Претседателски избори во САД (1816)
Претседателски избори во САД во 1816 година — 8. по ред претседателски избори во Соединетите Американски Држави. Се одржале на 1 ноември и траеле до 4 декември 1816 година. Се случиле на крајот на вториот мандат на демократско-републиканскиот претседател Џејмс Медисон. Федералистичката партија била пред колапс, па затоа државниот секретар во администрацијата на Медисон, Џејмс Монро, имал голема предност пред доста слабата опозиција. Монро победил убедилво на гласањето на изборниот колегиум каде што освоил 183 изборни гласови наспроти 34.
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мапа на изборните резултати. Зелената боја ги означува сојузните држави каде што победил Монро, додека портокаловата боја ги означува сојузните држави каде што победил Кинг. Бројките го означуваат бројот на распределени изборни гласови по сојузна држава. | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Претходните четири години во американската политика биле доминирани од страна на ефектите од Англо-американската војна. И покрај тоа што војната не завршила со победа, мирот постигнат во 1815 бил задоволителен за американскиот народ, а демократските-републиканци ја добиле заслугата за завршувањето на војната. Федералистите биле дискредитирани поради нивното спротивставување на војната како и сецесионистичка реторика од Нова Англија отелотворени од страна на Хартфордската конвенција од 1814-1815. Претседателот Медисон успеал да преземе некои мерки кои биле поздравени од страна на федералистите, како на пример воведувањето на национална банка како и протекционистички тарифи. Ова им овозможило мал простор за маневрирање на федералистите, па затоа изборите резултирале во убедлива победа на демократските републиканци.
Номинации
уредиДемократко-републиканска номинација
уредиНоминиран
уредиКандидати кои се повлекле пред јавното гласање
уреди-
Гувернер Симон Снајдер од Пенсилванија
-
Гувернер Даниел Д. Томкинс од Њујорк
Одбиле да се кандидираат
уреди-
General Andrew Jackson from Tennessee
Монро бил фаворит на поранешниот претседател Џеферсон како и на претседателот во заминување Медисон. Сепак, Монро се соочил со силна конкуренција од страна на секретарот за војна, Вилијам Х. Крафорд од Џорџија. Иако имало големо нерасположение особено во Њујорк, поради тоа што било време да се стави крај на претседателите по потекло од Вирџинија или таканаречената „Династија од Вирџинија“. Но, долгата историја на Монро, како во САД така и на надворешен план го направила најсоодветен кандидат кој би го заменил Медисон. Крафорд никогаш формално не се прогласил себеси за кандидат поради тоа што тој верувал дека имал мали шанси против Монро и стравувал дека поради трката тој би можел да загуби функција во новиот кабинет. Сепак, поддржувачите на Крафорд претставувале голем предизвик.[1]
Во март 1816, демократско-републиканскиот конгресмен на јавното гласање го номинирал Монро за претседател, а гувернерот на Њујорк, Даниел Д. Томпкинс за потпретседател. Монро го поразил Крафорд со 65 наспроти 54 гласови.
За претседател | За потпретседател | ||
---|---|---|---|
Џејмс Монро | 65 | Даниел Д. Томпкинс | 85 |
Вилијам Х. Крафорд | 54 | Симон Снајдер | 30 |
Номинација на Федералистичката партија
уредиФедералистички кандидати
- Руфус Кинг (Њујорк), сенатор
Федералистите на јавното гласање не се ни обиделе да прогласат формална номинација, иако голем број на федералисти го поддржувале сенаторот од Њујорк Руфус Кинг кој претходно бил двапати поразен како федералистички кандидат за потпретседател. Поранешниот сенатор Џон Игер Хауард од Мериленд бил федералистички кандидат за потпретседател.
Резултати
уредиКандидат за претседател | Партија | Матична сојузна држава | Народно гласање(a), (b) | Изборни Гласови(c) |
Кандидат за потпретседател | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Број | Процент | Име | Матична сојузна држава | Изборни гласови(c) | ||||
Џејмс Монро | Демократско-републиканска партија | Вирџинија | 76,592 | 68.2% | 183 | Даниел Д. Томпкинс | Њујорк | 183 |
Руфус Кинг | Федералистичка партија | Њујорк | 34,740 | 30.9% | 34 | Џон И. Хауард | Мериленд | 22 |
Џејмс Рос | Пенсилванија | 5 | ||||||
Џон Маршал | Вирџинија | 4 | ||||||
Роберт Гудлоу Харпер | Мериленд | 3 | ||||||
останати избирачи | - | - | 1,038 | 0.9% | 0 | - | - | 0 |
Вкупно | 112.370 | 100% | 217 | 217 | ||||
Потребно за победа | 109 | 109 |
Извор (народно гласање): A New Nation Votes: American Election Returns 1787-1825[2]
(a) Само 10 од 19 сојузни држави избрале избирачи преку народно гласање.
(b) Оние сојузни држави кои не избрале избирачи преку народно гласање имале ограничувања на правото на глас поради условите за имот.
(c) Еден избирач од Делавер и тројца од Мериленд не гласале.
Наводи
уреди- ↑ William DeGregorio, The Complete Book of U.S. Presidents, Gramercy 1997
- ↑ „A New Nation Votes“. Архивирано од изворникот на 2018-05-13. Посетено на 2017-01-15.