Православна црква во Америка
Православна црква во Америка или ПЦА (англиски: Orthodox Church in America, OCA) — делумно признена како автокефална црква која се наоѓа на петнаесеттото место во православниот свет со ранг на патријаршија. Нејзината јурисдикција се простира во Америка, поточно Северна Америка, а порано и во Австралија. Според еден извор, има 84.900 верници[3]}}[1], а според други, нивниот број е околу еден милион. Црквата ја возглавува митрополитот Тихон (род. Марк Молард).
Православна црква во Америка | |
---|---|
Orthodox Church in America | |
Класификација | православие |
Надлежност | епископска |
Поглавар | Митрополит Тихон |
Епископи | 14[1] |
Парохии | 700[1] |
Манастири | 20[1] |
Јазик | англиски, црковнословенски, шпански, руски, арапски, коински грчки, романски, бугарски, албански, српски |
Богослужба | византиски обред |
Седиште | Њујорк, САД |
Територија | САД, Канада |
Владенија | Мексико, порано Австралија и Јужна Америка |
Основач | Св. Алексеј Вилкс-баревски Св. Герман Алјаски Св. Инокентиј Алјаски |
Признавање | автокефалност признаена од Руската (1970), Бугарската, Грузиската, Полската и Чешко-словачката црква[2] |
Разгранета од | Руска православна црква (1963) |
Одделувања | Антиохиска архиепископија (1924), Американска православна соборна црква (1927) |
Членови | 84.900 |
Мрежно место | oca.org |
Православната црква во Америка во 1970 година добила автокефалност од страна на Руската Православна црква. Денеска, оваа автокефалност е признаена од страна на Руската, Бугарската, Грузиската, Полската и Чешката црква. Од страна на Цариградската, Антиохиската, Александриската, Романската, Ерусалимската, Кипарската, Грчката и Албанската црква, таа не е признаена.
Денеска црквата се смета како составен дел од Руската црква.
Нејзините манастири и цркви се наоѓаат главно на територијата на САД и Канада, иако има неколку кои се наоѓаат во Мексико и Австралија.
Седиштето на црквата се наоѓа во Њујорк, САД. Главниот соборен храм „Св. Никола“ е во Вашингтон.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Krindatch, A. (2011). Atlas of american orthodox christian churches. (p. 68). Brookline, MA: Holy Cross Orthodox Press.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеrecognition
. - ↑ Krindatch, A. (2011). Atlas of american orthodox christian churches. (p. x). Brookline, MA: Holy Cross Orthodox Press
Оваа статија православието е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |