Протести во Белорусија (2020-2021)
Протести во Белорусија (2020) — низа тековни политички демонстрации против белоруската влада и нејзиниот претседател Александар Лукашенко.[45] Демонстрациите кои започнаа пред и по изборите одржани на 9 август, на кои Лукашенко го освои шестиот мандат по ред, претставуваат и најголемите антивладини протестите во историјата на земјата. Како одговор на демонстрациите пак, се одржаа и голем број на релативно мали провладини митинзи.[46]
Протести во Белорусија (2020-2021) | |||
---|---|---|---|
Дел од белоруското демократско движење и случувањата по изборите во 2020 година | |||
Протест на 16 август во Минск | |||
Датум | 24 мај 2020[1] – во тек () | ||
Место | Белорусија | ||
Повод |
| ||
Цели |
| ||
Начини |
| ||
Страни во судирот | |||
| |||
Предводници | |||
Број | |||
Настрадани | |||
најмалку неколкумина повредени новинари[44] |
Заднина
уредиАлександар Лукашенко е на чело на државата од 1994 година и немаше сериозен противкандидат на претходните пет избори, што резултираше во тоа на моменти од страна на медиумите да биде нарекуван „последниот диктатор во Европа“[47]. Под неговот авторитарно владеење,[48] владата често ја потиснуваше опозицијата.[47][48]
Лукашенко се соочи со поголемо спротивставување на јавноста поради неговото справување со пандемијата на коронавирусот, кој Лукашенко го негираше како сериозна закана.[49][50] Од петте негови победи, само првите, одржани во 1994 година се сметаа за слободни и фер од меѓународните набљудувачи.[51]
Денот на изборите
уредиНа 9 август, рано наутро, сите патишта и влезни точки во Минск беа блокирани од полицијата и армијата[52][53].
На пладне, интернетот во Белорусија беше делумно блокиран. Владини претставници тврдеа дека причината е DoS напад кој потекнува надвор од границите на земјата. Сепак, независни ИТ специјалисти тврдеа дека државниот интернет монопол „Белтелеком“ и придружните државни агенции намерно користеле ДПИ технологија или технологија за обликување на интернет сообраќајот, и дека можеби причината за проблемот со интернетот е во употребната опрема за филтрирање[54]. Телеграм беше единствената апликација која работеше[55][56].
Вечерта, на денот на изборите, непосредно по затворањето на избирачките места, телевизија која е поддржана од белоруската влада објави резултати за изборите, покажувајќи дека Лукашенко наводно освоил 80.23% од гласовите, додека Тихановскаја освоила 9.9%[52]. Разликата била толку голема што дури и граѓаните кои ја поддржуваат владата утврдија дека тоа веројатно не е вистина[57]. Ова предизвика и непосредна реакција од приврзаниците на Тихановскаја да се упатат на улиците во сите поголеми градови во земјата, како Брест, Минск, Гродно, Мазир, Пинск, Гомељ и Бабрујск. Демонстрантите го изразуваа своето незадоволство и повикуваа на фер пребројување на гласовите.
Протестите започнаа мирно во средината на вечерта, но во Минск ситуацијата прерасна во насилство меѓу демонстрантите и безбедносните сили. Демонстрантите започнаа да градат барикади за да го блокираат сообраќајот на улиците[58]. Бројот на демонстранти во Минск пак, не можеше да се утврди, бидејќи тие беа концентрирани на повеќе места.[59]
Подоцна во ноќта, откако поголемите толпи беа разбиени, полициските службеници неколку часа бркаа помали групи демонстранти низ центарот на Минск. Борбата против безбедносните сили и полицијата продолжи во поголемите градови на Белорусија. Безбедносните сили користеа палки, гумени куршуми, водени топови, солзавец и шок-бомби, за да ги потиснат протестите, бидејќи цела ноќ ги разбиваа групите демонстранти во предградијата[60][61]. Во Брест, демонстрантите постепено се разотидоа, создавајќи толпа од 200-300 луѓе од околу 5.000, според претходните проценки[59] That night in Minsk, security forces dropped grenades near people, and leaving some with critical injuries.[59].
