Природен сателит
Природен сателит или месечина е објект кој кружи околу планета или некое поголемо тело од него, а не е направено од човекот. Ваквиот објект најчесто се нарекува месечина. Технички, поимот природен сателит исто така може да се однесува и на планета која кружи околу некоја ѕвезда, или уште повеќе ѕвезда која кружи околу своето галактичко средиште. Но вообичаено поимот природен сателит се однесува на сателитите на планетите, џуџестите планети или малите планети.
Има околу 240 познати месечини во Сончевиот Систем, вклучително оние 162 кои кружат околу планетите, 4 кои кружат околу џуџестите планети, и многу други кои кружат околу помали објекти во сончевиот Систем. Другите ѕвезди и нивните планети исто така имаат природни сателити.
Сите објекти кои припаѓаат на нашиот Сончев Систем, вклучително и Земјата и Сонцето, се сателити или на некоја планета, или на Сонцето, или на галактичкото средиште на Млечниот Пат.
Понекогаш не е едноставно да се определи за едно множество на објекти кој на кого му е сателит. Бидејќи сите тела кои имаат маса се под влијание на гравитациски сили, движењето на примарниот објект исто така е под влијание на сателитот. Ако два објекта се со приближно иста маса, се вели дека се работи за двоен систем а не за систем примарен објект - сателит; екстремен случај на двоен систем 'двојниот астероид'. Како општ критериум за оценка дали еден објект е сателит или не на друг објект се зема нивното тежиште. Објектот до во чија внатрешност се наоѓа тежиштето велиме дека е главен објект а за другиот објект велиме дека е сателит. Еден друг пример, далеку попознат, е примерот на џуџестата планета Плутон и нејзиниот придружник Хирон. Многумина веруваат дека Хирон е сателит на Плутон, но тоа е дискутабилно, бидејќи нивните маси се приближно еднакви а нивното средиште не се наоѓа во внатрешноста на ниту еден од нив, па според тоа некои велат дека Плутон и Хирон се членови на еден двоен систем од планети.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |