Портал:Социологија/Избрана биографија
Огист Конт (француски:Auguste Comte) (19 јануари 1798 - 5 септември 1857) бил француски математичар, философ и мислител кој прв го употребил зборот социологија. Тој е основач на позитивимот, правец во философијата кој го зема искуството како основа на знаењето. Тој бил и првиот кој го употребил научниот метод за опишување на општествата.
Огист Конт се родил во Монпелје. Се запишал на студии за политехника во Париз кој во тоа време бил еден од најпрестижните и познат по приврзаноста кон идеалите на републиката и нејзиниот прогрес. Но, во 1816 училиштето било затворено поради реорганизација, па Конт се запишал на медицина во Монпелје, а кога политехничкото училиште повторно било отворено, тој не барал нов прием. Прочитајте повеќе