Координативен совет и Народна анти-кризна управа
уредиНа 14 август во видео обраќање на Тихановскаја каде што таа тврдеше дека освоила 60-70% од гласовите на изборите, најави формирање на Координативен совет за трансфер на власта.[5]
Таа изјави дека советот треба да биде составено од „граѓански активисти, почитувани Белоруси и професионалци“ за да се справи со трансферот на власта од Лукашенко.[5][62] Апликациите за членство во преодниот совет беа отворени за секој белоруски државјанин кој ги признава изборите како фалсификувани и кој бил во позиција на општествена доверба, како лекари, наставници, бизнис лидери, автори или спортисти.[63]
На 17 август, Тихановскаја објави видео во кое изјави дека е подготвена да ја предводи преодната влада[64] и да организира нови, слободни и фер претседателски избори. Истиот ден проциркулира и список на членови во кој беше вклучена и Светлана Алексиевич, добитничка на Нобелова награда.[65][66] Првиот состанок на советот се одржа на 18 август, а неговото раководство беше избрано следниот ден.[67]
Лукашенко го осуди создавањето на советот како „обид за преземање на власта“ и најави „соодветни мерки“.[68] На 20 август, главниот обвинител покрена кривична постапка против координативниот совет, нарекувајќи го неуставен.[69]
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео ја повика белоруската влада активно да го вклучи белоруската општество, вклучително и преку новоформираниот совет, „на начин што го рефлектира она што белорускиот народ го бара, заради иднината на Белорусија и за успешна Белорусија“.[70]
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков го поздрави фактот дека советот не сака да го намали нивните врски со Русија и посочи дека се надева дека ќе продолжат добрите билатерални односи меѓу двете земји.[71]
На 17 септември, Европскиот парламент го призна координативниот совет како „привремен претставник на луѓето“ во Белорусија.[72]
Кон крајот на октомври, советот создаде влада во сенка наречена Народна анти-кризна управа (НАМ), за организирање на детални административни задачи за мирен трансфер на власта на фер и слободно избран претседател.[73][74] НАМ е предводена од Павел Латушко кој наведе дека ќе ги изгуби своите овластувања кога ќе биде инаугириран нов претседател.[75] Во ноември, НАМ објави внатрешни извештаи од белоруското Министерство за внатрешни работи во кои беа покажани 4.000 претставки за тортура и други незаконски дејствија од безбедносните сили поднесени во периодот од 9 август до 9 ноември, кои министерството ги игнорирало.[76]
Повреда на човековите права
уредиОвој поднаслов има потреба од дополнување. |
Според бројни публикации, сузбивањето на протестите било придружено со екстремно полициско насилство и системско кршење на човековите права во однос на притворањето на демонстрантите.[77][78][79][80][81][82][83][84]
На 14 август, Светската организација против тортура (ОМКТ) објави соопштение во кое се осудуваат произволното притворање и тортура врз демонстрантите ширум Белорусија по изборите. Според изјавата, ваквите постапки сугерираат на злосторства против човештвото. Истовремено во него се повикува и на непристрасна светска истрага за „системското и крајно насилно угнетување“ на мирните протести во Белорусија.[85]
На 19 август, класификацијата на овие настани како злосторства против човештвото, во согласност со Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, преку соопштение беше поддржана и од Фондацијата за човекови права (ХРФ). Според нивното соопштение, тие идентификувале 15 лица од белорускиот државен апарат кои биле одговорни за произволно притворање, тепање и тортура врз илјадници мирни демонстранти.
Меѓународни реакции
уредиОвој поднаслов има потреба од дополнување. |
Бројни земји и организации ги изразија нивните мислења со тоа што некои го прифатија, а други го отфрлија изборниот резултат од претседателските избори во земјата. Многу од нив се фокусираа и на протестите осудувајќи го насилството.
Економски санкции
уреди- На 14 август, високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел соопшти дека ЕУ ќе воведе санкции против белоруските службеници одговорни за „насилство и фалсификат“. Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, на 19 август пак, посочи дека ЕУ наскоро ќе воведе санкции против „значителен број“ поединци одговорни за насилство, репресија и изборна измама. Европската комисија објави дека ќе пренасочи 53 милиони евра наменети за белоруската влада кон граѓанското општество, жртвите на репресијата од потиснувањето на протестите и борбата на земјата против пандемијата со коронавирусот.
- На 18 август, литванскиот парламент се согласи да воведе економски санкции против Белорусија.
Симболи
уредиЦрвено-белото знаме, односно официјалното знаме на независна Белорусија од 1991 до 1995 година, беше усвоено од про-демократската опозиција и стана симбол на нивното движење. Де-факто забрането од властите, знамето кое често полицијата го конфискува[6] и демонстрантите стана симбол за сите кои активно се противат на претседателот Лукашенко.[8] Други симболи што ги користат приврзаниците на опозицијата се и поранешниот грб на Белорусија, познат како Пахонија, односно историски грб на Големото војводство на Литванија[86] и песната „Вајацки марш“[87] која беше државна химна на Белоруската народна република, како и песната Пахонија.[88][89][90]
Вообичаен слоган кој го користат демонстрантите е фразата „Да живее Белорусија (белоруски:Жыве Беларусь!).[91][92] Демонстрантите против Лукашенко исто така го користеа и сегашното државно знаме на Белорусија, но во ретки прилики.[93] Во неколку изолирани случаи, тие го користеа и знамето на Европа.[94]
Сегашното државно знаме на Белорусија универзално се користеше на собири за поддршка на Александар Лукашенко.[95][96] Во неколку изолирани случаи, поддржувачите на Лукашенко го користеа знамето на Русија и знамето на Советскиот Сојуз.[96][97][98]
Галерија
уреди-
Собир за поддршка на Тихановскаја, 30 јули, 2020 година
-
Собири на солидарност за време на масовните протести во Минск, 13 август
-
Собири на солидарност за време на масовните протести во Минск, 14 август
-
Демонстранти во Минск на 16 август
-
Протестен слоган: „Слободни избури. Трибунал. Слобода за политичките затвореници“, 16 август
-
Собир против Лукашенко и насилството, во Баранавичи на 16 август
-
Собир против Лукашенко во Минск на 23 август
-
„Женски марш“ против Лукашенко во Минск на 29 август
-
Собир против Лукашенко во Минск на 30 август
-
Внатрешни трупи во Минск
-
Војници од белоруските копнени сили за време на протестите.
-
„Марш на правдата“ во Минск на 20 септември
-
Употреба на водени топови во Минск на 4 октомври
-
Група на вооружени трупи во обична облека
-
Вооружени трупи во мини-комбе
-
Пукање во воздух
Наводи
уреди- ↑ „More Than 1,000 Belarusians Protest Lukashenka's Bid For Sixth Term“. Radio Free Europe/Radio Liberty. 24 May 2020. Посетено на 11 август 2020.
- ↑ Паслухайце, як віцебскі чыноўнік прымушае выбарчую камісію замяніць лічбы ў пратаколах АЎДЫЯ. Наша Ніва (белоруски). 2020-08-12.
- ↑ „Belarus: Anti-government protesters rally ahead of presidential vote“. Deutsche Welle. 19 July 2020. Посетено на 11 август 2020.
- ↑ Belarus protests have roots in Lukashenko's repression
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Belarus election: Exiled leader calls weekend of 'peaceful rallies'“. BBC News. 14 август 2020.
- ↑ 6,0 6,1 Ulasik, Valeriya; Shalayeva, Alena; Wesolowsky, Tony (4 август 2019). „Unflagging Protest: Belarus's Opposition Inspired By A Pensioner And Her Outlawed Banner“. Radio Free Europe/Radio Liberty. Архивирано од изворникот 24 March 2020.
- ↑ Свабода, Радыё (23 July 2020). „БСДП (Грамада) заклікала галасаваць за Ціханоўскую і адстойваць права на свабодныя выбары“. Radio Svaboda (непознат јазик).
- ↑ 8,0 8,1 „Here's why are protesters in Belarus are flying a white-and-red flag“. Meduza. 14 август 2020. Посетено на 30 август 2020.
