Петар Дивиќ

српски фудбалер

Петар Дивиќ (роден на 11 јули 1975 година) е поранешен српски професионален фудбалер кој играл на позицијата напаѓач.

Дивиќ со Вашаш во 2009 година

Клупска кариера уреди

Дивиќ играл за клубот на Динамо Панчево во Втората лига на СР Југославија 1994–1995. Бидејќи клубот доживеал испаѓање, тој преминал да игра една сезона во клубот од српската лига Војводина. Веднаш потоа, во летото 1996 година направил трансфер во шпанскиот клуб Толедо.[1] На својот прв натпревар во лигата, Дивиќ постигнал хет-трик во победата од 4:0 на домашен терен над клубот на Еција. Тој, сепак, во продолжение на сезоната успеал да постигне само уште еден гол во Сегунда дивизион 1996–97.

Во летото 1997 година, Дивиќ се вратил во својата татковина и се приклучил на клубот Рад во Првата лига на СР Југославија. Тој не успеал да има влијание во играта со популарните Градежници и веднаш се префрлил во 1998 година, во клубот на ЧСК Челарево во зимскиот преоден рок помагајќи им да се пласираат во Втората лига.

Во летото 1999 година, Дивиќ потпишал со екипата на ОФК Белград. Уживал во успешниот престој во клубот, постанувајќи најдобар стрелец во Првата лига на СР Југославија во сезоната 2000-01. Тој постигнал дури 27 голови.[2] За време на неговите две години и половина со Романтичарите од Белград, Дивиќ постигнал вкупно 56 првенствени голови на 76 натпревари.

Во декември 2001 година, Дивиќ заминал во странство по втор пат и се приклучил на тимот на Унион од Берлин. Тој постигнал седум голови во 18 лигашки натпревари до крајот на сезоната 2001-02. Шест месеци подоцна, Дивиќ бил префрлен во Втората Бундеслига, во клубот на Ајнтрахт од Трир. Таму тој не постигнал ниту еден гол на вкупно 15 првенствени натпревари.

Репрезентација уреди

Петар Дивиќ одиграл два натпревари за СР Југославија, двата во Купот Кирин во 2001 година. Тој првично влегол на натпреварот одигран на 28 јуни како замена на полувремето за Миливое Ќирковиќ во поразот со 0:2 од селекцијата на Парагвај.[3] Шест дена подоцна, на 4 јули, Дивиќ одиграл цели 90 минути за простување со државната репрезентација на Драган Стојковиќ против Репрезентацијата на Јапонија. Тој натпревар завршил со резултатот од 0:1 за селекцијата на Јапонија.[4]

Кариера по играњето уреди

Во Првата српска лига 2016–17, Дивиќ бил назначен за тренер на клубот на ОФК Белград во месец јуни 2017 година, по испаѓањето на клубот во Српската лига на Белград.[5] Тој поднел оставка од функцијата во месец април 2018 година. Подоцна истиот месец, Дивиќ го презел водството во неговиот клуб од родниот град, екипата на Динамо 1945.[6]

Статистика во кариерата уреди

Клуб Сезона Лигашки натпревари
Натпревари Голови
Динамо од Панчево 1994–95
1995–96
Толедо 1996–97 21 4
Рад 1997–98 7 0
ЧСК Челарево 1997–98
1998–99 година
ОФК Белград 1999–2000 година 31 21
2000–01 32 27
2001–02 13 8
Унион Берлин 2001–02 18 7
2002–03 4 0
Ајнтрахт Трир 2002–03 9 0
2003–04 6 0
Смедерево 2004–05 10 1
Динамо од Панчево 2006–07
Вашаш 2007–08 9 2
2008–09 18 7
2009–10 24 5
Вкупно во кариерата 202 82

Признанија уреди

Клубски признанија уреди

ЧСК Челарево
  • Освоена е Српската лига на Војводина: 1997–98

Индивидуални признанија уреди

  • Прва лига на СР Југославија: Најдобар стрелец 2000–01

Наводи уреди

  1. „GooooooooL!!!“ (Serbian). pancevac-online.rs. 7 May 2004. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 21 February 2020.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Tačka od Divića“ (Serbian). glas-javnosti.rs. 21 June 2001. Посетено на 30 November 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. „Poraz iz prekida“ (Serbian). glas-javnosti.rs. 28 June 2001. Посетено на 30 November 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. „Poraz na oproštaju“ (Serbian). glas-javnosti.rs. 4 July 2001. Посетено на 30 November 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. „Bivši golgeter diže OFK Beograd na noge“ (Serbian). mondo.rs. 15 June 2017. Архивирано од изворникот на 2019-07-05. Посетено на 30 November 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „Petar Divić novi trener u FK Dinamo“ (Serbian). pancevo.mojkraj.rs. 25 April 2018. Посетено на 21 February 2020.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски уреди