Портал:Политика/Архива на избрани статии
Архива на избрани статии на порталот Политика.
Актуелна избрана статија
уреди2007.07.12 - 2007.
Политички спектар, политичка ориентација или политички компас е дводимензионален модел со две оски на коишто можеме да ги организираме политичките идеи на повеќе рамништа. Ова е најновиот начин за разграничување на политичките идеи, зашто оригиналниот француски систем со една оска (левица наспроти десница), што бил во широка примена со векови, се покажал недоволно прецизен.
Терминот политички компас води потекло од мрежното место политички компас којшто ги прати програмите на разни политички партии и изјавите на главните претставници на партиите и врз основа на тоа ги распределува партиите по две оски, и тоа по економска (левица - десница) и општествена (либерално - авторитативно).
Главниот принцип на којшто се заснова политичкиот компас е тоа што политичките гледишта можат да бидат поделени на две независни оски. Економската (левица - десница) оска одредува нечие мислење околу тоа како би требало да се води економијата: „левицата“ е дефинирана како поглед дека економијата треба да води кооперативно колективно тело (најчесто држава, но може да се гледа на неа и како комуна), додека „десницата“ е дефинирана како поглед на економијата како систем од конурентски поединци и организации. Другата оска се обидува да разграничи нечии погледи кон општеството и нивото на поединечната слобода дозволена во општеството: „либерализмот“ го претставува убедувањето дека личните слободи треба да бидат зголемени до максимумот, додека „авторитаризмот“ е дефиниран како верување дека авторитетот и традицијата мораат да бидат почитувани пред личните слободи.