- ↑ „Belarus: Anarchists in the Uprising against the Dictatorship“. CrimethInc. 12 август 2020.
- ↑ „Białoruś: "armia nie dopuści do upadku państwa"“. Defence24.pl (полски). 18 July 2020.
- ↑ „СМИ: в Бресте подняли 38 бригаду ВДВ“. www.mk.ru. 2020-08-10.
- ↑ „Власти Бреста подтвердили привлечение десантников для сдерживания протестов“. Sputnik Беларусь. 2020-08-12.
- ↑ „Участие в митинге на площади Независимости | КОММУНИСТИЧЕСКАЯ ПАРТИЯ БЕЛАРУСИ“. comparty.by. Архивирано од изворникот на 2020-09-13. Посетено на 2020-11-16.
- ↑ „Коммунистам Беларуси нужна братская солидарность! Обращение Союза коммунистических партий – КПСС к коммунистическим и рабочим партиям мира“. kprf.ru.
- ↑ „U.S., fascists set scopes on socialist-leaning Belarus“. Workers World. 2020-08-17.
- ↑ „Belarus opposition leader flees abroad with two sons ahead of election“. Reuters (англиски). 24 July 2020. Посетено на 24 July 2020.
- ↑ Vasilyeva, Nataliya (10 август 2020). „Belarus' authoritarian leader wins elections by landslide as protests erupt“. The Daily Telegraph. London.
- ↑ Auseyushkin, Yan; Roth, Andrew (11 август 2020). „Will knocking Belarus offline save president from protests?“. The Guardian. London.
- ↑ „Кандрусевіч у інтэрвію польскай тэлевізіі: "Ёсьць падставы меркаваць, што выбары праходзілі несумленна"“ [Kondrusiewicz in an interview with Polish television: "There is reason to believe that the election was dishonest."] (белоруски). 31 август 2020. Архивирано од изворникот на 2020-10-20. Посетено на 1 September 2020.
- ↑ „Archbishop stands by detained Belarus protesters“. The Tablet. 27 август 2020. Архивирано од изворникот на 2021-12-10. Посетено на 1 September 2020.
- ↑ Dixon, Robyn (9 август 2020). „Belarusan election officials say exit polls favor Lukashenko“. Washington Post.
- ↑ „Yermoshina: Polls in Telegram channels are a hoax“. BelTA. Minsk. 9 август 2020.
- ↑ „Глава МВД Беларуси взял ответственность за травмы попавших под раздачу“. Rossiyskaya Gazeta. 13 август 2020.
- ↑ „Глава МВД Белоруссии взял ответственность за попавших под раздачу“. RBK Group. 13 август 2020.
- ↑ „Мінск. А вось сколькі людзей прыйшло да Стэлы, каб дамагчыся перагляду вынікаў выбараў. Па адчуванням, іх тут разы ў чатыры больш, чым было на лукашэнкаўскім мітынгу. То бок, тут ужо 200–300 тысяч чалавек, і людзі працягваюць падыходзіць!“. Telegram. 16 август 2020.
- ↑ „🔥🔥🔥У Стелы в Минске сейчас находится более 300 тысяч человек“. Telegram. 16 август 2020.
- ↑ „Мінск. Нешта фантастычнае на Стэле. Экс-прадзюсар "Ляписа Трубецкого" Яўген Калмыкоў — прафесійны арганізатар масавых мерапрыемстваў — сваім намятаным вокам ацэньвае колькасць удзельнікаў акцыі ў 400 тысяч чалавек“. Telegram. 16 август 2020.
- ↑ „У Горадні скончыўся мітынг. Ён сабраў каля 40 тысяч чалавек. Людзі прайшлі ад Савецкай плошчы да плошчы Леніна па цэнтры гораду. Агучылі патрабаваньні да ўладаў. На сцэне працаваў свабодны мікрафон. Падзея прайшла без правакацыяў і затрыманьняў“. Telegram. 16 август 2020.
- ↑ „Могиљов. По нашим оценкам, более 10 тысяч человек вышли сегодня на улицы требовать отставки Александра Лукашенко и наказания виновных в избиении белорусов 9–12 августа“. Telegram. 16 август 2020.
- ↑ Franak Viačorka [@franakviacorka] (23 август 2020). „15:10 — ~202k“ (Tweet). Архивирано од изворникот на 23 август 2020 – преку Twitter.
- ↑ „According to various estimates, up to 250,000 people have gathered at Independence square and more are gathering at the adjacent streets“. belarusfeed. 23 август 2020. Архивирано од изворникот 2020-08-23. Посетено на 2020-11-16.
- ↑ Franak Viačorka [@franakviacorka] (23 август 2020). „According to various estimates, from 80 to 250 thousands joined the rally today. Many rallies are taking part in other cities today as well. According to organizers, more than 0.5 million are protesting today across the country“ (Tweet). Архивирано од изворникот на 23 август 2020 – преку Twitter.
- ↑ „Protestors pack Belarus capital, Russia offers Lukashenko military help“. France 24. 17 август 2020.
- ↑ „Kaatuuko Valko-Venäjän diktaattori Lukašenka pian? Se riippuu ainakin kolmesta tekijästä, vastaa asiantuntija“. Yle Uutiset. 2020-08-16.
- ↑ „Brutalised Minsk: how Belarusian police beat protesters“. Mediazona Belarus (англиски). 21 November 2020. Архивирано од изворникот на 2021-02-25. Посетено на 21 November 2020.
- ↑ „Protesters keep pressure on Belarus' dictator, and pay the price“. CBS News. 14 December 2020. Посетено на 16 December 2020.
At least four people have purportedly died
- ↑ „UN: Widespread Human Rights Violations Continue Unchecked in Belarus“. Voice of America. 2020-11-15. Посетено на 2020-11-15.
- ↑ „Агульная лічба затрыманых за час пратэстаў перавысіла 30 тысяч чалавек“. Nasha Niva (белоруски). 2020-11-22. Посетено на 2020-11-23.
- ↑ „Balloon Launches Mark Opposition To Belarus's Lukashenka“. Radio Free Eupore. 2020-12-27. Посетено на 2020-12-29.
- ↑ „Сотня в лікарнях, десятки зникли безвісти: що відомо про долю мітингувальників з Білорусі“. 24 Канал. 2020-08-19.
- ↑ „Exiled Belarusian leader calls on Ireland to "be more vocal" against Lukashenko regime“. BreakingNews.ie. 2020-12-18. Посетено на 2021-01-27.
- ↑ МВД Белоруссии сообщило о 39 пострадавших в столкновениях силовиках (руски). RBC. 10 август 2020. Посетено на 11 август 2020.
- ↑ Karmanau, Yuras (13 август 2020). „Hundreds form human chains as Belarus protests intensify“. Global News.
- ↑ „Belarus election: Opposition disputes Lukashenko landslide win“. BBC News. 10 август 2020. Посетено на 12 август 2020.
- ↑ „Belarusians Protest Against Lukashenka's Run for Sixth Term as President“. Radio Free Europe/Radio Liberty.
- ↑ [1]
- ↑ 47,0 47,1 Nechepurenko, Ivan (7 август 2020). „Europe's 'Last Dictator,' Facing Re-Election, Is Increasingly in Peril“. The New York Times.
- ↑ 48,0 48,1 Dorokhov, Vladimir; Goncharenko, Roman (6 август 2020). „Belarus elections: Lukashenko's authoritarian grip faces test“. Deutsche Welle.
- ↑ „Belarus' Lukashenko outlaws protests, arrests opponents – DW – 06/01/2020“. Deutsche Welle.
- ↑ https://www.nytimes.com/2020/08/07/world/europe/belarus-election-aleksandr-lukashenko.html
- ↑ Wesolowsky, Tony (2020-08-06). „Five Factors That Ensure Lukashenka Wins Every Election in Belarus“. Radio Free Europe/Radio Liberty.
- ↑ 52,0 52,1 Auseyushkin, Yan; Roth, Andrew (10 август 2020). „Belarus election: Lukashenko's claim of landslide victory sparks widespread protests“. The Guardian. London. ISSN 0261-3077. Посетено на 13 август 2020.
