Плацента

(Пренасочено од Постелка)

Плацента[1][2], постелка[3][4] или последок[5][6]орган кој го сврзува фетусот во развој за ѕидот на матката, за да се овозможи навлегување на хранливи материи, исфрлање на отпадниот материјал и размена на гасови преку мајчиниот крвоток. Плацентата е дефинирачка одлика на еутеричните или “плацентните” цицачи, но се среќаваат и кај нецицачи со променливи нивоа на развој. Сепак се забележува дека усогласувањето на ваквите структури кај разни живородени организми е дискутабилно и, кај безрбетници како што е Артропода, во најдобар случај е слично.

Зборот плацента доаѓа од Латинскиот збор за торта, од Грчкиот јазик “plakóenta/plakoúnta”, акузатив од “πλακόεις, πλακούς” “рамен, плочест”, во однос на нејзиниот кружен, рамен облик кај луѓето. Класичната множина е плаценти “placentae”, или “placentas” кое повеќе се користи во модерниот Англиски јазик и веројатно има поширока примена во денешно време. Прототериални (оние кои лежат во јајце-клетката) и метатеријалните (двоутробните) цицачи создаваат хориовителна плацента која, додека е сврзана за ѕидот на матката, создава хранливи материи кои воглавно се произведуваат во јајцевидното меурче. Плацентата функционира како фетоматерен орган со две компоненти: фетусна плацента (Хорион Фрондосум), која се развива од истата пробивна циста која го образува фетусот, и мајчината плацента (Децидуа базалис), која се развива од мајчиното ткиво на матката.

Плацента
Плацента на жена веднаш по раѓање, со папочната врвка

Структура

уреди

Кај луѓето, плацентата во просек има должина од 22 см (9 инчи), и дебелина од 2-2,5 см (0,8-1 инчи), во центарот е најдебела, а на краевите е најтенка. Обично тежи околу 500 грама. Има црвеникаво-сина или црвена боја. Се сврзува со фетусот преку папочна врвка од околу 55-60 см (22-24 инчи) во должина, која содржи две папочни артерии и една папочна вена. Папочната врвка се внесува во хорионската облога ( има ексцентрична поврзаност). Крвните садови се прошируваат низ површината на плацентата и понатаму се поделуваат за да создадат мрежа обложена со тенок слој од клетки. Ова резултира со создавање на вилозно разгранети структури. Во мајчиниот канал, овие вилозно разгранени структури се групирани во лобули наречени котиледони. Кај луѓето, плацентата обично има плочест облик, во големината варира значително меѓу различни видови на цицачи.

Развој

уреди

Плацентата започнува да се развива врз основа на всадување на бластоцисти во мајчиниот ендометриум. Надворешниот слој на пробивната цистата станува тропобласт, кој го формира надворешниот слој на плацентата. Одој надворешен слој се поделува на уште два други слоја: главен цитотрофопробивен слој и обложниот цитофопробивен слој. Цитотрофопробивниот слој е мултинуклеиран продолжен слој на клетката кој ја обвива површината на плацентата. Тој се создава како резултат на разликување и соединување на основните цитотрофопробивни клетки, процес кој продолжува низ плаценталниот развој. Цитотрофопробивниот слој (инаку познат како синцициум), придонесува за граничната функција на плацентата. Плацентата расте за време на бременоста. Развојот на мајчиниот крвоток кон плацентата се завршува кон крајот на првото тромесечие од бременоста ( околу 12-13 недели).

Почетните фази на Ембриогенезата

Плацентна циркулација

уреди

Плацентната циркулација на мајката

уреди

Во рамките на вметнување на блатоцистата, ендометриумот на матката се подложува на “децидуализација”.Спиралните артерии во децидуата се преобликуваат, со што тие стануваат помалку згрчени и нивниот пречник се зголемува. Зголемениот пречник и поисправената патека за проток на крвта двете делуваат за да се зголеми протокот на крвта на мајката во плацентата. Релативно високиот крвен притисок како што крвта од мајката го исполнува меѓувилозниот простор низ овие спирални артерии го осипува фетусот со крв, овозможувајќи да се одржи размена на гасови. Кај човековата и други хемохориални плаценти, мајчината крв доаѓа во директен контакт со фетусниот хорион, иако нема размена на течности. Како што се намалува притисокот помеѓу пулсирањата, деоксигенираната крв тече назад низ ендометријалните вени. Протокот на мајчината крв е околу 600-700 мл/мин за време на бременоста.

Фетоплацентална циркулација

уреди

Деоксигенираната крв на фетусот поминува низ папочните артерии на плацентата. На вкрстувањето на папочната врвка и плацентата, папочните артерии брзо се разгрануваат за да формираат хорионски артерии. Хорионските артерии пак се разгрануваат во котиледоните артерии. Кај фетусот, овие крвни садови накрај се разгрануваат за да формираат обемен артерио-капиларен-венозен систем, кој ќе ја носи фетусната крв многу близу до мајчината крв; но не доаѓа до мешање на крвта од фетусот и од мајката (“плацентна граница”). Ендотелините и простаноидите предизвикуваат вазоконстрикција во плаценталните артерии, додека има вазодилатација на азотен оксид. Од друга страна, нема нервно васкуларна регулација, и катехоламините имаат само мал ефект.

