Последниот круг во Монца

„Последниот круг во Монца“ (српскохрватски: Последњи круг у Монци) — југословенски филм од 1989 година, во режија на Аца Бошковиќ. Главните улоги ги играат: Драган Николиќ, Весна Станојевиќ, Предраг Ејдус, Оливера Марковиќ и Данило Бата Стојковиќ.[1]

Синопсис

уреди

Филмот претставува приказна за еден криминалец, Урош, наречен Урке, кој минува седум години в затвор поради грабеж. Тој е вечен бунтовник, незадоволен од системот и од луѓето кои го опкружуваат, човек кој ја бара својата правда. Како член на белградската мафија, по еден неуспешен грабеж, Урке е предаден и повторно завршува в затвор. Сепак, успева да избега, а потоа мора да ја напушти земјата, заедно со двете личности кои единствено го сакаат: мајка му и девојката. Заминува во Италија, каде се одмаздува за предавството по што станува шеф на сите југословенски мафијаши во Италија. Така, најпосле, Урке доаѓа до слава и богатство, но не и до љубов. Откако завршува една голема работа на трката во Монца, тој, сепак, нема да го види последниот круг на трката.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди