Протокол од 1919 година

Протокол од 1919 година ― измислен текст[1] што се појавува во додатоците на „Протоколите на ционските старешини“, наводно пронајден на 9 декември 1919 година меѓу документите на командантот на еврејскиот Црвен баталјон убиен во Естонската војна за независност. Наводните автори на документот, „Израелскиот меѓународен сојуз“, се гордеат со нивниот успех да го сведат рускиот народ на „беспомошни робови“ и ги повикуваат своите сонародници Евреи да „возбудуваат омраза“ и „да купуваат државни заеми и злато“, со цел да растат во „политичка и економска моќ и влијание“. Текстот е цитиран, како и со другите антисемитски манипулации, како доказ за антисемитското верување дека Евреите заговараат да го заземат светот.

Историја

уреди

Протокол од 1919 година првпат бил објавен во естонскиот весник Postimees (утринско издание) на 31 декември 1919 година. Postimees подробно објаснил како изворниот хебрејски текст бил пронајден од џебот на Шундерев, командант на еврејски болшевички баталјон во 11-тиот пушкарски полк кој бил убиен во акција ноќта пред 9 декември.[2] Во тоа време, Postimees бил во сопственост на Јан Тинисон, естонски националистички политичар.

Текстот се појавил следниот на 5 февруари 1920 година во Призыв, руски весник во Берлин. <i id="mwIQ">Призыв</i> го опишал како „интересен документ“. Подоцна, текстот бил умножен во додатокот на многу проширеното издание на англиски јазик на Протоколите на ционскиоте старешини, објавено во 1934 година од страна на Patriotic Publishing Co., работејќи во Чикаго, Илиноис.[3]

Волтер Лакер, историчар од Соединетите Држави, наведува дека „германскиот десничарски екстремистички печат со години се снабдувал со информации за првпат објавени во Призыв во текот на неговото деветмесечно постоење“ и го посочува Протокол од 1919 година како „типичен“ пример.[4]

Содржина

уреди

Документот се состои од единаесет кратки параграфи на нејасни антисемитски генерализации, со осум опомени да се биде „внимателен“ или „претпазлив“, а е потпишан од „Централниот комитет на Петербуршката филијала на Израелскиот меѓународен сојуз“.

Наводи

уреди
  1. Handwerk, Brian (11 септември 2006). „Anti-Semitic "Protocols of Zion" Endure, Despite Debunking“. National Geographic News. Архивирано од изворникот на 5 јануари 2016. Посетено на 22 октомври 2022.
  2. "Vene enamlust juhib juutide üleilmne salaliit". Postimees. 31 December 1919. Issue 290. p.1 - Digitized Estonian Newspapers
  3. The Protocols of the Meetings of the Learned Elders of Zion – with Preface and Explanatory Notes (превод од Victor E. Marsden). Chicago: The Patriotic Publishing Co. 1934. Hosted online Архивирано на 29 јули 2014. by David Dickerson, Institute for Global Communications.
  4. Laqueur, Walter (1965). Russia and Germany: A Century of Conflict. Transaction Publishers. p. 131. ISBN 0887383491.