Прва Филипинска Република
Филипинска Република (шпански: República Filipina), денес позната како Прва Филипинска Република или Малолошка Република ― краткотрајна и непризната држава на Филипини основана во Малолос, Булакан за време на Филипинската револуција против Шпанското Царство (1896–1898). Државата настанала со прогласување на Малолошкиот устав на 22 јануари 1899 година. На чело на републиката застанала револуционерната влада на Филипините и Емилио Агиналдо како претседател.[2] Државата постоела до 1 април 1901 година.
Филипинска Република | |
---|---|
1899–1901 | |
Motto: Libertad, Justicia, y Igualidad (македонски: "Слобода, правда и еднаквост")[се бара извор] | |
Химна: Marcha Nacional Filipina (македонски: "Филипински национален марш") | |
Статус | Непризната држава |
Главен град | Малолос |
Official languages | Шпански |
Вероисповед | Секуларна држава Мнозинство: Римокатолицизам Малцинство: Домородна народна религија, Сунитски ислам |
Демоним(и) | Филипинци |
Уредување | Унитарна парламентарна уставна република (1899) Унитарна парламентарна република со извршно претседателство (1899–1901) (де факто) |
Претседател | |
• 1899–1901 | Емилио Агиналдо (прв) |
• 1901–1902 | Мигел Малвар (последен; неофицијален) |
Legislature | Државно собрание |
Историски период | Филипинско-американска војна |
• Основана | 23 јануари, 1899 |
• Распуштена | 1 април 1901 |
Површина | |
1898[1]Предлошка:Better source needed | Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „,“Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „,“Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „,“ (Грешка во изразот: Неочекуван оператор < sq mi) |
Население | |
• 1898[1] | 7,832,719 |
Валута | Peso |
Историја
уредиВо 1896 година започнала Филипинската револуција против шпанската колонијална власт. Во 1897 година, филипинските револуционери предводени од Агиналдо потпишале примирје со шпанските власти, а Агиналдо и другите водачи на револуцијата биле протерани во Хонгконг. Во април 1898 година избувнала Шпанско-американската војна. Азиската ескадрила на американската морнарица, која во тоа време се наоѓала во Хонгконг, заминала за Филипините за да се пресмета со шпанската морнарица. На 1 мај 1898 година, американската морнарица ѝ нанела одлучувачки пораз на шпанската морнарица во битката кај Манилскиот Залив. Подоцна во месецот, Агиналдо се вратил на Филипините, и на 24 мај 1898 година воспоставил диктаторска влада[3][4] (формално основана со декрет на 18 јуни [5]). На 12 јуни 1898 година, Агиналдо ја објавил Филипинската декларација за независност од Шпанија. На 23 јуни 1898 година, Агиналдо формирал револуционерна влада. На 15 септември, се состанал Малолошкиот конгрес за да се напише устав на државата.[5]
На 10 декември 1898 година, бил потпишан Парискиот мировен договор, со кој завршила Шпанско-американската војна и со кој Филипините ѝ биле доделени на САД.[6]
Уставот напишан од Малолошкиот конгрес бил прогласен на 22 јануари 1899 година, и била создадена Првата Филипинска Република, со Агиналдо како нејзин претседател.[3][5] Претходно, на 1 јануари 1899 година Агиналдо бил избран за претседател на републиката, а бил инаугуриран на 23 јануари. Делови од уставот му давале моќ на Агиналдо да владее со декрет. Уставот бил насловен како „Constitución política“ и бил напишан на шпански.[5][5][7]
Филипинско-американска војна
уредиПо конституирањето на Првата Филипинска Република (22 јануари 1899 година) во Малолос, општината станала седиште на владата на Филипинската Република. На 4 февруари 1899 година, во Манила избувнал вооружен конфликт меѓу вооружените сили на Филипинската Република и американските војски кои го окупирале градот по завршувањето на Шпанско-американската војна.[8] Истиот ден претседателот Агиналдо објавил проглас со кој наредува и заповеда „да се прекинат мирот и пријателските односи со Американците и тие да се третираат како непријатели, во граници пропишани со воените закони“.[9] Борбите брзо ескалирале во Втората битка кај Манила, при што војската на Филипинската Република била протерана од градот.[8]
Американските војски напредувале на север од Манила и на 10 февруари го зазеле Калокан.[10] На 29 март, откако Американците почнале да го загрозуваат Малолос, седиштето на владата се преселило во Сан Исидро, Нова Есиха.[10] На 31 март, американските сили го зазеле Малолос.[8] Емилио Агиналдо и неговата револуционерна влада веќе се преселиле во Сан Исидро, Нова Есиха.[8] Мировните преговори со Американците за време на краткиот прекин на огнот во април-мај 1899 година не биле успешни,[8] а Сан Исидро паднал во рацете на американските сили на 16 мај.[11] Владата на Филипинската Република дотогаш веќе се преселила во Бамбан, Тарлак, а потоа се преселила во градот Тарлак.[8] На 13 ноември американските трупи го окупирале Тарлак, а владата на Агиналдо претходно го напуштила Тарлак, последниот главен град на Филипинската Република.[12]
