Променлива ѕвезда од типот на Алфа2 Ловечки Кучиња

вид променлива ѕвезда

Променлива ѕвезда од типот на Алфа2 Ловечки Кучиња (α2 CVn-променлива) — вид на променлива ѕвезда. Ова се хемиски необични ѕвезди од главната низа со спектрална класа од B8p до A7p. Имаат силни магнетни полиња и силни спектрални линии на силициум, стронциум или хром. Сјајноста обично им се колеба од 0,01 до 0,1 величини во текот на 0,5 до 160 дена.[1]

Покрај разликите во јачините и профилите на самите ѕвезди, истите колебања важат за нивните спектрални линии и магнетни полиња. Сите имаат еднакви периоди, за кои се мисли дека се рамни на вртежниот период на ѕведата. Се смета дека разликите ги предизвикува нерамномерната распределба на металите во атмосферата на овиве ѕвезди, така што површинската сјајност се разликува од едно место до друго.[2]

Овој тип на ѕвезди е наречен по ѕвездата α² Ловечки Кучиња во двојниот систем Карлово Срце од северното соѕвездие Ловечки Кучиња. Нејзината сјајност се разликува за 0,14 величини во период од 5,47 дена.[3]

Примери

уреди
Список на некои променливи ѕвезди од типот на Алфа2 Ловечки Кучиња[4]
Име Соѕвездие Откриена Привидна величина (најголема) spectral lines (најмала) Величински опсег Спектрален тип Забелешка
(Алфа2 Ловечки Кучиња) Карлово Срце Ловечки Кучиња   2,84 2,98 0,14 B9.5p(Si-Cr-Eu) прототипна
Епсилон Голема Мечка (Алиот) Голема Мечка 1,76 0,02 A0p(Cr-Eu) најсјаен член
Алфа Златна Рипка Златна Рипка 3,26 3,30 0,04 A0IIIp(Si) една од најврелите; двојна

Наводи

уреди
  1. Variability types, General Catalogue of Variable Stars, Sternberg Astronomical Institute, Moscow, Russia. посет. 20 август 2008 г.
  2. pp. 83–85, Variable Stars, Michel Petit, foreword by Paolo Maffei, tr. from French by W. J. Duffin, Chichester, UK: John Wiley & Sons, 1987, ISBN 0-471-90920-3.
  3. alf 2 CVn , database entry, General Catalogue of Variable Stars Архивирано на 20 јуни 2017 г., Sternberg Astronomical Institute, Moscow, Russia. посет. 20 август 2008 г.
  4. Samus', N. N; Kazarovets, E. V; Durlevich, O. V; Kireeva, N. N; Pastukhova, E. N (2017). „General catalogue of variable stars: Version GCVS 5.1“. Astronomy Reports. 61 (1): 80–88. Bibcode:2017ARep...61...80S. doi:10.1134/S1063772917010085. S2CID 125853869.