Претседателски избори во Русија (1996)

Претседателските избори во Руската Федерација се одржиле на 3 јули 1996 година. Тоа биле вторите претседателски избори во историјата на земјата. Борис Елцин победил на изборите во вториот круг на гласање со освоени 53,8% од гласовите, наспроти неговиот противкандидат Генадиј Зјуганов кој освоил 40,3%.

Претседателски избори во Русија (1996)
Русија
1991 (РСФСР) ←
16 јуни 1996 (прв круг)
3 јули 1996 (втор круг)
→ 2000

Излезност 69,7% 5% (прв круг)
68.8% 0,9% (втор круг)
 
Кандидат Борис Јелцин Генадиј Зјуганов
Партија Независен КПР
Матична држава Свердловска област Орловска област
Добиени гласови 40.203.948 30.102.288
Удел 54,4% 40,7%

  Региони во кои во вториот круг победил Борис Јелцин
  Региони во кои во вториот круг победил Генадиј Зјуганов

претседател пред изборите

Борис Јелцин
Независен

Избран за претседател

Борис Јелцин
Независен

Кампања

уреди

Во почетокот на кампањата, претседателот Борис Елцин се наоѓал во неизвесна состојба, главно поради неговото здравје по серијата срцеви удари. Неговото однесување понекогаш било непристојно за тоа време, па според тоа се сметало дека Елцин има многу мали шанси повторно да биде избран за претседател на Руската Федерација. Во времето кога започнала кампањата, популарноста на Елцин според анкетите била околу 0%.[1]. Во меѓувреме, опозициската партија на комунистите за свој кандидат за претседател го истакнала Генадиј Зјуганов, чија кампања започнала со спомените од советските денови кога земјата била сметана како голема сила на меѓународната сцена[2].

Зголемениот притисок кон Елцин и неговиот тим кои постојано излегувале со тврдење дека болниот Елцин нема да може да ги добие изборите довело до промена на целиот тим кој ја водел кампањата на Елцин, а како клучна фигура во неговата кампања се појавила неговата ќерка Татјана Дјаченко и именување на Анатолиј Чубајс[3]. Чубајс, кој бил и одговорен за приватизацијата на Русија, за главен инструмент во кампањата ја искористил самата програма.

Главна поддршка Елцин добил од страна на олигарсите. Проектот Заеми за акции се одржал до 1996 година. Елцин преку овој проект дал можноср на олигарсите во Русија да ги стекнат најпосакуваните средства во земјата, во замена за невна помош при изборот за претседател[4].

Во пролетта на 1996 година, Чубајс наемил шест водечки руски стопанственици и медиумски магнати, сите олигарси, донирајќи 3.000.000 $, и гарантирајќи целосна покриеност на телевизиите и водечките весници во земјата кои директно ќе служат кон победата на Елцин. Кампањата била прикажана како судбоносен избор на Русија и избор помеѓу Елцин и враќањето кон тоталитаризмот. Олигарсите дури се заканиле и со граѓанска војна доколку комунистите победат на изборите. Во далечните реони на земјата, кампањата на Елцин се потпирала врз основа на своите врски со локалните гувернети, кои голем дел од нив биле назначени од самиот Елцин.

Од друга страна, комунистичкиот кандидат имал помалку финансиски средства на располагање и значително мал пристап до медиумите. Кампањата на Елцин била прогласена во голема мера како енергична и брза, отфрлајќи ја загриженоста за неговото здравје, искористувајќи ги сите предности, дури и на црквата. За намалување на гласачкото незадоволство, тој изјавувал дека ќе се откаже од некои непопуларни економски реформи и ќе ги зголеми приходите за социјална помош, ќе стави крај на војната со Чеченија, а по ова ќе следува зголемување на платите и пензиите и укинување на воената програма. Кампањата добила потик по најавените $10 билиони долари заем од ММФ[5]. Во голема мера, освен крајот на војната, Елцин по неговиот избор не ги исполнил своите ветувања.

Одзив и резултати

уреди

Одѕивот на гласачите во првиот круг од изборите на 16 јуни бил 69,8%. Според резултатите кои биле објавени на 17 јуни, Елцин освоил 35% од гласовите, Зјуганов 32%; Александар Лебед, поранешен генерал 14,5%; либералниот кандидат Григориј Јавлински 7.4%; екстремно десничарската националистичка партија на Владимир Жириновски 5.8 % и поранешниот советски претседател Михаил Горбачов 0,5%. Ниту еден од кандидатите не обезбедил апсолутно мнозинство, Елцин и Зјуганов отишле во вториот круг на гласање. Во меѓувреме, Елцин одлучил да ги придобие гласачите на начин што Лебед го назначил за советник за национална безбедност и секретар на Советот за безбедност.

На крајот, изборната тактика на Елцин се исплатила. Во вториот круг на 3 јули, со одѕив од 68,9%, Елцин освоил 53,8% од гласовите а Зјуганов 40,3%, а остатокот (5,9%) гласале против двајцата.[6]. Москва и Санкт Петербург, заедно обезбедиле повеќе од половина од поддршката на актуелниот претседател, но не и во големите градови на Урал, и на север и североисток. Елцин загубил од Зјуганов во јужна Русија. Јужниот дел од земјата станал познат како "црвен појас", нагласувајќи ја издржливоста на Комунистичката партија на изборите од распадот на Советскиот Сојуз[7].

Иако Елцин ветил дека ќе ја напушти својата непопуларна неолиберална политика на штедење и зголемување на јавната потрошувачка за да им помогне на оние кои страдаат од болка на капиталистичките реформи, во рок од еден месец по неговиот избор, Елцин издал декрет за поништување на скоро сите од овие ветувања.

Веднаш по изборите, физичкото здравје Елцин и менталната стабилност започнала да опаѓа. Многу од извршните функции на Елцин биле префрлени на олигарсите во земјата.

Наводи

уреди
  1. CNN, Russian presidential candidate profiles, 1906.http://edition.cnn.com/WORLD/pivotal.elections/1996/russia/candidate.html
  2. CNN, Gennady Zyuganov candidate profile, 1996. http://edition.cnn.com/WORLD/9602/russia_zyuganov
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2004-08-05. Посетено на 2011-11-04.
  4. See, e.g., Pekka Sutela, "Insider Privatization in Russia: Speculations on Systemic Changes," Europe-Asia Studies 46:3 (1994), p. 420-21.
  5. „CNN — Pivotal Elections: Russia“. Edition.cnn.com. Архивирано од изворникот 2008-05-08. Посетено на 2008-11-26.
  6. „Russia Special Report“. The Washington Post. March 23, 1998. Архивирано од изворникот на 2013-06-29. Посетено на 2008-11-26.
  7. „Online NewsHour: Boris Yeltsin Wins Presidnetial Elections — July 4, 1996“. Pbs.org. Посетено на 2008-11-26.