На 13 ноември, на конференција во Бајамбанг, Пангасинан, Агиналдо одлучил да ја распрсне својата војска и да започне герилска војна. На 2 декември се водела Битката на превојот Тирад со која требало да се успори американскиот напредок и да се обезбеди бегство на Агиналдо. За време на битката, Агиналдо и неговата дружина логорувале во Сервантес, на околу 10. км јужно од превојот. Откако дознал за исходот на битката и за смртта на Дел Пилар, Агиналдо наредил логорот да се уништи и со својата дружина заминал во населбата Кајан.[13]
На 16 декември, Агиналдо заминал за Абра за да ги здружи силите со генералот Мануел Тинио.[10] Патувале пеш преку премин на врвот на планината Полис, а следното утро пристигнале во Амбајуан. Потоа продолжиле кон Банане, а веднаш зад нив биле американските сили. Остатокот од декември 1899 година го поминале во постојано патување.[10]
На 23 март 1900 година, дружината на Агиналдо се наоѓала на границата меѓу покраините Абра и Кагајан. Патувањето од едно место до друго траело до околу 22 мај 1900 година, по што Агиналдо основал нов штаб во Тиера Вирген.[10] На 27 август 1900 година, откако американските сили се истовариле во Апари, Кагајан, Агиналдо заклучил дека не може да го зачува Тиера Вирган како штаб и одлучил да замине за Паланан, Изабела.[10] На 7 декември 1900 година пристигнал во Паланан.[10]
Американските сили го заробиле Агиналдо во Паланан на 23 март 1901 година со помош на домородните извидници.[10] По апсењете, на 1 април 1901 година Агиналдо објавил верност кон САД. Со признавањето на суверенитетот на САД над Филипините Првата Филипинска Република и формално престанала да постои.
Борбите меѓу Американците и остатоците од Филипинската револуционерна армија продолжиле се до предавањето на генералот Мигел Малвар на 16 април 1902 година [14]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 La Dinastía (Barcelona). 29/11/1898, page 3 as returned in search results at the National Library of Spain.
- ↑ Guevara 1972 (English translation by Sulpicio Guevara)
- ↑ 3,0 3,1 Kalaw 1927
- ↑ Titherington 1900
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Guevara 1972
- ↑ Treaty of Peace Between the United States and Spain; December 10, 1898, Yale
- ↑ Tucker 2009
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 Linn 2000a
- ↑ Halstead 1898
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 10,6 10,7 Agoncillo 1997
- ↑ Linn 2000a.
- ↑ Linn 2000b
- ↑ Teodoro A. Agoncillo (1997). Malolos: The Crisis of the Republic. University of the Philippines Press. стр. 454. ISBN 978-971-542-096-9.
- ↑ Presidential Proclamation No. 173 S. 2002
Извори
уреди- Agoncillo, Teodoro A. (1997). Malolos: The Crisis of the Republic. University of the Philippines Press. ISBN 978-971-542-096-9.
- Brands, Henry William (1992), Bound to empire: the United States and the Philippines, Oxford University Press, ISBN 978-0-19-507104-7
- Calit, Harry S. (2003). The Philippines: current issues and historical background. Nova Science Publishers. ISBN 978-1-59033-576-5..
- Doyle, Robert C. (2010). The Enemy in Our Hands: America's Treatment of Enemy Prisoners of War from the Revolution to the War on Terror. University Press of Kentucky. ISBN 978-0-8131-2589-3.
- Duka, C. (2008). Struggle for Freedom' 2008 Ed. Rex Bookstore, Inc. ISBN 978-971-23-5045-0.
- Guevara, Sulpico, уред. (1972). The Laws of the First Philippine Republic (the laws of Malolos) 1898–1899. Ann Arbor, Michigan: University of Michigan Library (објав. 2005). Посетено на March 26, 2008.. (published online 2005, University of Michigan Library)
- Halstead, Murat (1898). The Story of the Philippines and Our New Possessions, Including the Ladrones, Hawaii, Cuba and Porto Rico.
- Kalaw, Maximo Manguiat (1927). The Development of Philippine Politics. Oriental commercial.
- Linn, Brian McAllister (2000a). The Philippine War, 1899–1902. University Press of Kansas. ISBN 978-0-7006-1225-3.
- Linn, Brian McAllister (2000b). The U.S. Army and Counterinsurgency in the Philippine War, 1899-1902. UNC Press Books. ISBN 978-0-8078-4948-4.
- Schultz, Jeffrey D. (2000). Encyclopedia of Minorities in American Politics: African Americans and Asian Americans. Greenwood Publishing Group. ISBN 978-1-57356-148-8.
- Titherington, Richard Handfield (1900). A history of the Spanish–American War of 1898. D. Appleton and Company. (republished by openlibrary.org)
- Tucker, Spencer C. (2009). The Encyclopedia of the Spanish–American and Philippine–American Wars: A Political, Social, and Military History. ABC-CLIO. ISBN 978-1-85109-951-1.
- Zafra, Nicolas (1967). Philippine history through selected sources. Alemar-Phoenix Pub. House.
- The Malolos Republic
- The First Philippine Republic at Malolos
- Project Gutenberg – Panukala sa Pagkakana nang Repúblika nang Pilipinas by Apolinario Mabini