Портал:Монголија/Избрана статија
Улан Батор (монголски: Улаанбаатар) е главниот и најголемиот град во Монголија. Градот е независна општина и не е дел од ниту една провинција на Монголија и неговото население изнесува околу 1 милион луѓе според пописот во 2008 година. Градот е основан во 1639 година како будистички манастирски центар и во 20 век израсна во главен производствен центар дефинирајќи се по своите широки булевари и плоштади. (Повеќе)