Постол Стоилков Спасов ( 1923 во Вак'в, Кумановско30 декември 1944 во Вак'в, Кумановско) — македонски партизан од ромска националност, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од крајно бедно и безземјишно семејство. По националност бил Ром. Немал можност да се образова и останал неписмен, па самоиницијативно со голема упорност се научил да чита и пишува. Уште од раното детство работел како овчар, момок и аргат на туѓи имоти за да му помогне на своето сиромашно семејство. Бил доста музикален и сето слободно време го користел во свирење, кое подоцна му станало извор за егзистирање. Бил оженет и имал едно дете. На 9 јануари 1944 година стапил во редовите ва НОВ, а потоа и во составот на Седумнаесеттата македонска бригада. Со Бригадата земал учество во нејзините борби сè до ослободувањето на Гнилане. На позициите во борбите против разбиените балистички банди премрзнал и се разболел. Неговите родители на коњ, го превзеле и го однеле во неговиот дом, каде по кратко време ѝ починал на 30 декември 1944 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 52.