Прва хунта
Прва хунта или Примера хунта (шпански: Primera Junta) е името на првата влада на независни Обединети Покраини на Рио де ла Плата, денес Аргентина. Оваа хунта или влада била основана на 25 мај 1810 година како директен резултат на Мајската револуција. Првично хунтата била составена само од претставници од Буенос Аирес. Како што се очекувало, хунтата се проширила со претставници и од останатите поранешни покраини на Вицекралството Рио де ла Плата кои за кои се очекувало да се приклучат на федерацијата (освен Парагвај, подоцна Банда Ориентал и Горно Перу). Во историјата, проширениот состав на хунтата е познат како „Голема хунта“ (Junta Grande). Седиштето на хунтата била Тврдината на Буенос Аирес, на локацијата на денешната Каса Росада, Буенос Аирес. Таа тврдина од 1776 година се користела како седиште на вицекралот.
Примера хунта Primera Junta Прва хунта | |
---|---|
Обединети Покраини на Рио де ла Плата | |
Тип | |
Тип | Централна врховна хунта |
Историја | |
Основан | 25 мај 1810 (Мајска револуција) |
Распуштен | 18 декември 1810 |
Претходен состав | Вицекралство Рио де ла Плата |
Следен состав | Хунта гранде |
Водство | |
Претседател | |
Членови | |
Секретари | |
Избори | |
Последни избори | Мајска револуција |
Зборно место | |
Тврдина на Буенос Аирес |
Создавање
уредиСлужбеното име на хунтата било „Привремена владејачка хунта на Покраините Рио де ла Плата во име на господин Дон Фернандо VII (Junta Provisional Gubernativa de las Provincias del Río de la Plata a nombre del Señor Don Fernando VII). Ваквото име намерно било избрано за да наликува дека хунтата работи и владее во име на шпанскиот крал, кој патем бил затворен од Наполеон Бонапарт за време на Полуостровската војна. Хунтите во тој период на Шпанската Империја биле транзициски влади во итни случаи, кои се обидувале да ја зачуваат шпанската сувереност. За колониите во Америка била одговорна Хунтата од Севиља, која тврдела дека има суверенитет врз шпанските колонии. Ова било одбиено од Шпанска Америка, или колониите на Шпанија во Латинска Америка, и тие испратиле членови во Врховната централна хунта.
Кога Врховната централна хунта во Шпанија се укинала во 1810 година, полтичките активни жители на Буенос Аирес го доживеале моментот како најпогоден за основање на локална влада.[1] Луѓето биле под влијание на скорешните демократски и републикански идеи на Просветителството, но воедно биле и загрижени за трговскиот монопол на шпанскиот престол, што пак ја гушел месната економија.
Така, на 22 мај во центарот на Буенос Аирес се одржало отворено кабилдо. На него учествувале повеќе од 200 истакнати граѓани на Буенос Аирес, црковни и политички активисти. Кабилдото завршило со создавање на „првата хунта“, односно одлука за формирање на независна влада на идната Обединети Покраини на Рио де ла Плата.
Состав
уреди
|
Надворешна политика
уредиПрвата хунта била загрижена за ризикот од португалската екпанзија (преку колонијата Бразил) кон Рио де ла Плата. Шпанската дипломатија се обидела да ги спречи експедициите на казнените армии, ги ограничила воените конфликти во Парагвај, Горно Перу и Банда Ориентал. Првата хунта објавила дека секој град кој ќе се побуни против монархистите е нејзин сојузник.[2] Британија, која била сојузник на Шпанија за време на Наполеоновите војни, останала неутрална во конфиликтот помеѓу монархистите и патриотите во Латинска Америка. Тие сепак се грижеле британската трговија да не трпи штети.[2]
Литература
уреди- Abad de Santillán, Diego. Historia Argentina (шпански). Buenos Aires: TEA (Tipográfica Editora Argentina).
- Halperín-Donghi, Tulio. Politics, Economics, and Society in Argentina in the Revolutionary Period. Cambridge, Cambridge University Press, 1975. ISBN 978-0-521-20493-4
- Galasso, Norberto (2004). Mariano Moreno – El sabiecito del sur. Buenos Aires: Colihue. стр. 6–7. ISBN 950-581-799-1.
Наводи
уреди- ↑ Saavedra, Cornelio (2009). Memoria autógrafa. Buenos Aires: Editorial del Nuevo Extremo. стр. 59. ISBN 978-987-609-171-8.
Spanish: A la verdad, quién era en aquel tiempo el que no juzgase que Napoleón triunfaría y realizaría sus planes con la España? Esto era lo que yo esperaba muy en breve, la oportunidad o tiempo que creía conveniente para dar el grito de libertad en estas partes. Esta era la breva que decía era útil esperar que madurase.
At the hour of truth, who was there in that time that did not consider that Napoleon would triumph and realize his plans for Spain? This was what I expected soon, the chance or time I deemed convenient to give the freedom cry in those parts. This was the fig I said it was useful to wait to ripen. - ↑ 2,0 2,1 Abad de Santillán, p. 571
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Првата хунта (шпански)