- ↑ „Belarus election: Protests break out after disputed presidential vote“. euronews. 9 август 2020. Посетено на 13 август 2020.
- ↑ Kolos, Tamara (10 август 2020). „Что происходит с интернетом в Беларуси — мнение технических специалистов“ [What happens to the Internet in Belarus – technical experts' opinion]. 42.tut.by. Архивирано од изворникот на 11 август 2020. Посетено на 12 август 2020.
- ↑ Davlashyan, Naira (12 август 2020). „What is Nexta — the Telegram channel reporting on Belarus' protests?“. euronews. Посетено на 13 август 2020.
- ↑ Coalson, Robert (2020-08-17). „How Telegram Users Found A Way Through Belarus's Internet Lockdown“. Radio Free Europe/Radio Liberty. Посетено на 13 август 2020.
- ↑ „Belarus elections – crackdown on press freedom“. freepressunlimited.org. Архивирано од изворникот на 2020-08-22. Посетено на 13 август 2020.
- ↑ „Belarus protesters use vehicles to block police from demonstrations over 'rigged election'“. The France 24 Observers. 2020-08-11. Посетено на 13 август 2020.
- ↑ 59,0 59,1 59,2 „Police Crack Down On Protests In Belarus After Results Show Lukashenka Winning In Landslide“. Radio Free Europe/Radio Liberty. 2020-08-10. Посетено на 13 август 2020.
- ↑ „Hundreds detained, firearms used in third night of Belarus unrest“. Bangkok Post. Agence France-Presse. 12 август 2020. Посетено на 13 август 2020.
- ↑ Gerdžiūnas, Benas (11 август 2020). „As shots and explosions shake Minsk, people call for help from Lithuania“. LRT English. Посетено на 13 август 2020.
- ↑ „Belarus opposition candidate declares victory | NHK WORLD-JAPAN News“. www3.nhk.or.jp. Архивирано од изворникот на 2020-08-16. Посетено на 2020-08-15.
- ↑ Grekowicz, Nikita (16 август 2020). „Łukaszence został już tylko Putin, Cichanouska wzywa do lokalnego przejmowania władzy“ [Lukashenko only has Putin left, Tsikhanovskaya calls for local taking over of power]. OKO.press (полски). Архивирано од изворникот 16 август 2020. Посетено на 16 август 2020.
- ↑ „NEXTA Live Translated to English“. Telegram.
- ↑ „Названы первые члены Координационного Совета“. 17 август 2020. Архивирано од изворникот на 2021-07-26. Посетено на 2021-07-26.
- ↑ „Вольга Кавалькова“ – преку Facebook.Предлошка:Primary source inline
- ↑ „В организованном Тихановской координационном совете по передаче власти назвали дату первой встречи“. канал Дождь. 17 август 2020.
- ↑ Makhovsky, Andrei (18 август 2020). „Belarus opposition sets up council; Lukashenko decries 'attempt to seize power'“. Reuters.
- ↑ „Belarus strikes must continue and grow, opposition leader says“. BBC News. 21 август 2020.
- ↑ „Supporting the Aspirations of the Belarusian People“. US Department of State. 20 август 2020.
- ↑ „Песков оценил заявление белорусской оппозиции о сотрудничестве с Россией“. РБК (руски). 2020-08-25. Посетено на 28 август 2020.
- ↑ „MEPs call for EU sanctions against Belarusian President and Navalny's poisoners | News | European Parliament“. www.europarl.europa.eu. 17 September 2020.
- ↑ „Pavel Latushko Announces Establishment Of People's Anti-Crisis Administration“. Belarus Feed. 2020-10-29. Архивирано од изворникот 2020-11-16. Посетено на 2020-11-16.
- ↑ Sadouskaya–Komlach, Maryia (2020-11-06). „An Exiled Belarusian Opposition Faces A Credibility Test“. Center for European Policy Analysis. Архивирано од изворникот 2020-11-16. Посетено на 2020-11-16.
- ↑ „National Anti-Crisis Management“. National Anti-crisis Management. 2020. Архивирано од изворникот 2020-11-16. Посетено на 2020-11-16.
- ↑ Grekowicz, Nikita (2020-11-15). „Białoruś ponownie zawrzała po skatowaniu Ramana Bandarenki. Trwają protesty [relacja z Mińska]“ [Belarus again in shock at the assault on Raman Bandarenka. Protests continue [report from Minsk]]. OKO.press (полски). Архивирано од изворникот 2020-11-16. Посетено на 2020-11-16.
- ↑ „"Там творится какой-то ад". Истории людей, которые побывали в изоляторе на Окрестина после выборов“. TUT.BY. 13 август 2020. Архивирано од изворникот на 14 август 2020.
- ↑ „Белорусские тюрьмы не справляются: подробности об условиях для задержанных активистов“. 24 Канал. 2020-08-13.
- ↑ „"В тюрьме нас раздели догола и заставили приседать": бывший сотрудник МЧС рассказал, как был жестко задержан и провел одну ночь в заключении“. NewGrodno.By. 13 август 2020. Архивирано од изворникот на 2020-09-24. Посетено на 2021-07-26.
- ↑ „Белорусский правозащитник — о задержаниях людей, пытках в тюрьмах и конвейерных судах“. znak.com. Архивирано од изворникот на 2020-08-20. Посетено на 2021-07-26.
- ↑ Rozhanskiy, Timofei; Chizhova, Lyubov; Scollon, Michael (2020-08-13). „'How Can This Be Our Country?': Claims Of Torture Abound As Belarusian Jails Swell“. Radio Free Europe/Radio Liberty. Посетено на 13 август 2020.
- ↑ Sandford, Alasdair (14 август 2020). „Belarus crackdown: Evidence grows of widespread torture as protesters are freed“. Euro news.
- ↑ Fokht, Elizaveta (15 август 2020). „'If you croak we don't care': Brutality in Belarus“. BBC News.
- ↑ „СМИ опубликовали аудиозапись пыток в минском СИЗО. На ней слышны крики и удары“. gordonua.com. Посетено на 16 август 2020.
- ↑ „Belarus: Widespread torture of protesters suggests crimes against humanity / август 14, 2020 / Statements / OMCT“. omct.org. Архивирано од изворникот на 2020-09-25. Посетено на 18 август 2020.
- ↑ „Split Identity and a Tug-of-War for Belarus's Memory“. The Jamestown Foundation. 20 December 2019.
- ↑ „Video“. 2018-03-25. Посетено на 30 август 2020 – преку YouTube.
- ↑ „Pesnyary – Пагоня (Pagonya) lyrics + English translation“. lyricstranslate.com. Посетено на 2020-10-01.
- ↑ „Video“. 2020-01-08. Посетено на 30 август 2020 – преку YouTube.
- ↑ „Особенности "беларускага адраджэння" в 1918–1920–х годах — Военный информационный портал Министерства обороны Республики Беларусь“. mil.by. Архивирано од изворникот на 2022-01-18. Посетено на 19 август 2020.
- ↑ Melnichuk, Tatsiana (13 август 2020). „Shocked by violence, Belarusians lose their fear“. BBC.
- ↑ „People are seeking change in Belarus. Instead, they're being mercilessly beaten and detained ǀ View“. euronews. 13 август 2020.
- ↑ „Барабаны, все флаги вместе и "слово пацана". В Витебске придумали новый формат мирных акций“. TUT.BY. 22 август 2020. Архивирано од изворникот на 23 август 2020.
- ↑ „Belarus Protests Eclipse Rally in Defense of Defiant Leader“. The New York Times. 16 август 2020.
- ↑ „Belarus prosecutors open probe against opposition activists“. The Belfast Telegraph. 20 август 2020.
- ↑ 96,0 96,1 „Belarus: 'Za Batku', pro-Lukashenko demonstrators gather in Minsk“. Agence France-Presse. 25 август 2020.
- ↑ „Rally in Minsk in support of Lukashenko“. Associated Press. 21 август 2020.
- ↑ „Belarus: Thousands attend rally in support of Lukashenko in Vitebsk“. 21 август 2020.
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>
.