Светлана Тихановскаја
Светлана Хеорхијена Тихановскаја или Светлана Георгиевна Тихановскаја (белоруски: Святлана Георгіеўна Ціханоўская (Піліпчук); руски: Светлана Георгиевна Тихановская (Пилипчук) [svʲɪˈtlanə ɡʲɪˈorɡʲɪ(j)ɪvnə tʲɪxɐˈnofskəjə pʲɪlʲɪpˈtɕuk]; родена на 11 септември 1982 година) — белоруски активистка за човекови права и политичарка кој учествуваше на претседателските избори во Белорусија во 2020 година како главен опозициски кандидат, откако нејзиниот сопруг Сергеј Тихановски претходно беше уапсен.
Светлана Тихановскаја Святлана Ціханоўская Светлана Тихановская | |
---|---|
Тихановскаја во ноември 2020 година | |
Роден(а) | Светлана Георгиевна Пилипчук 11 септември 1982 Микашевичи, Белоруска ССР, Советски Сојуз |
Државјанство | Белорусија |
Алма матер | Државен педагошки универзитет во Мозир |
Занимање | наставничка, толкувач, политичарка |
Партија | независна |
Сопружник | Сергеј Тихановски (в. 2004) |
Деца | 2 |
Страница https://tsikhanouskaya.org/en/ |
Биографија
уредиПред да се кандидира за претседателка, Тихановскаја била наставничка по англиски јазик[1] и толкувач. Таа е омажена за јутјуберот, блогер и про-демократски активист Сергеј Тихановски, кој беше уапсен во мај 2020 година. [1] Заедно имаат син и ќерка.[2]
Кампања за претседателски избори во Белорусија во 2020 година
уредиПо апсењето на нејзиниот сопруг на 29 мај, Тихановскаја соопшти дека има намера да се кандидира на негово место. Таа се регистрираше како независен кандидат на 14 јули 2020 година. По регистрацијата, доби поддршка од Валери Цепкало и Виктор Бабарико, двајца истакнати опозициски политичари на кои им беше забрането да се регистрираат. Едниот беше уапсен, а другиот избега од земјата. За време на претседателската кампања, фотографијата на Тихановскаја со Марија Колесникова (шеф на кампањата на Бабарико) и Вероника Цепкало (сопруга на Валери Цепкало) стана симбол на нејзината кампања. [3]
Ноќта пред изборите, полицијата приведе високи претставници кои учествуваа во кампањата на Тихановскаја, а таа одлучи да се сокрие во Минск, пред повторно да се појави на денот на изборите на едно од избирачките места. [4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Bennetts, Marc (6 June 2020). Напишано во Moscow. „Svetlana Tikhanovskaya: Housewife steps into election fight with Belarus strongman Lukashenko“. The Times. London. Архивирано од изворникот на 24 August 2020. Посетено на 22 August 2020.
- ↑ Ex-teacher hopes to free Belarus from president's iron fist Архивирано на 7 август 2020 г., Associated Press (4 August 2020).
- ↑ Bennetts, Marc (20 July 2020). Напишано во Moscow. „Wife of jailed blogger steps up to fight Lukashenko of Belarus“. The Times. London. Архивирано од изворникот на 4 August 2020. Посетено на 6 August 2020.
- ↑ Roth, Andrew; Auseyushkin, Yan (9 August 2020). Напишано во Moscow and Minsk. „Opposition candidate comes out of hiding as Belarus votes“. The Guardian (англиски). London. Архивирано од изворникот на 9 August 2020. Посетено на 9 August 2020.