Презбикузија
Презбикузија (од грчките зборови πρέσβυς presbys „стар“ + ἄκουσις akousis „слушање“[1]) или старечка наглувост — физиолошка, прогресивна и иреверзибилна наглувост од перцептивен тип која симетрично ги зафаќа двете уши. Физиолошкото стареење на органот на слух почнува релативно многу рано, уште во четвртата деценија од животот. Меѓутоа не може да се зборува за чисто физиолошко стареење на органот за слух, затоа што во текот на животот нему му влијаат многубројни фактори кои предизвикуваат слабеење на слухот (бучава, заболување на кардиваскуларниот систем, исхрана, ототоксични средства, повреди итн...).
Презбикузија | |
---|---|
Специјалност | Оториноларингологија, speech-language pathology, geriatrics |
Промените кои предизвикуваат слабеење на слухот се јавуваат на сите делови од слушниот апарат – средното уво, внатрешното уво, слушниот нерв, мозочните јадра, мозочните центри). Ушното тапанче ја губи својата еластичност и сјај, слушните ковчиња стануваат анкилотични (неподвижни), на крвните садови се одигруваат дегенеративни промени како и на базиларната мембрана. Во случаите каде дегенеративните промени се силно изразени во мозочните центри, покрај релативниот добар тонски аудиограм постои и нагласено пореметување на препознавање на говорот. За да се разликува старечката наглувост, од другите перцептивни оштетувања на слухот, треба да постојат следниве елементи: старост на пациентот (преку 55 години), негативна анамнеза во врска со други можни оштетувања на слухот, негативен отоскопски наод и перцептивно симетрично оштетување на слухот. Лекувањето на оваа болест не дава резултати зошто не е разјаснето ни прашањето за стареење на нервното ткиво. Основна тенденција во лечењето е да подобри циркулацијата во централниот нервен систем и да се намали развивањето на атеросклеротичните промени. Во таа цел на болните им се даваат вазодилататорни средства кои предизвикуваат дилатација на церебеларните крвни садови.
Од витамините се ординираат витамин А, витамините од Б групата и Е витаминот. Може да се проба со рехабилитација на слухот со слушни апаратчиња, ама кај запуштените случаи се исклучува успехот, затоа што не е оштетена само перцепцијата туку и анализата и синтезата во кората на големиот мозок.
Наводи
уреди- ↑ Online Etymology Dictionary, Presbycousis
Користена литература
уреди- Издавачка куќа: Mладинска куќа-Скопје
- За издавачот: Златко Макаровски
- Уредник: Лавинија Шувака
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |