Портал:Уметност/Одбрана статија/август, 2007
Битлс се веројатно највлијателната и најуспешната музичка група од рок ерата. Малку музичари од било кој правец, во било која ера, ја постигнале Битлс-комбинацијата на популарност, признание од критичарите и широко културно влијание.
„Битлс“, во текот на целото свое постоење (со исклучок на раниот период) ја имаат постојаната постава: Џон Ленон (ритам гитара/клавијатура), Пол Мекартни (бас/пијано/гитари), Џорџ Харисон (главна гитара/ситар) и Ринго Стар (тапани), сите од Мерзисајд во Ливерпул, Англија, Велика Британија. Иако Ленон и Мекартни се главните текстописци и композитори во текот на целото постоење на групата, Харисон и Стар во голема мера придонесуваат кон созревањето на нејзниот стил. Речиси сите снимки на „Битлс“ биле продуцирани од страна на Џорџ Мартин.
Во 2004 година, списанието Rolling Stone ги става „Битлси“ на првото место на својата листа на 100 најголеми на сите времиња. Според истото списание, музиката на Битлси ги дефинира 1960-тите и нивното влијание врз поп-културата може да се почувствува и денес.