Прва Шпанска Република

политички режим во Шпанија помеѓу 11 февруари 1873 и 29 декември 1874 година
(Пренасочено од Прва шпанска република)

Првата Шпанска Република бил политички режим кој функционирал во Шпанија со воведување на парлементарно управување во периодот од 11 февруари 1873 и 29 декември 1874 година, кога генералниот Мартинес Кампос дал проглас со кој го означил почетокот на Бурбонската реставрација односно обнова на Шпанија. Републиката била прогласена по абдикцијата на кралот на Шпанија Амадеј I на 10 февруари 1873 година. Така, следниот ден, на 11 февруари Шпанија била прогласена за република со парламентарно мнозинство составено од радикали, демократи и републиканци.

Шпанска република
República Española
1873–1874
Flag of Шпанија
Flag
Coat of arms of Шпанија
Coat of arms
Главен градМадрид
Говорени јазициШпански
Вероисповед
Римокатоличка
УредувањеРепублика
Претседател 
• 1873
Естанислао Фигуерас
• 1873
франсиско Пи
• 1873
Николас Салмерон
• 1873-1874
Емилио Кастелар
• 1874
франсиско Сернано
LegislatureШпански конгрес на пратеници
Историја 
11 февруари 1873 1873
29 декември 1874 1874
ВалутаШпанска пезета
Претходници
Наследници
Средина на 19 век
Шпанска реставрација

Републиканските водачи планирале формирање на федерална република, но по тоа прашање не се изјасниле веднаш, туку тие сакале да формираат т.н. кортеси, односно општини. Радикалите претпочитале и се изјасниле за унитарна држава. Првично, радикалите биле мнозинство во власта, приклучувајќи им се сите оние кои веќе биле прогонети од револуцијата во 1868.

Првиот обид на републиканците во историјата на Шпанија им претставувало едно кратко искуство, кое се одликувало со длабока политичка и социјална нестабилност и насилство. Републиката била управувана од страна на четири одделни претседатели- Естанислао Фигуерас, Франсиско Пи, Николас Салмерон и Емилио Кастелар. По само единаесет месеци бил направен државен удар при кое на власт дошол Франциско Серано.

Во меѓувреме избиле три граѓански војни: трета Карлишка војна, Кантоналната ревојуција и Десетгодишната војна. Најтешките проблеми за консолидација на режимот биле недостатокот на вистински републиканци, односно нивната поделба помеѓу федералисти и унитаристи, и недостатокот на поддршка. Овие војни довеле до слабеење на позициите на републиката.