Портал:Општество/Избрана биографија
Роза Луксембург (5 март 1870 - 15 јануари 1919) е познат марксистички теоретичар и политичар. Била една од главните теоретичари на Социјалдемократската партија на Германија и една од водечките личности на левото крило на социјалдемократијата во меѓународни рамки. Голем противник на Првата светска војна и на политиката на германската социјалдемократија, Роза Луксембург заедно со Карл Либкнехт го има основано т.н. „Спартаковиот сојуз“. Поради своите антивоени ставови била затворена од страна на германската влада. По избувнувањето на револуцијата во Германија во ноември 1918 била ослободена од затвор и се зафатила со обединување на левоориентираните социјалдемократски групи во Комунистичката партија на Германија. По неуспешните демонстрации од јануари 1919, Роза Луксембург заедно со Карл Либкнехт била заробена од десничарските „Слободни трупи“ и набрзо била убиена. Прочитајте повеќе