Причинуење
„Причинуење“ (во постар правопис Причинуенье) — втората песна во македонската стихозбирка „Молскавици“ објавена во 1940 година од истакниот македонски поет и автор Коле Неделковски. Во самата песна се изразува повеќе трагична и тажна содржина, слично како други песни од истата збирка.
Содржина
уредиПесната е составена од 20 стихови со 4 строфи, 4 стиха за секоја строфа. Песната претставува еден од пократките песни присутни во стихозбирката. песната Причинуење низ еден метафизички немир, полн со насетување и искричави проблеснувања на неспокојот и надежта, се разврзува еден лирски говор на овој „последен народен певец“ без нагласено чувство на заемна обусловеност со мелодискиот спецификум на народинот стих и некои други негови атрибути.[1]
Песната е прикажана како лирска песна, но песната делумно ја спомнува неговата мајка, којшто е редовно спомната низ стихозбирката, во оригиналното издание после корицата имало краток текст каде што пишува „На мајка ми“.[2] Според некој наводи, делото има делумно љубовен мотив.[3]
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Друговац, Миодраг (1975). Македонска Литература (Од Мисирков до Рацин). Просветно дело. стр. 205.
- ↑ Тоциновски, Васил (1987). Светлина и текови. Наша книга. стр. 160. ISBN 9788637301486.
- ↑ Силјан, Раде (2001). Прилози на наставата по литература. Матица македонска. стр. 129. ISBN 9789989483783.