Океанија (понекогаш Океаника) е географски, често геополитички регион што се состои од повеќе земји - најчесто острови и најчесто ја вклучува Австралија во Тихиот Океан и околината. Точниот обем на Океанија се дефинира различно, со тоа што нормално во неа се вбројуваат Австралија, Нов Зеланд, Нова Гвинеја и различни острови од Малајскиот Архипелаг. Терминот исто така се користи од повеќе автори за да се означи еден од континентите. Терминот „Океанија“ прв го употребил францускиот истражувач Жил Думонт Д'Урвиј уште во 1831 година. Прочитајте повеќе