Портал:Отоманско Царство/Избрана статија

Историја на Отомански Цариград — периодот од заземањето на Цариград од страна на Османлиите на 29 мај 1453 година до распаѓањето на Отоманското Царство во 1922 и поставувањето на главниот град на Турција да биде во Анкара на 13 октомври 1923 година.

Скоро пет века Цариград бил главен град на големата држава која опстојувала како резултат на освојувањата на турските султани. Некогашниот антички град на бреговите на Босфор повторно се претворил во политички и економски центар од глобално значење. Цариград постепено ја вратил својата стара слава од пред Крстоносните војни и многу бргу станал голем трговски центар. Како една од главните причини за овој голем подем на градот била стратешката географска положба како мост меѓу Азија и Европа.