Функции

уреди

Исхрана- Перфузија на меѓувилозните делови на плацентата со мајчина крв овозможува пренос на хранливи материи и кислород од мајката до фетусот и пренос на отпаден материјал и јаглерод диоксид назад од фетусот до мајчиниот крвоток. Преносот на хранливи материи до фетусот се случува и преку активен и преку пасивен пренос. Активниот пренос овозможува распоредување на значително различни згустнувања на крвната плазма на различни големи молекули , и на мајчиниот и на фетусниот дел од плацентната граница. Негативни ситуации во бременоста, како што се оние кои вклучуваат шеќерна болест или дебелина кај мајката, може да ги зголемат или намалат нивоата на пренесувањата на хранливи материи во плацентата што резултира со прекумерен или забавен раст на фетусот. Отпаден материјал: Изметот кој се исфрла од фетусот како што се мочта,мочната киселина, и креатинин се префрлаат по пат на дифузија во мајчината крв низ плацентата.

Имунитет

уреди

Антителата ИгГ може да поминат низ човековата плацента, а со тоа обезбедуваат заштита на фетусот во матката. Овој пренос на антитела започнува во почетокот на 20та недела од бременоста, до 24та недела. Овој пасивен имунитет се задржува неколку месеци после раѓањето, со тоа му обезбедува на новороденчето копија од досегашниот имунитет на мајката за да се види детето во клучните први месеци од постоутробниот живот. ИгМ сепак не може да ја премине плацентата, која е причина за многу инфекции стекнати во бременоста, да бидат опасни за фетусот. Понатаму, плацентата функционира како селективна мајчино-фетусна граница против пренесувањето на микроби. Сепак, недостатоци во оваа функција сè уште може да предизвика пренос на заразни болести од мајката кон детето.

Ендокрина функција

уреди

Кај луѓето, покрај тоа што служи како канал за пренос на кислород и хранливи материи за фетусот, плацентата лачи, од синцицијалниот слој на хорионски ресички, хормони кои се важни во текот на бременоста. Човековиот Хорионски Гонадотропин (ЧХГ) е првиот плацентен хормон кој се создава, може да биде присутен во мајчината крв и урина уште од првите пропуштени менструални циклуси(набрзу откако се случило спроведувањето) до 100 ти ден од бременоста. Овој хормон се анализира преку тест за утврдување на бременост. Пред или после овој период може да се добие лажен негативен резултат преку тест за бременост. Женскиот крвен серум ќе биде целосно негативен за чХГ од една до две недели по раѓањето. Тест За чХГ е доказ дали цело плацентно ткиво е извадено. чХГ го има само за време на бременост,бидејќи се излачува само од плацентата. чХГ исто така обезбедува продолжено лачење на естроген и прогестерон од страна на “корпус лутеум”. Прогестеронот е многу важен за време на бременоста бидејќи, кога се намалува неговото лачење,ендометријалната мембранасе отпушта и доведува до загуба на плодот. чХГ ја потиснува мајчината имунолошка реакција, и на тој начин плацентата не се отфрла. Човеков [[Плацентен Лактоген (ЧПЛ [Човеков Хорионски Соматомамотропин])]] е лактоген хормон со својства кои го потпомагаат развитокот. Го поттикнува развојот на млечната жлезда за подготовување на мајчиното доење. Исто така ја регулира млечната гликоза, белковините, и нивоата на масти, за да бидат секогаш достапни за фетусот. Естрогенот се наведува како “женски хормон” бидејќи го поттикнува развојот на споредните сексуални одлики кај жената. Придонесува за развој на млечните жлезди кај жените во подготвување за период на доење и го поттикнува растот на маткта за да се приспособи за фетусот кој се развива. Прогестерон е неопходен за да ја одржи ендометријалната мембрана на матката за време на бременоста. Овој хормон го спречува предвременото породување преку намалување на миометријалната контракција. Нивоата на прогестерон за време на бременост се високи.

Раѓање

уреди
 
Плацента после раѓањето

Исфрлање на плацентата започнува како физиолошко одвојување од ѕидот на матката. Периодот по самото раѓање на детето до периодот на исфрлувањето на плацентата се нарекува “трета фаза на породувањето”. Плацентата се изфрла во рок од 15-20 минути после породувањето. Исфрлање на плацентата може да се одвива активно, на пример со давање на окситоцин преку меќумускулна инјекција проследена со врвка која се извлекува за да помогне во исфрлувањето на плацентата. На друг начин, може да се одвива со очекување, да се исфрли плацентата сама по себе, без медицинска помош. Една студија врз основа на податоци Кохран вели дека загубата на крв и ризикот од постпартално крварење ќе се намали кај жените понудени со активно регулирање на третиот стадиум од бременоста. По навика папочната врвка се сече веднаш по раѓањето, но наводно не постои медицинска причина да се стори тоа. Наспроти тоа, постои теорија која тврди дека несечењето на папочната врвка му помага на бебето при приспособувањето кон постматеричниот период, особено кај предвремено родените деца.

Наводи

уреди