderophores and potential taxonomic markers of fluorescent Pseudomonas species“. Arch Microbiol. 174 (3): 135–42. doi:10.1007/s002030000188. PMID 11041343.
- ↑ Krieg, N.R. (Ed.) (1984) Bergey's Manual of Systematic Bacteriology, Volume 1. Williams & Wilkins. ISBN 0683041088