Портал:Регион Македонија/Република Македонија
На 8-ми септември 1991 година на референдум македонскиот народ одлучува Македонија да стане самостојна и суверена држава, независна од тогашната Југословенска федерација. Денес Република Македонија е држава со парламентарна демократија со главен град Скопје. Република Македонија е само дел од етничка Македонија, и опфаќа околу 38% од нејзината територија. На исток граничи со Бугарија, на север со Србија, на запад со Албанија, и на југ со Грција. Должината на границите изнесува 766 km. Република Македонија има Статус на Кандидат за земја членка на Европската Унија и треба да отпочне преговори за полноправно членство во Унијата. Државата е признаена под нејзиното уставно име од 114 земји членки на ОН меѓу кои и постојаните членки на Советот за безбедност: САД, Кина, Русија; членките на ЕУ: Полска, Словенија и Бугарија; а од соседството: Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Турција. Поради притисоци на Република Грција (политички, економски, културни, ...), државата е примена во Обединетите Нации под привремената референца.
Повеќе информации на порталот за Република Македонија.