Портал:Религија/Избрана личност/2009/јануари
Мухамед — арапски религиозен и политички пророк во Исламот.
Роден е на 12 април 570 година во околината на Мека, денешна Саудиска Арабија. Неговиот татко починал неколку месеци пред тој да се роди. Како мал живеел надвор од градот, односно во пустина каков што бил и обичајот во Арабија. Кога наполнил шест години, починала мајка му, а по две години и дедо му. По нивната смрт, тој живеел заедно кај неговиот чичко. Заедно со него, повеќе пати бил по работа во Сирија каде се среќавал со христијански монаси и службеници. На дваесет годишна возраст стапил во брак со Хатиџа, која била ќерка на богат трговец и околу десет години постара од него. Во бракот, Мухамед се ослободил од материјалните должности. Прочитајте повеќе