Прокошко Езеро е ледничко езеро кое се наоѓа на 1660 метри надморска височина. Сместено е на планината Враница, 22 километри од центарот на градотФојница, Босна и Херцеговина, помеѓу долината на рекатаВрбас и долината на реката Босна. Котлината на езерото лежи во зона на мигматит. Езерото се полни со вода од ледници, подземни извори и околните извори кои се наоѓаат во подножјето на планината Дебело Брдо, потоа преку топење на снегот од околните падини и атмосферски депозити. Водата ја губи преку истекување на помалите реки, продирање и испарувањето. Површина на сливот на езерото изнесува 48 330 m². Максималната должина е 426 метри, максималната ширина е 191,3 метри, а 113,4 m просечната широчина. Должината на крајбрежјето на 1060,5 метри. Просечната длабочина на езерото е 5,7 метри, а максималната 13,0 м. Во текот на летните месеци, нивото може да се намали на 60 cm.